Култура и туризам

Македонска народна архитектура

stara-arhitektura

stara-arhitekturaАко сакаме со малку зборови да ја претставиме Македонија, тогаш би рекле: тоа е библиска земја, со различни карактеристики, со природни убавини, со големо природно богатство- ретки руди, ориз, тутун… Тоа е земја со богато минато, за чија висока култура сведочат многубројните и разновидни споменици: стари ископини, тврдини, цркви, манастири, хармоничните населби и градови и над се пластичната и пејзажна народна куќа. Во неа сеуште постојат живите траги на големите култури, со посебен зачуван стандард на високо ниво на архитектонската свест.

Убавината и привлечноста на Македонија не ја прави само природата – езерата, планините, шумите и полињата, туку и квалиететот на делата на Македонците од минатото вградени во архитектонските творби. Архитектонското богатство и квалитетот на народната архитектура на Македонија се состои од дела со различни архитектонски изрази и многу типови на куќи со скалести нијанси. Ако извршиме анализа на делата на оваа архитектура, односно ако го проучиме нивниотниот облик, местоположба, однос према околината, меѓусебниот однос и односот према човекот, нивната удобност, ќе дојдеме до чудесни сознанија за снаодливоста и единствената неповотрлива концепција на безимените народни неимари. Тие знаеле да создадат дела во кои се вградени принципите кои претставуваат највисоки стремежи на денешната современа архитектура. Тоа се принципите од кои големиот светски архитект Корбизије се воодушевил на патот низ Македонија. Всушност големиот прогрес на современата архитектура Корбизије ќе го темели врз македонскиот архитектонски израз, кој е базиран на природните градежни материјали и рамноправните елементи на нив- сонцето, небото и зеленилото. Дефиницијата на Корбизије дека архитектурата е знајна игра на волуменот под сонцето, се однесува на македонската архитектура и тоа е нејзина најбитна карактеристика. Играта на волумените во македонската архитектура ги надминува архитектонските категории и спаѓа во редот на склупторски израз, а рафинираната поврзаност на таа склупторска игра во архитектурата со природата, пејзажот и зеленилото даваат оптимални решенија на пејзажна архитектура.

Овде треба да се констатира дека пластичната и пејзажна игра на македонската куќа нејзината комплексна хармоничност, никогаш не оди на штета на задоволување на нејзините практични намени и функционалност. Спротивно, македонската куќа е еминентно фунционална. Анализирајќи ја незината фунционалност доаѓаме до збунувачка аналогија кога констатираме дека македонската куќа има функционални особини како објектите во современата архитектура.

Имајќи го во предвид горното можеме да заклучиме дека македонските населби и градови живеат заедно и создаваат несекојдневно единство помеѓу нивната архитектура и природниот пејзаж. Архитектурата на овие населби е родена во ретко виден природен амбиент и меѓусебе е поврзана со прекрасен рамничарски и планински, би рекол алпски пејзаж. Оваа архитектура претставува најубава потврда за природните ткаежи и заемни растења на македонскиот простор, на каменот и дрвото, земјата и водата, сонцето и воздухот, месечината и ѕвездите, за реката и полето, за чардакот и ридот, за градот и предградието. Чудесната структура на оваа народна архитектура и во Охрид и во Велес, Кратово, Тетово, Крушево, Ново село, Кичиница, Битола, Прилеп, Брезно, Галичник и во Јанче меѓусебно е поврзана со сивите карпи, зелените шуми, бистрата вода, небеското синило и ѕвездените ноќи и месечината. Бојата на оваа архитектура е бојата на природниот пејзаж, бојата на кровот е боја на ридот и се` така архитектурата и природата се надополнуваат и прават органски осмислена целина.

Оваа архитектура за наша среќа сеуште е жива или би рекол некако преживува. Оваа архитектура не сака бесмртност, таа заслужува воскресение.

Тоа е потребно за да се огледа секој современ планер да создаде архитектура која прави просторна синтеза, на нејзината функција, на формите со околината, со пејзажот и урбаниот амбиент. Во оваа смисла македонското градителство, поточно македонската архитектура, особено оваа пејзажна архитектура, како најизразит род, изобилува со примери што се од значење за најдлабока и најсериозна архитектонска студија. Движејќи се од исток кон запад од север кон југ се среќаваме со умерени градителски волумени, форми, структури и бои кои ја почитуваат својата околина и прават една совршена заедничка рамнотежа.

Овде среќаваме органска блискост на каменот, дрвото и глината вградени во објектите со природата. Нема драстичен судир помеѓу создадената архитектура и природните материјали.

Со охридските, галичките, јанечките, тетовските куќи… исткаени се градовите и наелбите.Тие мајсторски творби го смируваат зеленилото околу себе и планинскиот амбиент, го шират недогледот на полето и ја ублажуваат напнатоста на стрмниот терен. Збирот на овие кристални призми изникнати од аморфниот терен создаваат невидени пластични доживувања во заедништво и рамнотежа со природата.

