Македонски легенди

Крсте Црвенковски

krste-crvenkovski

krste-crvenkovskiКрсте Трајков Црвенковски (Прилеп, 16. VII 1921 – Скопjе, 21. VII 2001) – македонски револуционерен деец, учесник и организатор на антифашистичката и национална борба на македонскиот народ, врвен македонски политичар и дисидент. Во комунистичкото движење се вклучил уште како гимназијалец, станувајќи член на СКОЈ во 1935 година. За време на Втората светска војна, учествувал во нападот на участакот во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Бил партиски комесар на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и заменик комесар на Првата македонско-косовска бригада во 1944 година. Во меѓувреме го издавал весникот „Братство“ во Гостивар, а по предавството бил уапсен и затверен во Тирана од каде избегал во 1943 година. Крсте Црвенковски користел повеќе псевдоними како: Стево, Jанко, Богумилски. По Ослободувањето извршувал високи политички и државни функции во Републиката и Федерацијата. Поради барањето за поголема самостојност на републиките во СФРЈ, дошол во судир со официјалната политика и во 1974 г. бил разрешен од сите функции и пензиониран. Носител е на повеќе одликувања меѓу кои: орден Народен херој и на Партизанска споменица 1941.

Крсте Црвенковски е роден на 16 јули 1921 година во Прилеп, во семјство на занаетчии. Во родното место завршил основно училиште и гимназија. Уште на самиот почеток на своето гимназиско образование, извесно време работи во тутунскиот монопол во Прилеп, каде контактирал со истомисленици и ги формира релативно рано своите политички ставови.  Во 1935 година, примен е во Сојузот на кумунистичката младина на Југославија (СКОЈ).  Со 14 години, почнал да ја шири партиската идеологија меѓу гимназијалците, формирајќи читалишта. Во 1939 година бил примен во КПЈ и во Месниот партиски комитет во Прилеп.

По завршувањето на гимназијата во 1939 година, Крсте се запишал на Филозовскиот факултет во Скопје, а по налог на партијата работел со партиската техника. Во октомври месец по курир испратил илегален партиски материјал за Месниот комитет во Прилеп. Предаден од курирот кој бил фатен на пат кон Прилеп, Крсте бил изложен на полоцискиот прогон и преминал во илегала.

Веднаш по фашистичка окупацијата на Југославија се вклучува во подготовките на оруженото востание и станува политички комесар на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“.  Со одредот  учествувал во нападот на участокот во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Истата година во село Царевиќ, Прилепско, Крсте Црвенковски ќе го одржи првиот партизански митинг во Македонија,  на кој ќе ја објави Платформата на Народноослободителната борба.

Кога одредот бил расформиран, извесен период бил илегалец во Скопје, а потоа бил упатен на работа во Западна Македонија, која била под италијанска окупација.  Бил поставен за секретар на Окружниот комитет на Кумунистичката партија во Тетово, а во илегалната партиска техника го издавал весникот „Братство“ и други партиски пропагандни материјали. Во септември 1942 година, по предавство извршено во Гостивар, уапсен е од италијанската полиција и откако не успеваат да извлечат основни информации за него, бил одведен во затворот во Тирана.

По два неуспешни обиди, Црвенковски успеал да избега со 27 затвореници низ ископан подземен тунел, во април 1943 година. На почетокот се приклучил на еден албански партизански одред, а потоа се префрлил во Западна Македонија. Повторно бил активиран на истиот терен како секретар на првиот Областен комитет на КПМ. По капитулацијата на Италија (8.IX.1943) бил поставен за организационен секретар на СКОЈ за Македонија. Во декември истата година, во својство на член на ПК на СКОЈ, раководол со Основачкот прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ) во Фуштани. Избран е за секретар а подоцна и претседател. Во февруар 1944 година учествувал во богомилскиот поход,  а неколку месци подоцна бил поставен на местото заменик политички комесар на Првата Македонска бригада.

По ослободувањето, Црвенковски вршел високи политички и државни функции во Републиката и во Федерацијата меѓу кои: член и претседател на Владата на НР Македонија, министер за образование и култура во Владата на СФРЈ, пратеник во Сојузната скупштина и Собранието на Македонија, политички секретар на ЦК на КПМ, член на Извршното биро на ЦК на СКЈ и потпретседател на Претседателството на СФРЈ од 1971 до 1974 година.

