Среда, 02 Март 2011   
Драшко Антов - успешен автор во Германија!

drasko-antov

- Сценарија од гастарбајтерските активности на Македонците за германската телевизија и радио,

- Хуморески, сатирични сцени и афоризми прифатен од германски издавачи.

- Посебни книги за Македонија,

Г. Мане Јаковлевски, откако му соопштив добри вести за моите твореечки активности, ме замоли да напишам нешто за тоа, што ми причини големо задовлоство. Посебно затоа што тој, како лидер на "Задкраничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Германија и некогашен сопственик на ресторанот "Ново Скопје"во Берлин, претставуваше главна личност во моите известувања, како преку германското радио, така и преку македонските медиуми, затоа што соработувавме за иста цел: сплотување на нашите сограѓани, заштита на Македонија, популаризирање на ВМРО-ДПМНЕ и организирање масовни демонстрации за Македонија во европската дијаспора.

По објавувањето на мојата книга "Независна Македонија во германските медиуми", следуваа други книги кои чекаат објавување во РМ:

"35 г. известување од Германија за македонските медиуми",  "На што се смееја Германците за војната во Македонија - карикатури", "Борис Трајковски во германските медиуми", "Германските медиуми за Македонците во СРГ од 1952 г.наваму",  "Германските медиуми за македонската култура",  "Германските медиуми за македонските политичари", „Германски медиуми за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ", потоа следуваат книги од животот на нашите лушѓе во СРГ:  "Како станав гастарбајтер" - афоризми, "Не сум гастарбајтер а р‘мбам во ЕУ" - афоризми, "Повеќе за живите и за мртвите" - афоризми, "Не сум терорист ако имам мала секс-бомба" - афоризми,  "Дајте ми збор, предолго молчам" - афоризми, "Гастарбајтери - гласајте за мене" - афоризми и други.

Досега во Германија објавив: туристичка книга за Македонија", на посебните конкурски од издавачки куќи ми ги откупија и наградија напишаните творби на германски јазик – радио драмата "Странец, ние се познаваме" и  скечот "Зборување на два јазика", којшто стана најпопуларен во СРГ и Данска, каде е објавен во книгата "Германско чудо"  поместен како единствен Македонец меѓу познатите  писатели Максим Горки, Фасбиндер, Брехт, Хајнрих Бел и други, скеч којшто се објавува и употребува секаде каде е во прашање знаењето и употребата на германскиот јазик. Скеч наградуван и добитник на јавен конкурс во СРГ. За жал, во македонската јавност нема ниту збор кажано или напишано за овие успеси на еден македонски новинар и активист. Сеедно.

По одредени разговори во Скопје со мои некогашни колеги, дојдов до закључок, дека натамошниот успех ќе биде ако ги објавувам моите дела во Германија, Австрија и Швајцарија. Затоа посетив повеќе познати и помалку познати издавачи, од кои, некои, не само што искажаа готовност да ги публицираат моите литерарни творби, туку и прифатија одредени идеи. Така, една издавачка куќа од Австрија го прифати предлогот за издавање информативно гласило за своите активности, и првиот број излезе овој месец. Друга издавачка куќа од Минхен прифати не само да ги издаде сите мои 2.000 афоризми (пишувани на германски) туку и ако сакам да бидат објавени двојазично: на македонски и германски.  Готов е романот за деца (на германски)  со содржина која што може да се филмува "Учениците од В б и дететто од галаскијата 24".  Така, сега повеќе хуморески, скечеви и афоризми (делумно снимени за втората тв-програма во СРГ), како и радио драми,  ќе бидат објавени во Германија и пласирани во сите три земји: Австрија, Швајцарија и Германија.

Со позната германска телевизија постигнав согласнот за подготвување на две сценарија за животот на гастарбајтерите  во оваа земја, на сатиричен начин, но и хумористичен крими и други содржини од Македонија.

