|
|
| Заедничка изложба на тројца македонски сликари во Торонто |
Во реномираната уметничка галерија Безпала-Браун во боемскиот дел на Торонто, Канада, синоќа беше отворена заедничка изложба на тројца реномирани македонски академски сликари Рубенс Корубин, Димче Исаиловски и Дубравко Наумов.![]() Прикажани се триесетина дела во неколку техники. Рубенс Корубин е преставен со пресек од неговиот богат повеќедецениски ликовен опус, Димче Исаиловски со слики од сериалот „Мелиса во Венеција“, а Дубравко Наумов со дела од неговиот циклус „Принцезите...-помеѓу метафизичкото и симболичното“. На отворањето присуствуваа и архиерејот на северноамериканската епархија на МПЦ, владиката г. Методиј. Изложбата на македонски сликари ќе биде отворена до 8-ми септември оваа година. Безпала-Браун галеријата е специјализирана за преставување пред канадската јавност на сликари од југоисточна Европа, особено на ликовни уметници од Македонија, Украина, Казакстан. |

























