Среда, 07 Септември 2011    PDF Печати Е-пошта
Чест и почит - Панко Стамкоски (3)

 

Специјална чест и почит, за починатите лидери на иселеништвото, во прославата на 20 годишнината на суверена Република Македонија

Вечна слава, помен и лесна земја, на покојни, видни лидери на Македонското движење, во дијаспората, што работеа за денешната слобода и осамостојувањето на суверена Република Македонија.

janko_tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

По повод 20 годишнината од осамостојување на Република Македонија, редно е да им се одаде признание и почит на досега покојните Македонски патриоти, а посебно на раководствата и специјално на лидерите кои во македонската емиграција, во западната хемисвера, го дадоа својот дагоцен придонес, за денес да имаме слободна демократска држава Република Македонија.

Нивната пожртвувана патриотска активност, за стварање на демокраски политички Македонски организации и партии во дијаспората, организирајки ја и информирајќи ја целосно Македонската емиграција, го донесе својот резултат, а тоа е донесувањето на плурарниот демократски систем на владеењето во Република Македонија, од новите втори татковини, на иселениците, од демократскиот западен свет.

Панко Стамкоски, демократ, 1938 - 2007

PankoПанко Стамкоски, демократ, роден во с. Ерменско, Егејска Македонија, во 1938 - година- почина на 10 Јули 2007 година, во Мелбурн, Австралија.

Карактеристично за патриотската активност на Панко, е тоа што тој беше активен член на Поткомитет на ДООМ, во Мелбурн, ги подржуваше МОК, ДООМ , НМРО и НОФМ, а беше и назначен за потпретседател на Координативниот Одбор на ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, за диаспората,од претседателот Драган Богдановски.

Со група “Деца бегалци” и со членови од своето семејство, при завршувањето на Граѓанска Војна на Грција, се населува во Скопје, Република Македонија.

Првите години околу почетокот на 50-те, од миналиот век, Панко со таткому живееше, извесно време, во барака во “Срушена куќа” (денешна нова зграда на Евангелистичка црква, близу “Железничка Колонија” и “Универзална” во Скопје, каде како деца си игравме со другарите, за кое тој се присетуваше. Во истата барака, по Панко, живееја во беда стари Македонци, избегани од Граганската војна на Грција, зошто беа означени како инфорбировци-сталинисти. Ние од маалото им помагавме со храна.

Талентот за драмска уметност, на Панко Стамкоски, му дава вработување во Народниот театар на Македонија, во Скопје, каде со групата на познатиот глумец Петре Прличко, учествува во разни театарски престави, во 50-те години, патува со Прличко, со подвижниот театар низ републиката.

Панко Стамкоски, стапува во брак со Марика, во 1956 година и добиваат два сина: Тони и Џорџ.

Семејството Стамкоски, емигрира во Австралија, Мелбурн, во 1962 година. Се населува во Билтон, 150 км. северно од Мелбурн. Панко, од тој период пропагира, мегу македонското иселеништво, за стварање на суверена Македонска држава и одвојување од Србо-комунистичката Југославија. Притоа се поврзува со Драган Богдановски и со ДООМ, како и со поедини Македонски патриоти од Германија и Шведска. Се преплатува и почнува да ги добива и броевите на “Македонска нација”.

Панко Стамкоски, во почетокот на 80-те, се поврзува и со Народна Македонска Револуционерна Организација (НМРО) од Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија, со сега починатите интелектуалци, емигранит од Пиринска Македонија, Крсто Јанчев Димитров, Ѓорги Чочков и други патриоти, кои го издаваат списанието “Глас на Македонците”. Во 1986 година, се запознаваме со Панко, во кое исто списание публикуваме патриотски написи, од активноста на ТНМРО-Перт, З.Австралија.

Панко Стамкоски, во првата половина на 80-те, оформува Македонски неделен весник “Македонија” и скоро до крајот на неговиот живот, го уредува, досега со најсилни Македонски патриотски содржини, повици за демонстраци и сл., во кои и тој учествува во нивната организација и спроведување, во Мелбурн, Канбера, Сиднеј и Вулонгонг, Австралија. Со тие актуелни активности, соопштенија и информации, Панко прикажува виден интерес кај Македонската емиграција на Австралија, која масовно го прифака него, како патриот и со тоа и патриотски весник “Македонија”.

Покрај редактирање на весникот “Македонија”, ја преведува старата оригинална карта на Македонија, од Бугарски написи, на градовите и селата, на Македонски, која била изработена во Франција, во миналиот век, а пуштена во продажба од Божин Павловски. Иљадници Македонци ја набавуваат таа карта, која е во голема величина и со неа ги красат своите домови и се гордеат на својата родна земја Македонија. Акцијата за печатење на серија Македонски познати икони, на светци,на Панко, не му успева, од материјални причини.

Панко е поборник за модерниот вистински израз за Македонската историја, посебно за античкиот период, на Македонците и на Македонија. Тој почнува да ги користи книгите, по библиотеките, во кои пишува за македонската историја, во кои наоѓа драгоцени информации, кои го побиваат, званичниот став на комунистите и југословените, за наводниот “Заткарпатен словенизам на македонците во Македонија, од 5-6 век. по Христа”.

