Дијаспора

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ФЕСТИВАЛ“ ВО ПРИЛЕП

1isel1

1isel1

Во организација на македонскиот пеач од Германија господинот  Орде (Орце) Ристески, а со поддршка на Собранието на Општина Прилеп, на 10 јули 2022 гидина по втор пат се одржа иселеничката средба „Македонски иселенички фестивал“. Таа е музичката средба на естрадни уметници од македонското иселеништво кои „свиле гнезда“ во сите делови на Мајката земја. 

Во Прилеп, градот херој, градот на минатото, сегашноста и иднината,  по втор  пат се одржа иселеничката средба „Маакедонски иселенички фестивал“, на кој настапија голем број музички познати уметнички имиња од Европската Унија, Северно-американскиот континент, Австралија и Република Македонија. Организатор и уметнички директор на оваа значајна манифестација беше познатиот естраден уметник Орде (Орце) Ристески, кој после оваа значајна манифестација изјави дека му се остварила неговата идеја стара 45 години да биде организатор на вака голема иселеничка и македонска средба за народни македонски песни во Прилеп, која ја покажа убавата слика, желба и љубов кон музиката на македонските иселеници.

Музичката средба „Македонски иселенички фестивал“, се оддржи на 10-ти јули 2022 година  во Прилем, а во организација на македонскиот пеач од Франкфурт, од  Германија господинот  Орде (Орце) Ристески, а со поддршка на Собранието на Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески, кои во организирањето помогнаа со техничка и морална логистика.

Иселеничката средба „Маакедонски иселенички фестивал“, се одржа на отворено на камената бина на плоштадот “Александрија”, каде се наоѓа првиот споменик на Александар Македонски што го изгради Ѓорѓија Џорџ Атанасовски. Фестивалот беше бесплатен и не се наплатуваше влезници, туку беше потребна  само желба и волја за слушање и уживање во македонската музика. Сите тие естрадни уметници настапија на  „Маакедонскиот иселенички фестивал“  со цел да покажат и докажат на македонската публика дека тие, и ако живеат далеку од својата родна земја, тие ја носат во своите срца,  размислуваат и творат за својата татковина Македонија.

Според официјалната листа на учесниците, на  музичките портали „Македонско сонце“ и „Музика24“, кои беа медиумски покровители на овој надалку познат музички фестивал, специјална гостинка на овогодинешното фестивалско издание на “Иселеничкиот иселенички фестивал”  се појави познатата македонска пејачка на народна музика, легендарната Виданка Георгиева која  имаше свое шоу и која воедно сите присутни ги потсети на убавите обнародени македонски песни. Следните естрадни уметници кои настапија на манифестацијата  „Маакедонски иселенички фестивал“, на 10 јули 2022 година во Прилеп кои настапија се следните:

Славка Младеновска (Шведска),

Пепи Димоска (Германија),

Алексо Тришоски (Швајцарија),

Гашо Тришоски (Швајцарија),

Слаѓана Костова (Италија),

Цане Николовски (Шпанија),

Марјан Васкоски (Австралија),

Пеце Даскалот (Америка),

Симе Бричот (Австралија),

Ѓорѓи Тримчевски (Германија),

Зоран Далчески (Америка),

Павле Кајмакоски (Австрија),

Лефко Блажески (Австралија),

Јоцо Стоиловски (Италија) и Петар Нечовски,

Љупчо Јовановски-Бубе (Австралија),

Ордан Ристески (Германија),

Горан Ристовски (Германија),

Барбара Јаковлеска (Швајцарија),

Драган Драгаш (Шведска) и Благоја Грујовски,

Перо Христов,

Мишко Микле Србиноски (Америка),

Нада Ангеловска (Австралија),

Лилјана Стоилковска,

Виданка Георгиевска и

Зоран Ванев (Швајцарија)

Инаку, првиот „Македонскиот иселенички фестивал“ во Прилеп го организираше Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасовски“ од Прилем. Таа е насочена кон зачувување на уставното име на Република Македонија, унапредување и заштита на македонскиот национален идентитет, стипендирање најдобри ученици, студенти, поттикнување на спортскиот дух и друго.  Исто така, треба да се истакне дека бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е голем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални и културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци од сите делови на етничка Македонија.

Со продолжувањето на организирање на  „Македонскиот иселенички фестивал“ се збогатува македонската ризница на народни песни и овозможува секоја испеана песна со патриотски дух да претставува збогатување на македонската музичка историја, со порака и надеж дека фестивалот преку убавите патриотски песни ќе биде еден од бранителите и обединувачите на македонската вистина, на македонскиот народ и на етничка Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

To top