За член на Централниот комитет на КП Македонија бил избран на Првиот конгрес на КПМ во јануари 1948 година, а во 1951 година е избран за организациски секретар. Во 1958 е избран за сојузен секретар за просвета и култура во тогашната сојузна влада. Бил член на Бирото на ЦК на СК Македонија и оргазнизациски секретар на ЦК СК Македонија од јули 1963 до март 1969 година..

На Осмиот конгрес на СК Југославија, одржан од 7 до 13 декември 1964 година бил избран во Извршниот комитет на СК Југославија, а во јуни 1966 година бил именуван за претседател на Комисијата за испитување на работата на државната безбедност со која раководел Александар Ранковиќ. Комисијата била формирана со цел да се острани преголемата моќ на Ранковиќ која му ја обезбедувала тајната полиција. Со отстранувањето на Ранковиќ од раководната функција во 1966 година, доаѓа до либерализација во Југославија.

Непосредно по сменувањето на Ранковиќ, се создадле поволни услови за обновување на Македонската афтокефална православна црква како самостојна. Во пролета 1967 година  се одржала средба на високи државнопартиски функционери од Македонија и Србија, како и преставници на федерално ниво. На состанокот на кој присуствувале Петар Стамболиќ, Драги Стаменковиќ, Вељко Влаховиќ, Едвард Кардељ и Михајло Тодоровиќ, а од македонска страна Крсте Црвенковски и Никола Минчев, и покрај одредени резерви кои ги искажале српските преставници, било едногласно решено да се поддржи создавањето (обнувувањето) на самостојна афтокефална Македонска православна црква.

Во пролета 1969 година, повторно бил повикан на работа во Белград, во новоформираното Извршно биро на ЦК на СКЈ. Во овој период Црвенковски станува член на Претседателството на СФРЈ, а во периодот јуни 1971 – јуни 1972 е и потпретседател на Претседателството. За разлика од другите македонски политичари од тоа време, Црвенковски за време на својот мандат се залага за поголемо самостојност на републиките и почитување на Македонија во рамките на Југословенската федерација. Во овој период тој им дава подршка на предводниците на Хрватската пролет и се судира со официјалната политика на СФРЈ по што бил одбележен како дисидент.

Во периодот на пресметката на Централното југословенско раководство со „либералите“, како главен носител на либерализацијата во Македонија, Црвенковски ќе биде една од главните жртви. Македонското државно раководство, на затворен состанок одржан во декември 1972 година, остро ќе го критикув Црвенковски за искажаните ставови. На седница на ЦК СКМ, одржана во јануари 1973 година, под притисок Црвенковки ќе ретерира и ќе биде самокритичен на своите ставови, по што ќе му биде дозволено да го заврши својот мандат на местото член на Претседателството на СФРЈ. По завршувањето на мандатот во мај 1974 година, Црвенковски како политички неподобен ќе биде целосно маргинализиран, разрешен од сите функции во Федерацијата или во Републиката и пензиониран и до распадот на Југославија нема да врши никаква јавна функција.

Крсте Црвенковски кој бил во највисоките политичко партиски и државни функции, политички и припаѓал на помладата политичка елита која била реформаторски и демократски настроена. Во времето на партиското едноумие, со либерални ставови тој го отвори прашањето на демократски дијалог. Наместо воспоставената комунистичка догма, Црвенковски понуди аргументи и нов поинаков поглед на националното прашање и репавање на економските проблеми. Тоа беа погледи на поинаков модел на државното и општественото уредување. Тоа беа погледи кој ги подоцна ги отворија процесите на граѓанската демократија, а кои се случија во деведесетите години.

На почетокот деведесетите години, кога едноумието почнува да се заменува со повеќепартискиот плурализам, заедно со Славко Милосавлевски станува дел од Иницијативниот одбор за формирање на Социјалдемократската партија на Македонија, но набрзо се повлекува уште пред да биде формирана партијата.

Остатокот од животот го поминува, пишувајќи мемоарски записи. Како публицист и аналитичар на политичкото и националното движење во Македонија ќе објави повеќе дела: „Проблеми на реформата на универзитетот“ (1959, на српскохрватски јазик); Сојузот на комунистите на Македонија и демократизацијата на општеството“ (1971); „Во одбрана на македонската кауза“ (1989); „Подводни гребени на политиката: разговори со Крсте Црвенковски“ (1993) „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ (заедно со Славко Милосавлевски) (1996); „На браникот на македонската самобитност: материјали од политичките разговори за македонското прашање“ (1999) и „Заробена вистина“ (објавена постхумно, 2003).

Умира на 21 јули 2001 година во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941 и на фруги одликувања. Одликуван е со орден Народен херој на 27 ноември 1953 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top