|
||||
Бугарска пропаганда: Македонците имале исто потекло со „Бугарите“ (2 дел) |
Најстарата бугарска историја "Џафкар Тарихи", во превод "Бугарски Летописи", која ја опфаќа историјата на правите Бугари (турки народ) од нивното создавање па се` до средниот век, вели дека Кувер ги населил своите пленици Ромеи во Турун, каде тамошната река (најверојатно денешна Црна Река) била наречена Кувердара (Бахши Иман, ДЖАГФАР ТАРИХЫ (ЛЕТОПИСИ ДЖАГФАРА), ГАЗИ- БАРАДЖ ТАРИХЫ, (ЛЕТОПИСЬ ГАЗИ-БАРАДЖА),1229 - 1246 годы"О БУЛГАРСКИХ ЦАРЯХ ВСЕХ ДИНАСТИЙ"). Турун се наоѓа во Смолјанската област, на стотина километри источно од границата меѓу Пиринска Македонија и права Бугарија. Денеска Турун (бугарски Търън) е село со 800 жители. Во VII век, Турун се наоѓал во византиската тема Македонија, инаку етногеографска територија Тракија, па оттаму може таква забуна дека Кувер ги населил своите пленици во Македонија. И двата историски извори го тврдат истото, дека Кувер се населил во Смолјанската област, Тракија на исток од Солун, а не на запад, особено не во "битолското поле" кое отсекогаш го носело истото име - Пелагонија. Вистинските Бугари знаеле најдобро и најточно каде се населиле, во Турун, кој не припаѓа дури ни во границите на Пиринска Македонија, туку е уште по на исток, во Бугарија, во Смолјанската област. Дури еден македонски археолог, со немакедонско презиме, Иван Микулчиќ, базирајќи се на „Чудесата на Св. Димитрија“ измисли приказна како Кубрат населил Ромеи (Византијци) во Македонија, па дури и тврди дека материјалните остатоци (пред се` керамика и останати метални предмети) на овие луѓе се бугарски. Притоа, споменатиот господин заборавил да отиде до денешен Татарстан, од каде што потекнуваат правите Бугари и да најде материјални докази за нив, од едноставна причина што Бугарите биле номади и немале никаква култура во тоа време. Треба господинот Микулчиќ да си ја земе и прочита бугарската најстара историја, напишана од самите вистински Бугари кои сосема јасно имаат напишано дека Кубрат се населил во Турун, денешна смолјанска област, инаку област Тракија. Нема белким сега ние да ги учиме старите Бугари каде се населиле?! Сите сериозни историчари кои ја проучувале историјата за Кувер, па дури и реалните бугарски историчари се согласни дека Кувер ја населил Бугарија, а не Македонија (Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви Св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59. Н. Милев, Кубрат от историята и Кубер в чудесата на св. Димитрия Солунски, в ПСп, кн. 71 (1910), стр. 556 и сл.). Византискиот историчар Глигора вели дека Хроватос бил водач на Хрватското племе (Gregoire, op. cit., pp. 91, 104 ff.). Познатиот византски историчар и император, Константин Порфиногенет вели дека Хробатос навистина се населил во темата Македонија, инаку етногеографска област Тракија, која нема ништо заедничко со нашата вистинска Македонија, бил Хрват, а подоцна заминал во Далмација, каде станал водач на далматинските Хрвати (Constantine Porphyrogenitus, De Administrando Imperio, edited by G. Moravcsik and translated into English by R. J. H. Jenkins (Budapest, 1949), pp. 146 ff.). Дури и хрватската историографија тврди дека селото Арвати во Преспа е основано од Хрвати (M. Vasmer. "Die Slawen in Griechenland." Abhandlungen der Preussischen Akademie der Wissenschaften. Phil.-hist. Kl. No. 12. (Berlin, 1941), p. 123, 127, 175.). Но, дали се точни тврдењата на бугарската историографија дека настанало мешање на вистинските туркобугари со Македонците? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (Турки) освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како посебен фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (Турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со Турците - Селџуци, масовно преминуваат во Ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион Турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (Турки) не се исламизирале и денеска уште ги носат своите турски карактеристики - тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (Турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (Турки) во 14 век преминувале во верата на своите побројни и посилни Турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството. Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, Турките. Денеска, историчарите од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите, Варна, источна Тракија и Добруџа се населиле правите Бугари. Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со Турко-Бугари, вели дека е посебна област - (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; прото-Бугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја претставува како населена со турко-татарски народ, или мешавина. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан - Татарстан), Власи и Молдавци. Жените биле покриени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако и тие како и останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна). Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер итн. Значи, бугарската историографија е сосема збунета и дава погрешна слика за денешните бугари. Имено, денешните "Бугари" не се етнички Бугари, туку географски Бугари, со исклучок на добруџанските Бугари. Ако денеска се задржале вистинските Бугари на хан Аспарух, со свои традиции и фолклор, го задржиле својот турки јазик, вистинскиот бугарски јазик, испаѓаат ступидни тврдењата на "Бугарите" дека Македонците се Бугари. Па во Македонија нема ниту Гагаузи, ниту православни туркофонични племиња или православни Турци. Уште повеќе смешни се тврдењата дека јазикот на Св. Кирил и Методиј е бугарски, кога во 855 г., годината на создавањето на Македонската азбука, Бугарите говореле турки јазик, истиот кој денеска го говорат нивните наследници. Прашањето е дали постои воопшто бугарски јазик, кога се знае дека вистински бугарски јазик, оној туркиот на Гагаузите, Чувашите и Болгаростанците-Татарстанците е се` уште жив. Инаку, денешниве Македонци да имале Бугарско потекло, тие денеска ќе беа туркомонголски народ од жолтата раса, со коси очи и ќе зборуваа бугарски – турски јазик, оној кој се говори и денеска меѓу вистинските бугари во Чувашија и Татарстан; во таков случај, немаше средновековните македонски пишани дела како „Панонските Легенди“, разните житија на македонските светци да зборат за народот Македонски, ами за народ бугарски, немаше да пишуваат на македонски, ами турски, како вистинските бугари во Татарстан и Чувашија. |