Среда, 17 Јули 2013   
Кичевија

Кичевијата е ограничена област која ја опфаќа Кичевската котлина која се наоѓа во западниот дел на Македонија. Према Полог граница е планината Буковика (1518 м. надморска височина); према Мијаците планината Бистра (2100 м.); према Дебарската котилина и Дримкол планината Стогово (2242 м.); према Деборци планината Гољак (1468 м.), па Беличко-пространската планина (1500-1600 м.); према Демир Хисар (Железник) границата е на изворот на Црна река, па на планината Лубен (1762 м.) и Стрмол (1762 м.); према Крушево планината Венец (1738 м.); према Прилеп планината Бушава (1702 м.); према Порече планината Песјак (1744 м.), па Цело'ица (1896 м.) и Добра Вода (2082 м.).

Во Кичевијата се распознаваат помалечки провинции кои имаат свои имиња:

  • Кичава, која го опфаќа дното на Кичевската котлина од село Туин до село Лисичани. Во средината на оваа провинција се наоѓа градот Кичево. Оваа провинција се дели на два дела: од Кичево, па према селото Туин се нарекува Горна Кичава; а другиот дел се нарекува Долна Кичава. Во Горна Кичава има и помали предели. Таков предел е Зајас. Пределот измеѓу Зајас и Кичево се нарекува Сатеска.
  • Копачка, која го опфаќа изворот на реката Треска со притоките Студенчица и Беличка река. Се дели на два дела: Горна Копачка е во долината на Студенчица и реката Треска, а Долна Копачка во сливот на Беличка река.
  • Рабетино, која го опфаќа сливот на Рабетинска река и долниот тек на реката Треска, од селата Лисичани и Челопеци, па до селото Латово. Се дели на два дела: Горно Рабетино (сливот на Рабетинска река), и Долно Рабетино.
  • Краста, која го опфаќа пределот под планината Лубен. Краста е поврзана за Кичевската котлина со долината на Беличка река и превојот на планината Турла. Краста се нарекува уште и Горни Железник (турски: Демир Хисар).

На дното на котлината постојат населби кои се настанати од големите поседи во средновековието, турски наречени „чифлици“. Селата по речните долини и на високите предели се од типот на земјоделски и сточарски села. Се забележува дека многу села на речните долини зафаќаат неплоден крај. Овие села се повлечени од плодното земјиште за да остане што повеќе плодна земја за обработка. Селата по речните долини се тешко пристапни и скриени, а исто така се скриени и по долините и селата во Краста. Селата биле скриени од причина што селаните пробувале да се заштитат од разните војски кои го напаѓале Македонскиот народ. Во врска со сточарството и земјоделството, се создавале и привремени населби, во кои се чувала стоката, сточната храна, и земјоделските алати. Тие привремени населби биле во близина на селата.

Во Кичевската котлина разликуваме разни типови на села. На дното на котлината и таму каде што биле големите поседи на агите и беговите селата се од чифликарски тип. Тие биле збиени до кулата од агата или бегот, со високи огради и зидови, кои го издвојуваат имотот од соседната куќа, а измеѓу оградите имало „сокаци“-криви селски улици. Околу куќите постоеле големи градини со овошје. Од улицата во дворот се влегувало на голема капија. Во дворот се забележувале згради за живеење, за стоката, за сено, кошеви за пченка, амбари и земјоделски алати. Единечните куќи давале изглед на мали тврдини, особено во Горна Киќава. Во дворот имало бунар и покрај него големо корито. Кога навечер ќе се затвореле капиите, пристапот бил скоро невозможен од лошите песови. Во главно од овој тип е и Кичево, како и селата; Црвевци, Србица, Аранѓел, Туин, Поповјани, Јагол-Доленци, Зајас, Длапки Дол, Трапчи Дол, Колибари, Србјани, Челопеци, Лисичани, Миокази, Пласница, Преглово, Вранештица, Србјани и Другово.

Селата од езерско потекло (Кичевската котлина порано ја исполнувало езеро, во кое се влевале реките од планинските предели. Тоа езеро истекло создавајќи ја долината на реката Треска, према реката Вардар) се исто така збиени, но така што терасата им останувала слободна. Над селата постоеле „шумјаци“ за стоката. Оградите на куќите најчесто биле плотови, а поретко зидови. Такви села се: Раштани, Осој, Ериновци, Стрелци, Шутово, Премка, Осломеј, Горно и Долно Строгомишта, Мидинци, Колари, Карбуница, Бигор Доленци, Атишта, Челопеци, Дворци, Орланци, Чифлиг Речани.

