Среда, 12 Јуни 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (30)

zub1

ЗУБОВЦЕ – ХРИСТИЈАНСКИ ЦЕНТАР ВО ГОСТИВАРСКО 

Зубовце е еден од христијанските центри во Гостиварско. Ова по многу нешта карактеристична македонска населба е една од најпрекрасните локации во Полог, оддалечена од Гостивар само пет километри, сместена на подножјето на Шар Планина. Во Зубовце постојат три македонски православни Божји храмови и еден параклис, и тоа: црквите „Света Блажена Марија“,„Свети Никола“, и „Свети апостол Тома“, како и параклисот „Свете Богородица и Спасистелот Исус Христос“. Сите овие верски храмови имаат своја посебна функција во црковното, националното и духовното живеење

 Во Македонијахристијанството почнало да се проповеда уште во времето на светите апостоли. За ширење на христијанството светиот апостол Павле извршилповеќе благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал Христовото Слово. Потоа, христијанството нагло почнало да зема замав кога римскиот цар Константин Велики во 313 година го прифатил за државна религија и така им дал можност на христијаните слободно да ја исповедаат и да ја проповедаат својата вера. Од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо, Хераклеја и други локалитети во Македонија. 

Тоа зборува дека и во Полог христијанството датира од тие далечни времиња. Во Полог на христијанството и на неговата историја посебен белег му дава неговото богатство со културно-историски споменици, особено со црквите и манастирите, кои придонеле христијанството да опстои на тие македонски простори.

Често се вели дека има краишта во Македонија каде што некако очите повеќе се отвораат од било каде на друго место. При посетата на такви живописни предели на човек му се отвора широк хоризонт. Таков е случајот со питомиот Горен Полог, каде длабоко се чувствува свежиот воздух што доаѓа од високите букови и борови шуми на Шар Планина, Мавровска, Сува Гора и други планини

Таму се раширил Горен Полог кој како питом крај во западниот дел од Македонија е познат по бројните цркви и манастири изградени во минатото и сега. Во поранешната Полошко-кумановската епархија, во која митрополитот Кирил беше надлежен архијереј, заедно со свештениците, дарителите, настојателите и другите верници се поправени, реновирани и обновени старите цркви, а се изградени нови објекти. Меѓу другите, треба да се спомене црквата „Св. Богородица“ во Гостивар, новоизградената црква „Св. Никола“ во Маврово, „Света Блажена Марија“ во Зубовце и други, кои и во минатото и сега придонесуваат македонскиот народ да опстои на тие простори.

 zub2

Митрополитот Кирил во Зубовце

Овој пат на читателите на „Македонска нација“ ќе го претставиме Зубовце, еден од христијанските центри во Гостиварско. При нашата посета се уверивме дека ова по многу нешта карактеристична македонска населба е една од најпрекрасните локации во Полог. Тоа е оддалечено од Гостивар само пет километри. Зубовце е сместено на подножјето на Шар Планина, помеѓу селата Дебреше (на југ) и Врапчиште (на север), во чија општина спаѓа и Зубовце. Се чини како причина  на зголемената експанзија на албанското население, овие две села се речиси споени. Во Врапчиште живее мал број труско и македонско население. За разлика од Врапчишта во Зубовце живее македонско население.

Од дамнина жителите на Зубовце биле верници и страсни приврзаници на христијанската православна вера. Затоа, уште од минатите времиња жителите на Зубовце започнале да градат цркви, кои служеле и служат како најмасовни собиралишта на нивното национално и верско обединување.

Инаку, христијанските споменици во Зубовце се дела на нејзините градители и зографи, нивните иматели се сите жители на селото, а поклоници на нивната духовна и уметничка вредност се сите добронамерни луѓе што веруваат во човечките вредности за вера, љубов и мир меѓу сите луѓе. Црковните споменици во селото Зубовце, навистина, биле и се свети места на зближување меѓу христијаните.

Во Зубовце постојат три македонски православни Божји храмови и еден параклис, и тоа: црквите „Света Блажена Марија“ „Свети Никола“, и „Свети апостол Тома“, како и параклисот „Свете Богородица и Спасистелот Исус Христос“. И сите овие верски храмови имаат своја посебна функција.

zub3 

Црквата „Свети Никола“

Така, во црквата „Света Марија“ се служат светите божествени литургии посветени на православните празници и на светителите, како и се чествуваат сите овоземни радости.  Во црквата „Свети Никола“ се вршат богослужби за покој на душата на умрените. Во оваа црква се организираат опелата, парастосите и службите за четирите мртви саботи во годината. Во новиот Божји храм „Свети апостол Тома“ се извршуваат најрадосните мигови во животот на човекот: крштевање новороденчиња и венчавање млади брачни двојки.

Параклисот „Свете Богодица и Спасистелот Исус Христос“, пак  е посветен за спомен и упокој на душите на семејството Јаковлески.

Најстар верски објект во Зубовце е црквата „Света Марија“ или како народот ја вика  „Света Блажена Марија“, „Света Огнена Марија“ и „Света Марена“. Нема изворни податоци кога и кој го подигнал овој православен храм. Таа во Зубовце и пошироко е меѓу ретките верски храмови, ако не и единствениот, изграден кога Македонија беше под Турската империја. Имено, во неа се влегува по скалила удолу, во земјата, што за изградбата на црквата бил еден од основните услови пропишан од тогашната османлиска власт.

