|
|
| Почина голем пријател на македонците во Австралија |
Ин Мемориам: Сем Пиантадоси![]() На 64 години изненадно почина Сем Пиантадоси, познат политичар и општествен работник во Западна Австралија, роден во Италија, кој важеше за одличен пријател на Република Македонија и на македонскиот народ. Во 1980 година Пиантадоси станува секретар на тогашниот синдикат на водната заедница каде своевремено работеа повеќе од 500 Македонци. Потоа станува секретар на поширокото синдикалнои движее во Западна Австралија и заедно со него работеше тогашниот иуниверзитетски студент Стивен Смит, кој пдоцна ќе стане министер за надворешни работи на Австралија. 1983 година Сем Пиантадоси беше пратеник во Парламентот на Западна Австралија. Како благодарност на македонската заедница и нивната поддршка кон него, во 1984 година тој станува првоиот пратеник од Западна Австралија кој ќе ја посети Македонија, кога беше примен од институциите на власта на Македонија и од митрополитот на Македонската Православна Црква Н.В. г. Тимотеј. Во 1985 година Сем Пиантадоси е иницијатор на формирањето етнички изборен штаб на Лабуристичката партија за избор на пратеници во парламентот. Во овој штаб тогаш влегоа неколку тогашни македонски активисти од универзитетите, меѓу кои и Стивен Смит и д-р Иан Александар и Зоран Ќосески како координатор за етничките заедници. Истата 1985 година Сем Пиантадоси станува силен поддржувач на формирањето на Македонската Обединета Општина во Перт. Од неговата кацнеларија се вршеа сите работи за изградба на Општинскиот центар, како и помошта што ја даваше тогашната влада на Општината. Во 1991 година, по осамостојувањето на Македонија, Сем Пиантадоси подготвува резолуција за признавање на Македонија од Австралија. Во соработка со тогашните пратеници од Западна Австралија, Рон Едвардс, Тед Кумнингам, Џон Кобелке и Ник Катања започнува силна кампања за македонското признавање, поради што членовите на грчкиот огранок на Лабуристичката партија во Западна Австралија револтирано до еден ја напуштаат Лабуристичката партија. Во 1993-1995 година во извршниот одбор на Австралиската Лабуристичка партија на Австралија, по иницијатива на Сем Пиантадоси заедно со македонските активисти Крис Ангелков, Питер Ќосев, Васил Радев и Зоран Ќосески, донесува одлука дека директивата на тогашниот министер за надворешни работи на Австралија Гарет Еванс, Македонците да се нарекуваат „Славо-Македонци“, не важи во Западна Австралија. На тој начин сојузните австралиски власти сватија дека Македонците во Австралија не се безгласни. Ваквото решение наиде на силен отпор кај Грчката заедница, а на сојузно ниво Лабуристичката партија по тоа прашање беше поделена. Истата година, Извршниот одбор на Лабуристичката партија во Западна Австралија на иницијатива на истите активисти и Сем Пиантадоси, донесе одлука Владата на Австралија да ја признае Македонија под уставното име во наредниот мандат и за поскоро отворање на Македонска амбасада во Австралија. Тогашниот министер за надворешни работи н Австралија Гарет Еванс подвлече дека да се имаше толку влијание во партијата и во другите австралиски држави, работите со Македонија ѓе бидат малку поинакви. Сем Пиантадоси секогаш беше расположен за разговор со Македонците во Западна Австралија и посебно внимание му даваше на сие високи гости кои доаѓаа од Македонија. 1996 година заради судир во партијата, Сем Пиантадоси е исклучен од членство во Лабуристичката партија и неуспешно се кандидира како независен пратеник. После тоа долги години се занимава само со своите бизнис врски во Азија. Во 2007 година Сем Пиантадоси станува советник во општина Базендин, а набргу и заменик градоначалник, но и овојпат не си ги заборава своите македонски пријатели и иницира објавување на книга за историјата на Македонската заедница во оваа општина како и во општина Нортбриџ. - Почивај во мир, голем пријателу на Македонците и Македонија, - порачаа Македонците во Австралија, неговите искрени пријатели од Перт, Западна Австралија. Вечна му слава и Амин! СМК |
























