|
|
| Екслузивно интервју на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Г-дин Петар |
Повод за гостувањето на неговото преосвештенство на брановите на Радио Илинден, Мелбурн, беше донесувањето на Законот за старател на имот и регистрирање на МПЦ Епархија за Австралија И Нов Зеланд. Во ова тричасовно интервју Г-дин Петар го објасни значењето од донесувањето на Законот за имот, и одговори на многу прашања од слушателите, верниците засегнати од голем број проблеми во Македонската заедница во Австралија.![]() Владиката - За да биде на нашите слушатели добро познато, сметам дека е пожелно да се објасни, Постојат две врсти на имот, Едната врста е имот заради сопственост, тоа значи дека тој имот е сопственост на одредено лице, човек која сопственост сопственикот односно имотот на имот за сопственост го користи според своето наоѓање. Тука не може никој да му се меша нему, како ќе го употребува имотот Затоа сакавме да направиме една споредба - Имот за сопственост со Имот за цел и намена. Во конкретниот случај, имотите за добротворни организации и за религиозни организации (црквите) тоа се имоти за цели или мисии или одредена намена а никако имот за сопственост кои соодветната организација или кој и да е тој старател, ќе го употреби за друга намена која нема никаква врска со целта и намената на соодветната организација. Мислам дека сме донекаде јасни околу оваа работа кога станува збор за имотот за старателство. Д.А -Што ќе се случи ако старателот го злоупотеби имотот за лични цели? Овде во Австралија ни е познато, ако некој старател свесно го злоупотреби имотот кој е за старателство , најригорозни се казните за таков човек, дури може да отиде и в затвор. Кога станува збор за т.н кршење на Законот за имоти за одредена цел или намена, (според она што го слушаме од правните лица овде , адвокати и други) велат дека најстрогите казни се определуваат за оние кои таков имот злоупотребувале. Ако е така, Законот мора да се почитува, секој верник гледа колку е црковниот имот злоупотребен овде во Австралија, зошто немаме никој видено да е в затвор. Што е проблемот, во начинот на регистрирањето , на старателот. Владиката – Токму тука е и проблемот, па и судовите што досега ги водевме и ги водиме, токму во тоа е проблемот. Да се вратиме малку наназад со нашите сознанија како одделни цркви или религиозни деноминации успеале да го заштитат имотот од злоупотреба на тој имот кој е за определена цел,во конкретниот случај за религизона цел. Имено, меѓу првите цркви кои овде успеале да го направат тоа се Римо-католичката и Англиканската. Тие уште веднаш нашле начини и патишта, со донесување на Закон за старател на имотот. Тој Закон бил донесен во Парламент, или парламентите на одделни држави во Австралија и на тој начин тој имот бил заштитен бидејќи штом е ставен старетел на тој имот, тогаш нема никаква правна можност некој да го упропастува тој имот од следниве причини – ако јас како индивидуа, направам било што за да бидам во некоја ситуација да се води судски спор , со мене, автоматски судскиот спор ќе се води со мене како личност кој воопшто не ѓиба во имотот каде што сум јас старател. Тоа значи со личниот имот можам да одговарам ако биде покрената било каква судска постапка против мене, или ако бидам казнет. Имотот си е настрана од старателот како личност и на тој начин е целосно заштитен. Во другиот случај, ако имаме лица кои се во инкорпорирани асоцијации или во компании тогаш тие лица се заштитени како ченови на таа асоцијација или компанија и кога ќе го тужите него тогаш тој вели Не мене,ја тужеа затоа што сум јас член на таа инкорпорирана асоцијација или компанија и јас сум заштитен и таа асоцијација или компанија ќе се тужи со оној што кон мене направил тужба и во тој случај инкорпорираната асоцијација или компанијата плаќаат за се што овој лично направил престап. Во конкретниот случај тој Закон што се носи за старател на имотот на МПЦ се однесува исклучиво само за четири имоти. Имено, имаме ние со одлука на епархискиот управен одбор на МПЦ за Австралија и Нов Зелан, купено четири имоти (Соборната Црква во Сиднем, Св. Прохор Пчински во Донибрук, црквата Св. Богородица во Аделаид, и Црквата Св. Богородица Пречиста во Ливерпул , Сиднеј ) ове 4 имоти купени се за МПЦ со одлука на епархискиот управен одбор и бидејќи било каква друга регистрација , односно регистрирање како инкорпорирана асоцијација веќе станува имот за сопственост а не имот за цел. Од тие причини не смеевме тој имот никако да го регистрираме како инкорпорирана асоцијација. Не е така едноставно и лесно, луѓето се честопати во заблуда. Тврдам дека и високодостојници во нашата црква не го знаат овој случај добро и погрешно пренесуваат. Се вели дека најдобрите регистрации овде биле регистрации на компании и регистрации на инк асоцијации на црковните имоти, а всушност тоа е најголемата опасност ако луѓето од инк асоцијации и компании го злоупотребат имотот. Законот се однесува само на оние имоти кои се епархиски и кои моментно гласат на мое име, на Отец Јовица Симоновски, на Отец Тоне Гулев. Ние имаме поднесено изјава, декларација пред адвокати , дека тој имот не е наш туку со одлука на епархиски Управен одбор е купен за овие цели за црквата и кога ќе се донесе овој Закон за старател на црквата, ние го предаваме, значи не станува збор за наш личен имот туку за имот кој е на МПЦ. На оние луѓе кои прават пропаганди ќе им пропаднат пропагандите ако овој Закон се донесе бидејќи не ќе можат да им велат на луѓето дека имаме цркви на наш имот. Со ова нема да стојат имотите на наше име туку името на старателот е МПЦ. И после нас, старател ќе биде МПЦ. Откако ќе се расчистат сите овие работи и кога не секој да се претставува како МПЦ и кога ќе престанат пропагандите, ние ќе обрнеме внимание повќе на отворање на старски домови,детски градинки, и други објекти за згрижување на лица – зависници од дрога, од алкохол и за тие посебно ќе се грижиме. Нашата цел е да се создаде еднаш засекогаш старател на имотот на македонската црква во Австралија по примерот на првите верници во црквата како што бил случајот со верниците запишани во делата на светите апостоли .Овие регистрации за кои станува збор, овој Закон за старател значи регистрација на МПЦ. Ако МПЦ не биде регистрирана со свој имот не може ни да постои како правно лице. Целоснотo интервју е на www.radioilinden.com.au |

























