Дијаспора

ВО ЗНАК НА ПОЧИТ НА БРАНКО РИСТОВСКИ (ГРЕЖЛОВСКИ) ОД ДЕТРОИТ ЗА ДЕДО МУ ЕФТИМ ЈУНАКОТ ОД ЉУБОЈНО (6)

1dzaj123

1dzaj123

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ ОД  ДОЛНА ПРЕСПА

Бранко Ристовски (Грежловски) од Љубојно, Преспа кој долги години живее во Детроит и Флорида во Соединетите Американски Држави, во исповедта во скромното издание за дедо му Ефтим Ристов Гржлов, чиј уредник и издавач е неговиот  братучет Славе Катин (Грежловски), ја претставува песната посветена аа дедо му Ефтим

ТАМУ ДОЛУ ВО ЉУБОЈНО

Таму долу во Љубојно

kај што Стара Река тече

таму има две планини – две убавини

таму има две планини – две убавини.

На источната страна

kај што Сонцето изгрева

Пелистер се радува

и радост, среќа донесува

Пелистер се радува

и радост, среќа донесува.

На западната страна

кај што Сонцето заоѓа

Галичица се нажалува

и жални вести донесува

Галичица се нажалува

и жални вести донесува.

Измеѓу двете планини

во местото „Колибите“

јунак силен се бори со арамиите

Ефтим Грежлов се бори со арамиите.

Пиштоли се испукаа

тој убива еден

но другите двајца

смртно го погодија

но другите двајца

смртно го погодија.

Жална вест се слушна

долу в село Љубојно

Ефтим Грежлов е убиен

горе в „Колибите“

Ефтим Грежлов е убиен од арамиите

Ефтим Грежлов е убиен од арамиите.

Жена му одма истрча

својот маж да го види

својот маж да го види

и да го прегрне

својот маж да го види

и да го прегрне.

Стани, стани  Ефтиме

мој домаkине

деца ми те чекаат

и друго да видиш

деца ми те бараат

и друго да видиш 

(Народна песна) 

1dzaj1234

Куќата на Бранко во Детроит 

Крај

Пишуваат:

1slav2

Бранко Ристовски   

(Грежловски)       

1slave 3

Славе Катин

(Грежловски)                    

Најново од: Дијаспора

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

To top