Среда, 25 Август 2010   
Штетни југословенско-комунистички влијанија врз македонската диаспора
kongres-na-makedonskite-komunisti
Во самите почетоци на помасовното емигрирање на македонците, нарочно од републиката, во земјите на западната хемисвера, на пример во германскиот демократски Берлин, кој беше еден од поголемите западноевропски центри, каде во ресторанот 'Ново Скопје', раководено од македонските браќа Гојко и Мане Јаковлески, се состануваа и групираа македонските патриоти. Таму се собираа најпознатите Македонци од Европа, кои најповеќе допринесоа за создавањето на Движене за Обединување и Ослободување на Македонија (ДООМ), со своето патриотско популарно списание „Македонска Нација“. Првенствено мегу нив беше Драган Богдановски и Миле Илиевски од Шветска и други видни патриоти. Од таму и од таквите центри од диаспората, финалните желби на македонските патриоти се остварија со доведувањето на плуризмот во републиката, со создавање на 'ВМРО-ДПМНЕ', во големите патриотски центри во диаспората и во градовите на денешна Република Македонија.

Такви собиралишта на македонците, во другите континенти, имаа свои карактеристичности и различности во начинот на собирање, а донекаде и на активностите, било да беа полутајни или тајни.

Едно од нив беше собиралиштето на македонските таксисти, во Перт Задна Австралија , кои по потреба ги менуваа локалитетите, обично по рестораните-паповите, каде не навратуваа македонците , кои беа под југословенски и грчки влијанија. Но, главните состаноци се одвиваа и во нивните приватни живеалишта. Тоа беше превентива за посигурни договарања, кои ги наложуваше Македонското движење во диаспората.Тие таксисти беа пред се од радководството на ТНМРО и нејзините супортери, кои беа едни од организаторите на историјските патриоски активности, во диаспората. Како илустрација на нивното единство, што беше една од остварените јавни патриотски задачи, со масовно вклучување на македонските иселеници од и со помош на нив, што беше организираната демонстрацијата на македонците од З.Австралија, пред грчкиот Конзул во Перт, на 1 Јули 1990 година.

Тие таксисти, околу 20-тмина, со своите такси возила, возејки еден по еден, по главната улица 'Свети Горги', пред грчкиот Конзул, кочејки го саобракајот,со масовно свирење, како сирени, го означуваа крајот на македонската демонстрација, која се солидаризираше со предходно одржаната демонстрација во републиката. Во тоа време, беше организирана демонстрација со блокада на тогашната југословенска - грчка граница, со цел признавање на основните човекови права на македонците, а организирана од СМК и Тодор Петров, близу граничниот премин, во местото Богородица, близу до Богданци и Гевгелија.

Не само демонстрацијата, тука се набројуваат и остварените задачи на патриотската диаспора, на Запарна Австралија, како што беа:

• Македонска средба-Пикник 1987 година, на која за прв и последен пат, досега се собраа, побратуваа и веселеа, повеке од 1200 македонци, со за прв пат употребата на македонската химна, а не на југословенската или бугарската или грчката во дијаспората;
• Илинденското дефиле на Кингс Парк, кое стана традиционално и се одржува до денешни дни;
• Оформувањето на Поткомитетот за Македонски Човекови Права на Западна Австралија, со своето списание 'Македонски Патриотски Билтен';
• Организирањето на Втората Конференција на австралијските општини во чив склоп се одржа и Прва Конференција на Поткомитетите за МПЦ од Австралија;
• Основањето на задграничен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Перт, Западна Австралија, како и други приоритетни задачи од патриотските активности.

Покрај активистите во Западна Австралија, како што беа: Јанко Томов и покојните Крсто Шкодров и Михаил Шариновски-Солунски (бивш претседател на ДООМ и уредник на 'Македонска Нација' во Австралија), беа и Џон Караџов, претседател на Поткомитетот на МЦП, Јоте Ќандовски, секретар на Австралијско Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП), Крис Ангелков, поранешен Претседател на АМКЦП и поранешен претседател на Македонската општина на Перт, а денес и претседател на Македонскиот Совет за Запарна Австралија. Тука се и други видни активисти, како што беа Крис Стојчев, Миле Милевски, Милцо Поповски, Маноли Станишев, Гоце Таневски, Марко И Драган Спирковски и денешниот почесен Конзул на Република Македонија, за Западна Австралија, Зоран Ќосески.

