Дијаспора

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ИСЕЛЕНИКОТ САВО КОСТАДИНОВСКИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

3.5.7

3.5.7

Публицистичките постигнувања на  писателот и поетот Саво Костадиновски од поодамна се познати на иселеничката и на јавноста во Република Македонија, како и на германската читателска публика. Тој како Македонец во Германија е познат и признат не само во Келн каде што скоро 5 децении живее и твори, туку и пошироко во Германија.

Затоа, како резултат на неговото творештво, на 29 август 2020 година овој познат иселеник од Македонија заслужено доби благодарница од  Агенцијата  за иселеништво на Република Македонија, во знак за приснавање на неговата промоција на македонската култура и јазик во иселеништво преку пишаниот збор.

Инаку, Саво Костадиновски е еден од најистакнатите македонски автори во дијаспората. Неговото обемно поетско творештво брои над 140 досега објавени книги поезија и проза за деца и возрасни. Како дводомен (Македонија и Германија) тој е автор има 44 книги поезија и проза кои се објавени двојазично на германски и на македонски јазик. Посебно, неговиот роман наиде на добар прием кај германските читатели.

Исто так, треба да се одбележи дека во 2018 година Саво Костадиновски доби почесно признание по повод неговото 25 годинишно активно членување во Сојузој на геманските писатели. Со неговото творештво, особено е познат на грманската публика во Келн каде што  живее. Исто така, како автор од Келн,  тој е застапен во „Лексиконот на писателите на Келн во 20 век“. Затоа, со право се вели дека Саво Костадиновски е амбасадор на пишаниот збор и мост на соработка во културата меѓу неговите две татковини – Македонија и Германија.

3.5.8

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

To top