|
|
| Рекција на Македонската амбасада во Канбера за претставувањето на Пандев како Бугарин |
Амбасадата на Република Македонија во Канбера, Австралија веднаш реагираше на грешката направена од страна на Австралискиот национален ТВ медиум за спорт Фокс Спорт 2, со погрешното информирање на австралиската јавноста за националноста на фудбалерот на клубот Интер Горан Пандев во чија графа за националност стоеше Бугарин, наместо Македонец.
- Македонската амбасада во Австралија сака да добие формално извинување од Фокс Спорт поврзано со неодамнешното претставување на македонскиот фудбалер Горан Пандев како бугарски напаѓач во екипата на Интер од Милано на нивниот канал во Сиднеј, се вели во реакцијата на Македонската амбасада. Од Амбасадата потсетуваат дека Горан Пандев е центарфор кој е роден во Струмица, Република Македонија и оти има македонско државјанство, а покрај тоа, како што нагласуваат во реакцијата, се смета и за клучен играч во македонската национална фудбалска репрезентација. - Македонската дијаспора во Австралија и македонските граѓани во светот со право се шокирани по оваа грешка. Ве молиме во иднина да ја имате во предвид оваа информација и Горан Пандев да го презентирате како Македонец, се вели во реакцијата од Македонсата амбасада во Канбера и се нагласува дека во име на Пандев, македонската дијаспора во Австралија и македонските граѓани ширум светот бараат формално извинување од Фокс Спорт ТВ во Сиднеј. Според уредникот на радиото “Трипл зет“ на македонски јазик, Ицо Најдовски грешката не е случајна или некаков пропуст. - Овој очигледен преседан е направен намерно од уредникот на ТВ Фокс Спорт 2, со што Австралија континуирано продолжува да ги крши своите мултикултурни принципи, вели Најдовски во дописот до македонските медиуми, додавајќи дека со овој чин уште еднаш е навредена македонската заедница. |