Народниот неимар со голема љубов, осет за вистинска мерка и вредност пристапил кон поставување и организирање на населбите и просторот, како и решавањето на проблемите од функционален и од естетско – обликовен карактер. Затоа одделни групации на куќи, просторите околу црквите, и чешмите меѓусебно поврзани со тесните патеки нудат изобилство на амбиетални и пејзажни содржини и вредности.

Диспозицијата на населбите овозможува инсолација со многу сонце и истовремено добивање на слободни визури кон природниот низински и планиснски пејзаж. Градејќи ги овие места народните неимари пред себе ја имале мерката за човекот, неговите суштествени потреби, топлината на соседството и хуманоста на просторот. Каменот, глината, полето, необичната стрмнa конфигурација на планинскиот терен, водите, зеленилото, беа основните елементи кои ги предизвикале народните градители и планери да изградат и да постават прекрасни избалансирани населби – спој на архитектурата и прекрасниот пејзаж. Архитектонски и урбано-рурално објектите во овие простори се поставени со длабока логика, без претензии, како едноставни кубуси изникнати од самата почва.

Затоа оваа архитектура и во 21 век во времето на вселенските летови и интернетот, останува за нас од најголем интерес, зошто е нераскинлив дел од македонскиот идентитет и повод за најсовремени стремежи во архитектурата проникнати од идеите на безимените мајстори.

Косто Граоркоски дипл. инж. арх.

Скопје 02.06.2009г.

Дело за уметноста и сопствениот идентитет

Во историјата на државите и народите, многу често, настаните на одделни периоди се важни и значајни за натамошниот државен и народен опстој. Така и денес во 21 век кога Македонија е самостојна и суверена држава, врз грбот на Македонецот тежат туѓоземните политички игри околу името на државата, пред се` отвореното и крајно нападно форсирање на негацијата на името од Грција и задскриената полтронска поддршка за свои цели од соседите и некои европски помагатели.

Македонија оваа пресвртна година мора да покаже аргументирана одбрана околу името, бидејќи се работи за нашиот идентитет, стабилноста на државата и идната нејзина интеграција во НАТО и Европската Унија. На тој пат треба да се огледаме и да го користиме примерот од нашата преродба од 19 век кога македонските преродбеници за навек со своите дела, храброст, достоинственост, мудрост и дипломатија покажаа како се чува и брани македонскоит идентитет и името Македонија. Впрочем и нашиот акдемик и македонист Блаже Коневски одбраната на посебноста на македонскиот јазик ја темелеше со делата на преродбениците Пулевски, Зографски, Шапкарев, Мажовски, Мачуковски, Мисирков и др.

Такви конкретни примери и аманети ни оставија и нашите зографи, иконописци и копаничари кои работеле ширум во црквите и манастирите на Балканот. Затоа денес, како патоказ кон нашата одбрана на сопствениот македонски идентитет, нека ни послужи еден светол лик кој се даруваше на уметноста и татковината, со посебен возвишен порив и внатрешна духовна потреба -надарениот зограф и иконописец Иван Ѓорѓев Спајовски од Галичник (1856-1926).

Иван Ѓорѓев Спајовски, потекнувајќи од македонскиот преробенички културен центар Галичник, каде природните убавини и реткости се испреплетени со реткиот и надалеку прочуен творечки дух и невиден патриотизам, за очекување било се` она што го оставил зад себе. Тоа се дела за почитување кои денес не` восхитуваат и не` прават горди. Имено овој иконописец работи во многу цркви, а најмногу во Пловдив и Пазарџик, Бугарија, каде неговите икони и остварувања лесно и брзо го пронаоѓале патот до срцата и душите на верниците пред се` заради неговото уметничко и префинето изразување. Со линиите и боите зографот Спајовски настојувал на верникот да му ја долови ,,повисоката реалност и надсетилниот свет, да му го направи поблизок и подостапен, а со неговиот мајсторски потпис за навек да го истакне својот идентитет – македонско потекло и името на својата татковина.

Така во црквата Св. Ѓорѓи во Момина Клисура оставил натпис: „Оваа црква ја иконописал Иван Георгиев, Дебарска околија, село Галичник, Македонија“. На една икона од Христос стои исто потпис: „цртал Иван Георгиев от Дебарска околија, Галичник (Македонија)“. Во црквата во Старосел Пловдив за одбележување е написот „иконописал Иван Георгиев Зограф (Македонец) село Галичник 1897“. Кај црквата „Вознесение“ во Сопотскиот манастир среќаваме потпис „иконописал Ив. Георгиев от с. Галичник, Дебарска околија (Македонија)“.

Овој знаменит зограф и иконописец во туѓина успеал со сопствените уметнички визии на светците и оргиналните потписи да го симне превезот за името Македонија и да ни остави едно силно аргументирано камче во одбрамбениот мозаик за зачувување на нашиот македонски идентитет.

Во нашата културна историографија може да се сретнат уште многу вакви податоци, за што е потребно поголемо истржување на терен и покрај тоа што многу дела намерно се уништени или љубоморно се чуваат во културните трезори на соседните држави.

Косто Граоркоски

Најново од: Култура и туризам

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top