|
|
| Отворено до Македонската Влада - националната стратегија гледано од Полска |
Зошто некои работи кои се нормални за сите други држави вклучувајќи ги Грција, Бугарија, Албанија,... не се нормални за Македонската држава? Македонија најбрзо што може, мора да отвори Македонска сателитска телевизија на англиски јазик. Зошто? Затоа што Македонија мора да ги представува и да ги брани своите ставови и интереси пред целиот свет, а не само пред Европската унија и Грција. На сателитскиот програм на англиски јазик Македонија би можела да ги информира сите заинтересирани страни и за конфликтот со Грција и зошто Грција толку цврсто стои на антимакедонската позиција. Очекувањето дека некој од Европската унија или светот сам ќе свати во што е проблемот е илузија. Русија на пример секој ден 24 часа емитува програма на англиски јазик каде не само што ја представува својата вистина, покажува и свери на американскиот живот кои никогаш не се покажувани во западните медиуми. - Зошто Македонија не би емитувала емисии од грчкиот живот кој ни грчката ни западноевропската телевизија никогаш не би ги покажала, на пример, животот на Македонците и други малцинства кои живеат во Грција? - Со години се зборува за антена која би требало да се постави на Пелистер. На тој начин македонското радио би можело да ја покрива територијата на Егејска, Пиринска и Албанска Македонија. - Дали е тешко да се преведе прирачникот по Македонски јазик од Кристина Крамер на грчки, бугарски, албански и други јазици? - Дали е тешко да се продаваат тие прирачници на границата со соседните држави? На тој начин Македонците и нивните деца кои живеат во соседните држави би можеле да го учат Македонскиот јазик, без оглед дали соседите ќе се грижаат за учењето на Македонскиот јазик или не. Истото може да се направи и со речниците. – Зошто Институтот за Македонски јазик не ја издаде повторно граматиката на Македонски јазик во англиска верзија од Професор Хорас Лант? Последен пат граматиката била издадена во 1965 година. Исто така таа граматика би требало итно да се преведе на грчки, бугарски, албански и други јазици. До кога Македонија ќе чека другите да ја завршат целата работа за Македонците? Дали овие важни идеи се тешки за реализација? Не! Не треба многу пари за да се реализираат тие на прв поглед банални иницијативи а многу битни за Македонците Треба само политичка волја. На потег е Владата на Република Македонија која е должна да се грижи за Македонците во целиот свет и за интересите на Македонска држава. Иренеуш Адам Шљупков, Полска |
Зошто некои работи кои се нормални за сите други држави вклучувајќи ги Грција, Бугарија, Албанија,... не се нормални за Македонската држава? 