Зоран Ќосески иако званично го прикажуваа за просоцијалист, сепак беше еден од поактивните македонски активисти, како секретар на Координативниот Одбор на организациите од Западна Австралија, а воедно и како член на ОМО за З.А.,кој неуморно ги помагаше организационите национални активности, како што беа демонстрациите, Илинденските Дефилеа, делови од прославите на ВМРО-ДПМНЕ и други активности, Г-динот Ќосески директно делуваше со локалните и државните институции, поедини лидери на политичките партии на З..А. И членови на дрзавн иот парламент, умешно користејки го англијскиот јазик.

По тие собиралишта, првенствено македонците, кои ги имаше во поголемите градови во диаспората, имаа свои каракреристики, како во собирањето и здружувањето така и со различните начини, методи и ставови, во спроведување на нивните политички активности, беа единствени но, само од национална страна, при што заеднички ги спроведуваа во дело, националните македонски карактеристични активности.

Од тогаш македонците почнаа да се групираат по политички групи, односно да бидат повеке активни едни со демократско-капиталистички современи активности, други да продолжуваат да ги гаат, по инерција, комунистичките и социјалистички влијанија, со кои беа надоени уште пред да емигрираат од своите родни места.

Најповеке тие влијанија се осеќаа кај македонците, емигрирани од источно европските држави, каде беа протерани од своите огништа, по завршување на Граѓанската Војна на Грција и тие Македонци што емигрираа од Егејска Македонија (Северна Грција) или кои живеева, привремено во републиката.

Македонците од СР Македонија, која беше во состав на југословенската федерација и кои не беа дојдени со помош на УДБА и институциите на социјалистичката влада на републиката, како и тие Македонци пребегани од комунистичка Бугарија, беа првите патриоти за организиран отпор и ослободување од комунизмот, југословенизмот и бугаризмот, за стварање на Самостојна суверена држава Македонија.

Целта на овоа пишување е да ги потсетам повозрасните Македонци, а истовремено да ги запознаам нивните млади генерации, што живеат во диспората, што пропуштиле и што сеуште пропуштаат, во својот живот, за недоволно бранење на својот македонски идентитет и сите карактеристицности што ги застапува македонизмот, а што требале И што требаат денес да сторат за сочувување на уставното име пред се.

Факт е дека просоцијалистите и прокомунистите во републиката, сеуште имаат свои ТВ програми, како што е А 1 Телевизија со своите весници Време, Шпиц и други дневни и електронски иданија. Понатаму Утрински Весник, Дневник и други 'македонски' дневни, неделни и електронски интернет изданија, кои го 'бренвошуаат македонскиот емигрант, бидејки тој емигрант во диаспората нема други поголеми контакти и можности да ги прати и чита правилните пораки и настани во република Македонија, а и во светот. При тоа помагаат И просоцијалистицко настроени Македонци. Кои се тие Македонци? Тиењ во поголема мера се така нарецени Егески Македонци. Специјално тие кои уцествувале во Граганската Војна на Грција до 1949 година, а И тие кои имаат загинати членови од семејствата, роднини или блиски пријатели. Тие , се показа дека повекето од нив, поради бојазност едни од груги, не сакаат да ги прифатат новите напредни демокраски современи капиталистички нацини И системи на зивеење, туку си мислат дека ке им се поврати комунистицкиот или Руско-боилшевичкиот систем на владеењето!?

