Понеделник, 04 Јуни 2012    PDF Печати Е-пошта
Свети великомаченик кнез Јован Владимир, 4.VI/22.V

kitevski Кнезот Владимир со силен култ во Западна Македонија

Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете.

д-р Марко Китевски

Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета и Далмација, во еден период влегол во судир со царот Самуил при што бил заробен. Додека бил во затвор во него се вљубила ќерката на Самуил Теодора Косара по што  тој бил оженет со неа и вратен на престолот. Но подоцна, починал царот Самуил на 6 октомври 1014 година, а царскиот престол го наследил син му Гаврил Радомир. Но неговиот братучед Иван Владислав, (син на Арон, братот на Самуил), со подршка на византиското раководство и со измама го убил и му го презел престолот. Плашејќи се од освета на Јован Владимир, но и од неговото легитимно право на наследство, Иван Владислав решил да го ликвидира. Преку охридскиот архиепископ Давид го поканил божем на договор. Јован Владимир му поверувал на црковното лице, но веднаш по доаѓањето бил пречекан од убиец со наострен меч. Во неговото житие се вели дека бидејќи тој не можел да го убие Јован Владимир му го понудил својот меч велејќи му: „Сакаш да ме убиеш, брате, но не можеш. Еве ти го мојот меч! Готов сум да бидам убиен, како Исак и Авел!” Потоа злосторникот му ја пресекол главата, но тогаш се случило чудо. Тој со главата во рацете потрчал кон блиската црква во која паднал и ја предал душата на Бога. Тоа се случило на 22 мај (с.с.) 1016 година во Преспа. Според некои понови истражувања Св. Јован Владимир е убиен во Охрид. За место каде што е убиен се посочува црквата „Света Богородица – Челница“, а една камена плоча до неа се смета дека е местото каде што паднала главата на светителот.

Неговата сопруга го однесла во неговата земја, го погребала во црквата во која и таа го завршила животот во пост и молитви. Од моштите на светецот течело миро, се случувале чуда и се лекувале болни. Според некои преданија моштите на светецот се наоѓаат во Елбасан (Албанија). Според друго предание по убиството телото на Св. Јован Владимир било пренесено и погребано во Дебарца (Охридско) кај селото Песочани, во црквата Св. Јован Крстител. Според ова предание подоцна било пренесено во Елбасан во црквата „Шин Ѓон“ – Св. Јован.

Култот кон свети Јован Владимир бил силен и во Охридско. Во составот на манастирот Свети Наум Охридски Чудотворец имало камбанарија што го носела името на Свети Јован Владимир. Според преданието дел од моштите на свети Јован Владимир тука биле донесени од Елбасан. Народот ги бакнувал, а потоа биле заѕидани во темелот на црквата.

Култот кон Свети Јован Владимир многу бил раширен во Голо Брдо, област населена со Македонци, по делбите на Македонија останат во Албанија. „Во некои села многу се раскажува за Св. Јован Владимир,  во чиј манастир кај Елбасан оделе луѓето од Стеблево, Себишта, Гиневац, Клењ, Борово, Окштун и Забузун. Во тој манастир се одело на 24 јуни, потоа во есен и во зима, а покрај православните оделе и муслимани. Свети Јован, кого на арбанашки начин го викаат Шин Ѓон, го сметаат за чудотворец.

Еве што се раскажува за него:

Св. Јован бил владар и зет на некој цар. Потоа го наклеветиле кај тестот дека е женкар. А тој бил светец. Тестот се налутил на него и тргнал со војска на него. Го нашол на Кафа Сан меѓу Струга и Елбасан. Ја извадил сабјата но сабјата не можела да го пресече. Свети Јован му ја дал својата сабја, и со неа неговиот тест го исекол. Со отсечената глава што ја носел во рацете одел Св. Јован до местото каде што сега се наоѓа неговиот манастир, а каде што имало еден даб. Кога Св. Јован дошол до него дабот му се поклонил и тука Владимир паднал. Потоа тука е подигнат манастирот. Уште, се раскажува дека  за време на Втората светска војна Италијаните сакале да го однесат кивотот на Св. Владимир, но не можеле да го кренат. Очигледно повеќе претстави од народното паметење нашле место во овие преданија.

Од книгата „Македонски празници“ од Марко Китевски, Скопје 2001.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.