Заедно со моите историјски наоди и дела, двајцата сме едни од најактивните во расветлувањето на македонската историјска –античката вистина, на македонците, во македонската емиграција. Панко јавно ги критикува сите Македонски историчари, политичари и комунисти на Македонија и Југославија, кои многумина , од нив, иако имаа способности, смртно се плашеа од УДБ-а-Југославија, да ја пишуваат историјската вистина и да навлезат во суштина на македонската историја.

Панко Стамкоски, активен во една од поткомитетите на ДООМ во Австралија, соработник со НМРО и “Глас на македонците” од Сиднеј, разочаран е од затајаната активност на ДООМ и на “Македонска нација”, кои биле под водство на Солунски и на Ристески, после 4-тиот Конгрес на ДООМ, кој од многу патриоти не беше признает. Стагнацијата била и во тоа што немало комуникации мегу старите членови на ДООМ, кои биле активни пред Конгресот, во 1977 година, кога Драган бива киднапиран од УДБ-а и одведен во Југославиија, во затвор.

Панко,на 16 и 17 Мај 1981 одина, во Мелбурн, Австралија, организира Конференција со преставници на повеќето Македонски организации, во кои учествувал и преставник на Поткомитети на ДООМ од Европа.

Панко, на конференцијата во Мелбурн, во 1981 година, барал да му се даде согласност, за да биде едитор на “Македонска нација”, за да ја дотера блиску до нејзиниот почеток на печатењето.

На конференцијата во Мелбурн, на ДООМ, главни точки на дневниот ред биле: а) Да се најдат причините за стагнација на активноста на ДООМ; б) Да се најдат причините за отпаднување на квалитетот на “Македонска нација” и в) Да се изнајде начин за сузбивање на сумњите на истомислениците и да се створи хармонија во мегусебните односи.

Панко Стамкоски е поборник за вклучување на сите Македонски православни цркви и манастири, во Австралија, под организација на Македонската православна епархија на Австралија. Заедно со него, ние бевме најголемите подржувачи на новиот метрополит, владиката Петар,во периодот од 1997-2004 година, со публикување написи во “Македонија”, во што верувавме во неговите добри намери.

Уште од самиот почеток, на изградбите на македонските цркви и манастири, во Австралија, иако поголемиот дел на македонските свештеници во Австралија, беа “пиони” на УДБ-а, сепак бевме за единствена организација на црковниот живот на Македонците во Австралија. Тоа влијаеше врз нашите согледувања за негативно-финансијско раководење на првата Македонска црква во диаспората “Св. Ѓорги,” од Фицроид, Мелбурн, Австралија. Тие финансови средства, од дарителите- Македонски емигрант, никако не го помогнаа Македонското движење, при неговото организирање на национално-политички организации, во Австралија. За движењето се

користеа личните средства на македонските патриоти, кои беа недоволни за поголем успех.

Од тогаш, сите македонски патриоти сакаа црковно единсто и беа против тие кои тоа не го сакаа, имајки горчливи искуства, од влијанијата на дел од УДБ-ашките свештеници, кои мора да работат за комунистите и средствата да се одлеваат во непознати џебови, во СРМ. Тие раководства на Македонски општини, сакаа црквите да бидат раководени само од нив, кои со свои средства ги изградиле тие цркви и манастири. а со канонските закони на САС на МПЦ

При самото оформување на весникот “Македонија”, од Мелбурн, кој стана вистински патриотски, Македонците од Егеј се оградија и не соработуваа со уреденикот Панко Стамкоски и не го сакаа весникот, дека беше анти-југословенски и анти-комунистички весник. Така при крајот на 80-те години, тие оформија неделен весник “Австралијско-Македонски неделник”(АМН).Тој весник беше поткрепен од СР Македонија, од комунистичките интелектуалци, како и од Матицата на иселениците на Македонија.

Почнаа мегусебни препукувања, во кои продолжија до завршувањето на судските постапки, во судовите на Мелбурн, Викторија. Тужителите на Панко Стамкоски беа поедини видни членови на раководства, на Австралијско Македонска организација за човекови права, меѓу кои познат барист и адвокат, наводно, за лични навреди кон нив.

Последен пат се видовме со Панко, при неговата посета, заедно со супругата Марика, во мојот дом во Нуса, Квинсланд, во почетокот на 2002-2003 година, изнемогнат, болен и разочаран, се пожали дека морал да ја продаде куќата, за да ги плати казните (Околу $100.000.00),Судските казни ги платил на тужителите и дека весникот “Македонија”, пропаднал и престанал да го печати, за кој никој не му понудил повеке од $10.000.00. Панко отворено ги подржуваше правилните патриоти, а неправилните во очи им ја кажуваше нивната заблуда и штетноста за Македонското движење.

Вечна ти слава и лесна ти земја голем незаборавен пријателе на Македонската демократија и на Македонците.

Во наредниот број со податоци за активностите на активистите, починатите патриоти, како што беа, Михаил Шариновски-Солунски, претседател на ДООМ и уредник на извесен број на “Македонска нација”, заедно со Ристе Ристевски, кој беше извесно време потпретседател на ДООМ, од Сиднеј. Крсто Јанчев Димитров, заедно со Ѓорги Чучков, од Сиднеј, едни од важните лидери на НМРО од Сиднеј и едни од уредниците на списанието “Глас на Македонците”, а и кои во првата половина на 80-те ја издаваа, во неколку броја “Македонска нација”,Крсто Шкодров, член на ТНМРО, од Перт и член на Поткомитетот за МЧП, Стојан Србинов, од Мелбурн и други починати патриоти.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.