Со такви застарени свакања, на тие наши брака Македомнци, кои неможеме од нив да се откажиме, бидејки нам секој Македонец ни е потребен, не можеме да го соцуваме уставното име на Македонија. Тие не даваат никаква помош на централистичките и десничарските политички партии, какошто е ВМРО-ДПМНЕ, која е на влас во колиција со ДУИ, туку ги подржуваат и сеуште се солидаризираат со бившите коминисти ио социјалисти и пропаднати политички партии, као што е СДСМ.

Секоја добра одлука, изградба, реформа и слицно, спроведена од страна на денешната ВМРО-ДПМНЕ, во коалиција со ДУИ, за просоцијалистите не чини. Тој прогрес, кој во миналото не се случи, денес е ежестоко напаѓан. Не само тоа туку ги подрзуваат денешните опозициони партии и поедини 'интелектуалци', кои имаат сеуште позиции во јавниот-општѕествениот живот во Република Македонија, кои криминално го 'одраа' македонскиот народ, кои го разграбаа народниот имот, со кој денес се богатат И сеуште цезнеат за 'милиот социјализам. Да ги прашаме тие идиоти, зашто сакаат да го продадат уставното име? Зошто сакаат да бидат членови на НАТО и ЕУ, без национален македонски И суверен идентитет?Дали мислат дека НАТО и ЕУ сакаат комуноистички и социјалистички системи и отпадници, кои емигрираа големи македонски маси во диаспората, со цел да имаат корист од нив!?

Досега што голем број на историјски материјали, као историјски книги и сл., за вистината на македонскиот идентитет, кој датира уште од античкиот , а со сигурност и од преисторискиот период, треба да ги прифатите и употрребувате помасовно. Да се збижите со активностите со некомунистички и несоцијалистички парти, за да имате лицен просперитет И поцитување во своите средини како Македонци или со порекло македонско. Да не ги заборавите вашите повозрасни, кои со првите помасовни бегања од комунизмот, емигрираа во државите со западна демократија. Тие беа меѓу првите патриоти, кои под тешки услови, незнаејки го тугиот јазик и неразбирајки ги тугите професии, со голем труд и посебна љубов, према родна Македонија и својот македонски сој, го дадоа своето драгоцено време, материјална и духовна поткрепа, на сметка на лишување од животните задоволства.
Сеуште се чуствува штетното влијание на комунизмот во македонската диаспотра, што го кочи демократскиот развиток, националното осознавање, правилно образование и модернизирање на македонците, во секој поглед, посебно во диаспората, а и во Република Македонија.

За да се потсетиме, приложувам дел од забележените, во тоа време, први почетоци на патриотски активности во Австралија.

Штетното влијание на југословенската пропаганда врз македонското иселеништво во Западна Австралија

Македонското иселеништво во Западна Австралија во шеесеттите и седумдесеттите години немало поголеми кон¬так¬ти со Југословените (про-југословенски определените Маке¬донци и припадниците на другите југословенски наро¬ди), затоа што нив малку ги имало населено во Перт. Така тие тогаш не можеле директно да се соочат со југос¬ло¬вен¬ската пропаганда. Подоцна оваа состојба се измени и Ма¬ке¬донците се соочија со налетот на оваа пропаганда и во Перт. Сепак, најнапаѓани од сите беа Хрватите, кои во го¬лемо мнозинство беа анти-југосло¬вен¬ски настроени.Се знае дека по Втората светска војна мно¬гу Хрвати се иселија низ земјите на целиот свет,каде имаа силни организа¬ции, кои беа постојано на удар на југосло¬венската пропа¬ганда.Од друга страна Србите главно чле¬нуваа во југос¬ло¬венските клубови, но таму имаа проб¬лем со недостиг на членови.Во југословенскиот клуб во Перт немаа дури ни сопствена музичка група, а немаа ни доволно членови за организи¬ра¬ње масовни свечености. За жал, ним најмногу им пома¬гаа поедини пројугос¬ловенски настроени Маке¬дон¬ци, кои го пополнуваа бројот на присутните на нивните свечености. Националното осознавање на Македонците, дој¬¬¬де пара¬лелно со нивното материјално закрепнување, по што дојде и до поврзување на Македонците и нивно орга¬низирање по организации, клубови и други облици на органи¬зирање. Така Македонците почнаа да даваат поорганизиран отпор про¬тив странските анти-македонски пропаганди.