Нема прецизен податок за точниот датум и за годината кога е изградена црквата „Света Марија“. Се наведуваат неколку различни години. Над влезната врата, на мала мермерна плоча е запишано дека верскиот храм е изграден во 1857 година. Внатре, на ѕидот, наспроти иконостасот, е поставена мермерна плоча на која е запишано дека е изградена во 1851 година и дека е адаптиран во 1990 година, на иницијатива на месното население и со парични средства на браќата Гојко и Мане Јаковлевски од Зубовце.

Во состав на црквата се и двете помошни простории за летно и за зимско собирање на верниците. Во летниот ајат (просторија) се чествува селската слава света Марена (огнена Марија), со кршење на празничен колач и со избор на кумовите меѓу двете празнувања на света Марена, а во зимскиот ајат се слави осветувањето на бадниковото дрво, со мезе и со топла ракија.

За христијанството во Зубовце е значајно да се одбележи дека како во минатото така и пред неколку години во селото имало групно венчавање на осум брачни пара од селото, со кои чиноначалствувал неговото блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ, во сослужение на митрополитите Кирил и Горазд и со дваесеттина свештенослужители.

Исто така и црквата „Свети Никола“ е значаен верски објект за Зубовце и зубовчани. Таа има функција на капела и се наоѓа во средината на селото, каде што се наоѓаат и селските гробишта. И за оваа црква нема податоци кога е изградена. Се знае дека храмот е изграден на иницијатива на месното население и се претпоставува дека како капела, е изградена во првите години на деветнасеттиот век. Во составот на црквата е изградена и помошна просторија каде што се одржуваат помените и парастосите за умрените.

Божјиот храм “Свети апостол Тома“ е уште еден вреден христијански верски храм и трета црква во Зубовце кој е уникатен во Македонија. Проектот, со посебно внимание, го изработил познатиот архитект, зубовчанецот Стефан Матевски, а градежните работи се дело на градежната тајфа на мајстор Милко Ристески, од село Дув. Тоа е единствена црква каде што иконостасот го изработил лично ктиторот – академикот Томе Серафимовски, чиј корени и последно почивалиште му се во Зубовце.

При нашата посета на овој интересен храм видовме дека на релјефните икони од бронза се претставени: Исус Христос, свети Јован Крстител, пресвета Богородица и свети апостол Тома. Фрескоживописот го изработил Синиша Кашавелски со својата тајфа од Куманово. Фрескоживописот го претставува Пантократорот, во централната купола, со ликот на Исус Христос, а на страничните ѕидови се претставени сцени од Библијата.

Овој верски храм го носи името на светиот апостол Тома, а како свет ден, во календарот на Македонската православна црква, се празнува на 19 октомври. Во него се чинодејствува за празници и за најсреќните мигови во животот на човекот: крштевање на новороденчиња и венчавање на млади брачни двојки.

zub4 

Црквата „Свети апостол Тома“

На 30 јули 2004 година, токму на денот кога зубовчани ја празнувале селската слава света Марена, бил поставен камен-темелникот на Божјиот храм „Свети апостол Тома“, а го осветил неговото блаженство г.г. Стефан. При поставувањето на камен-темелникот на овој храм, отворена е книга за впечатоци којашто се чува во црквата „Света Марија“.

Во книгата за впечатоци, тогашниот надлежен архиереј на Полошко-кумановска епархија митрополитот г. Кирил меѓу другото, има запишано: „Горд сум што сум архереј на вековно благословен народ. Народ кој умее да создава трајни епохални дела, како брилијантни камења околу нашиот заеднички црковен и сенароден македонски ден“.

Академик Цветан Грозданов, пак, запишал: „Да се воздигне Зубовце. Да се крене до небеса родот на Серафимовски. Да живее Македонија и правосла­вието“.

Тогашниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски, меѓу другото, запишаа: „Нека вашата слава света Марена биде вечна. Младите поколенија да ја слават. Да дадат свој дух и печат на своето време, а во основа на битисувањето на Македонците на овие простори“.

Параклисот „Свете Богородица и Спасистелот Исус Христос“, пак е  посветен за спомен и упокој на душите на корените на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски. Имено, тој е градителот на овој параклис кој е посветена на неговата прабабата Јонка (Јованка), дедото Петко и на родителите Делче и Рафка.

Со овој параклис се потврдува дека донацијата кон верските објекти не претставува сопственост на Божјиот храм, туку молитва за спас на донаторот, а ктиторскиот дар означува поклонение, а не поседување. Со овој параклис се потврди дека нетреба  да се заборава стариот ктиторски принцип на даренија со кој се означува длабока почит и молитви на приложениците кон старите македонски светилишта и поклонение кон светите традиции на Македонска православна црква - Охридската архиепископија.

Продолжува

c6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИ

 

На прво место

News image

Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа

Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа.

Историја

News image

Унијата со Римокатоличката црква треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија

Унијата со Римокатоличката црква треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ОД РЕСЕН – РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ (9)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (34)

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.