И последно што подготвувам е издавање списание за македонскиот туризам и кулинарстсво на германски за овдешните интересенти.

Правам напори за збратимување на карневалските градови Струмица и Вевчани, како и на музичко поле. Градот Диселдорф, на пример, е заинтересиран за тоа.

Ете, накусо, за моите активности, кои имаат за цел популаризирање на мојата татковина Македонија на литерарен и новинарски начин.

Би било добро ако заинтереисраните лица дадат подршка за побрза реализација на некои проекти Драшко АНТОВ

Драшко АНТОВ

Биографски елементи:

Македонскиот новинар, автор и издавач Драшко Антов, од Диселдорф, СРГ, е единствениот Македонец којшто е претставен со свој труд во документарната книга и прирачник за учениците и студентите во Данска којшто сакаат да учат германски и дознаат повеќе за земјата. Книгата е насловена како "Германско чудо" и подготвена од тројца дански автори. Таа има околу 300 страници, се во боја, со тврди корици, и поделна  на неколку поглавја: земјата и јазикот, Природа и околина, идентитет и менталитет, образование и воспитување, работа и стопанство, големи градови и модерно, спорт и политика. Меѓу познатите автори, како Брехт, Горки, Фасбиндер,Бел, Гете, Фриш, Ленц, Кестнер, помесетен е драмскиот текст на нашиот истакнат новинар и издавач Драшко Антов. Тој доби понуда за други текстови како и оддржување предавање како странците можат најлесно да го научат германскиот јазик.

Ова книга укажува дека сепак постојат Македонци кои можат да конкурираат на познати автори со современи текство на современи теми. Ова е не само негов личен упспех, туку и на Македонија, којашто треба да се гордее дека има таков свој сограѓанин.

Инаку, Драшко Антов е роден во Скопје, каде студира германсистика, а новинарство и фотографија во Лондон и Кембриџ, Велика Британија.

Најголемиот дел од животот и работниот век го поминува во Германија, следејчи ги животот и работата на нашите граѓани (гастарбајтери), и се разбира, политичкиот и економскиот развој на земјата. Во 1969 г. е основоположник на емисијата на македонски јазик на Радио Дојче Веле, а подоцна и на радио Вестдојчер рундфунк-Келн. Воведува македонски емисии при локалните радиостаници во Вупертал, Дуизбург и Берлин. Еден од со-основачите на музичката двојазична емисија "од Босфорот до Гибралтарот" при Вестдојчер Рундфунк во Келн,во која најмногу ги претставуваше македонските музички фестивали Валандово и Макфест, како и пејачките асови од народната и забавната музичка естрада. Уредува македонска страница во дневниот хрватски весник "Вјесник", за информирање на Македонците во Европа, прв југословенски весник што се печати во СРГ.

Во "Нова Македонија" ги објавува подлистоците на германската влада "СРГ се претставува", први од таков вид ввоопшто во македонските медиуми. Основач и двигател е на весниците "Вечер", "Македонија во светот" и повторно "Вечер".

Во Германија ја издава во 1986 г. туристичката книга "Југославија" при издавачката куќа "Хајит" во Келн, пишува радио и ТВ -драми, скечеви, афоризми - на германски, од кои најголем дел се емитувани на ЦДФ (втората германска тв- програма) и ја издава книгата "Гастарбајтери каде сте" на македонски и германски. Радиодрамата "Ние се познаваме", која за тема го има животот на нашинците во СРГ, е печатена во книгата на ДТВ бр. 1770 под наслов "Како странец во Германија", и истата е емитувана на германската аапрограма на Радио Дојче Веле во Келн. Афоризмите се објавувани во германски списанија, хрватски, српски, македонски. Добитник е на наградата во Франкфурт за афоризмите, како и наградата на Здружението на македонските новинари за новинарската активност во СГ, како дописник на НИП "Нова Македонија" - 35 години.

Член е на Друштвата на германските новинари и на германските писатели.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.