Но, отпрвин мнозина од раководствата на маке¬донските организации и клубови беа под влијание на разни прпаганди.Овде мошне активна беше југословенската пр¬¬паганда, која поттикнуваше поделби меѓу Македон¬ците, користејќи ги институциите во СР Македонија, како што беа Матицата на иселениците, Министерството за врски со странство и други. Сето тоа се правеше со цел Македонците да не можат национално да се освестат.

На еден од состаноците на ТНМРО (одржан на 09.03.1987) го разгледавме дејствуванјето на анти-маке¬донските пропаганди среде Македонците во Перт. Во врска со тоа беше разгледано организирањето на одбор за под¬гот¬вување македонска вечер во Југословенскиот клуб. Во овој одбор биле вклучени неколкумина Македонци, а подготовките се одржувале во југословенскиот клуб “Југал”, каде требало да се одржи “Македонска вечер”. Главен иницијатор бил вице-конзулот на Југославија во Перт, по име Бранко Радошевиќ, а вечерта била рекламирана на етнич¬ките радија. Ние во ТНМРО сметавме дека со тоа се сака да се намали значенјето на порославата на двегодишнината на МОО, која требаше да се одржи истиот ден на 28. 03. 1987 година.Организирањето на ваква”Македонска вечер” од страна на Србите и на пројугословенски определените Македонци ние го доживеавме како чиста анти-македон¬ска провокација. Веќе напишав дека членството во југо¬сло¬вен¬скиот клуб беше во опаѓање, со што почна да опаѓа и неговата финансиска моќ. Поради тоа тие сакаа да при¬берат и наивни Македонци за да можат да им ги земаат парите и да си ја подобрат својака финансиска моќ. Во југословенскиот клуб се искажувала отворена љубомора кон изградбата на но¬виот комплекс на МОО во Перт,при што се ширеле лажни инфор¬¬мации дека изградбата ќе пропаднела затоа што на¬водно не можеле да се соберат пари и сл. На состанокот со овие информации не запозна “Ченто” (новиот член на ТНМРО, всушност тоа беше Сашо Цветковски).

Поради сето ова се донесе одлука да се разговара со членовите на овој одбор со цел да се убедат да се отка¬жат од оваа своја намера.За ова беше задолжен “Ајде”, кој исто така требаше да разговара со конзулот Васил Панов и да го натера да ја одложи оваа “Македонска вечер” во југословенскиот клуб.Во ова се успеа, па вице¬конзулот го поместил одржуванјето на оваа вечер од 28 март на 4 април 1987 година. За овој датум тие сега го поканиле и рако¬водството на МОО да земе учество, откако сфатиле дека без соработка со нив, не може да се направи посе¬риозно привлекување на Македонците во Перт.

Југословените ќе правеле одбележување на годиш¬ни¬ната од смртта на Тито со свечена академија. “Ченто” имаше идеја да напишеме статија во врска со ова. На “Чен¬то” му понудиле да прочита реферат за Тито и тоа на спрски јазик, но тој ги одбил. Тие му забележале дека се помалку Македонци доаѓаат на нивните собири, а тој им рекол дека тие треба да си ја гледаат својата работа, а не само да ги бројат Македонците кои присуствуваат на нивните средби.

Влијанието на југословенската пропаганда среде Македонците се гледаше и во фактот што на поедини Маке¬донци им беа нудени функции во југословенските орагнизации. Исто така делумно под вакво влијание беа и некои македонски музичари, кои на веселбите,покрај маке¬дон¬ските песни, пееја и српски новосоздадени песни. Тие се правдаа дека наводно некој од присутните им ги пора¬чувал,иако кај мнозинството присутни спласнуваше располо¬жението кога се слушаа вакви песни.

Јанко ТОМОВ, историчар, Бризбен, Австралија
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.