Селата на речните долини и извори се средно збиени и скоро улица не се појавува. Селата се врзуваат со стрмни патеки и стази, и се доста непристапни. Тие се на раб помеѓу шумата и продуктивното земјиште. Со исклучок на Зајас, овие села останале чисти во поглед на верската и етничката припадност. Такви села се: Кнежино, Лешница, Речани, Бачишта, Тајмишта, Бериково, Папрадишта, Ново село, Крушица, Светорачи, Патеец, Дупјани, Рабетино, Ижишта, Ореовец, Русјаци, Латово, Кладник, Горно и Долно Добреноец, Јаворец, Лавчани, Душогубица, Ехловец, Кленовец, Иванчишта, Малковец, Поповец, Подвис, Пополжани, Видрани, Брждани, Јудово, Белица, Козица, Цер, Мало и Големо црско, Прострање и Велме'и.

001_copy

  • Примитивната куќа во оваа котлина се викала изба. Во избата живеела цела група. Денес тие места каде што се избите се викаат избишта. Избата најчесто била изградена од камен, била во правоаголен облик и приземна. Во средината било огништето, и чадот излегувал низ кровот. Денес сеуште можат да се видат изби во Латово, Дујани, Рбетино и во други села кои не изгореле до темел во 1903 година.

Прозорците биле многу мали. Над огништето висел черен, неколку тешки хоризонтално поставени даски, а над черенот имало отвор за чад. Черенот служел за да ги спречува искрите, и да заштитува од појава на пожар. Се влегувало на голема врата, а се излегувало на мала која служела за поминување на луѓе, додека големата за поминување на стоката. Избата била долга 15 м. а широка 4-5 м. Во неа живеела група од 50 луѓе. Покрај избиште, се нарекува и стара куќа или куќишта.

  • Куќа на клед (подрум). Од старата куќа се развила куќа на клед, со тоа што добила подрум, кој служел за ситна стока и за чување на разни работи од домаќинството. Сега оваа куќа добила и прегради. Преграден дел за стоката или пондила, и дел во кој е огништето и во кој живеат луѓето или куќа.

Оваа куќа има и чардак, кој е широк, со отворени прозорци. Под подот на чардакот стоел кош за ставање на жито. Кај некои куќи до пондилата имало и одајче за на зима. Под кровот на куќата имало ател за кокошки. Кровот бил покриен со слама или плоча, а додека кај старите куќи кровот бил само сламеница. Овие куќи ги имало се до 1903 година, кога многу села биле запалени. Денес ги има во ретки примери.

002

  • Куќа на диреци. Оваа куќа е иста како и куќата на подрум, само што делот од подрумот не е зазидан од три страни, туку влезот е слободен. Вакви куќи особено има во Горно Рабетино, Дупјани, Патеец и Орланци.
  • Нова куќа. Куќите од овој тип се зидани после 1903 година. Зидани се од камен и се доста пространи. Има нови куќи кои навидум, како да ги замениле беговските куќи и наликуваат на градски. Особено убави нови куќи има во Цер, Дворци, Атишта, Поповјани и Зајас.

Како градители се познати мијачките зидари, а потоа оние од Копачка и Железнец. Материјалот во главно бил камен и кал. Во поново време се пече и цигла, а куќите се покриваат со цреп.

Селата во Кичевско имаат и свои привремени населби. Покрај селата се т.н гумништа или племништа, каде се врши житото. За преработка на млеко, према планините се изградени бачилишта.

  • Кошара. Изгледа како буквата П. Кровот и зидовите се обвиткани со слама. Тука овчарите спиеле со стоката на зима, па и на лето. Кај некои покрај кошарата се сретнувале и мали зградички во форма на кружен шатор, цел од слама. Служел за одгледување на пчели.
  • Бачилиште. Мала колиба од гранки и стебла. Во неа летото го поминувал некој член на семејството со млечната стока, и произведувал млечни производи.
  • Гумништа. Места во близина на селата, со плевни за сено, слама или ченканица, и шушлупки од пченки.
  • Кош. Засолниште за собраната пченка. Кошот најчесто стои покрај куќата или некаде во дворот.
  • Амбар. Најчесто стои покрај куќата, на чардакот, или пак издвоен е во дворот. Кога е издвоен, личи на мала кула и има мал дел за престојување, и тоа секогаш горе. Ако амбарот е покрај куќата, истакнат е заради промаја, односно претставува еден вид на балкон.

Народна носија

003_copy

Помеѓу регионите на Кичевијата, се согледуваат мали разлики, и затоа се обработуваат како едно исто. Носијата е составена од: кошула, клашеник, скутина, грлинка, чорапи, појас, ќурдија, калци сокај, тулбен, убрус, гајтан, накит.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.