|
|
| На Осмо Мартовската забава договорен нов проект за зачувување на Македонскиот јазик во Албанија |
Клаудија Лутовска
Претседателката на невладината организација СЕМАК, организација која во Битолско ја знаат по работа во областа на социјалата од големи хуманитарни акции за најсиромашните до реновирање и и реконструкција со градежни работи во повеќе основни училишта и Заводот за Глуви деца Кочо Рацин, ја познаваат по тивка и ненаметлива работа, со постојано вложување напори да се помогне, овој пат излегува од анонимноста се со цел да се помогне. СЕМАК е формирана 2003та година и активна во сите овие години со многу остварени проекти и соработка со локалните власти и Владата на РМ. Претседателката на СЕМАК Клаудија Лутовска Осмо Мартовската забава ја помина во прекрасното опкружување од жени од Мала Преспа, на албаското крајбрежје во Албанија со нашите Македонки. - Толку позитивни жени, полни со ентузијазам и топлина, насмеани и весели, типично за Македонките, а пред се и многу мудри и убави жени, баш според нашата Македонска песна Македонско девојче, се токму жените од Мала Преспа. Прекрасно доживување е да се биде со своите, овде каде тие се малцинство и да поразговарате со нив околу сите проблеми и нивното секојдневие. Уште веднаш започнуваме соработка за негување на Македонскиот јазик преку пишаниот збор и СЕМАК покренува иницијатива за собирање на книги од македонски афтори пред се, а секако и собирање на книги пишувани и преведувани на Македонски јазик. Затоа упатувам апел до сите институции, пред се до нашата Православна Македонска Црква, а потоа до МАНУ, до Министерството за култура, до Библиотеките во државата, оваа акција да земе кампањско и масовно собирање на книги кои ќе ја наполнат и збогатат сиромашната библиотека на Македонците во Мала преспа во Општината Пустец.- рече Претседателката на СЕМАК, Клаудија Лутовска. Акцијата започнува уште веднаш, и ќе трае во наредните два месеца. Во акцијата можат да се вклучат сите заинтересирани институции и физички лица. Вашата поддршка и иницијатива потвреде ја на отворената телефонска линија 047 242 734 од 17:00 до 18:00 часот секој ден. |
























