Среда, 07 Декември 2011    PDF Печати Е-пошта
Мала република во Овчеполието

Ристо Гонев

Никаде во Светиниколско не живеат толку луѓе од разни народи и народности како во Милино и веројатно никаде луѓето не живеат во таква слога како во ова село. Ако може да се употреби атрибут, тогаш зборот единство би бил најприкладен.

До 1956 година во Милино живееја исклучиво Турци. Од нив останаа само две семејства, а потоа за релативно кратко време, кон овие староседелци, се приклучија Македонци од Кратовско и Кривопаланечко, Срби од Прибој и Рудо, Босанци од Фоча и Горажде, Црногорци – Муслимани од Плевља, Иванград и Рожај, Албанци од Урошевац и Сува Река.

Веднаш по населувањето тие се организираа и во почетокот на 1957 година формираа земјоделска задруга што подоцна се интегрира со ЗИК “Овче Поле”, а сега е економска единица на погонот од Џумајлија. Почнаа со 200 хектари обработлива површина, а сега имаат 1700. Дури и во овој сушен период средните приноси од пченица изнесуваат 2300 кгр од хектар, а од јачменот до 3000 кгр. Раководителот на економската единица Мехмет Саковиќ ни рече дека жедно ја очекуваат водата од брегалничкиот систем што овде ќе стигне догодина и која наполно ќе ја измени структурата на земјоделските култури. За обработка на овие површини стојат на располагање 13 тешки и лесни трактори и потребен број приклучни машини и тие се даваат на услуга на жителите, така што секоја педа земја се обработува со механизација.

Половина село со машини за шиење

Тешко е да се каже што е она – заедничко, што ги сврзува овие луѓе, но едно е точно дека тие живеат во слога и разбирање, во соработка и пријателство, и дека не се памети дека некој со некого се скарал.

Ибро Јонус живее во горниоткрај на селото. Кога го посетивме, ја остави работата, не покани да влеземе в куќа и откако разбра зошто сме дојдени, и рече гласно на домаќинката:

-Прво свари едно кафе!

Иако е дојден само пред неколку години, Ибро зборува течно македонски. Не запозна со многу работи, од првиот ден на неговото доаѓање во Милино.

-Бидејќи децата ни беа од разни народи и народности, општината веднаш обезбеди услови нормални за школување на  мајчин јазик и ангажира учители,-раскажува Ибро. Меѓутоа, децата покажуваа слаб успех во учењето и еднаш, веќе не се сеќавам пред колку години, се собравме и решивме тие да учат на еден-македонски јазик. Наскоро се покажаа и резултатите, зашто успехот на учениците се подобри.

Раскажуваше Ибро долго, не ја заборави и струјата и водата, истакнувајќи дека тие во Милино се доведени со помош на општината Свети Николе. Денес сите ја користат струјата а 75 домаќиинства користат и селски чешми и неколку бунари.

-Жнеевме сложно, како сите да сме од една мајка – продолжи Ибро. Имавме проблеми со оние што доаѓаат, но и нив брзо ги навикнувавме на заедничкиот живот, и тие се прилагодуваа на нашиот начин на живеење.Си помагаме како браќа, се разбираме до крајни граници. Кога има некоја семејна веселба или свадба, или нешто друго, се собираме сите и тогаш можат да се чујат разни песни, на македонски, албански, српски, турски...

Ахмет Хусовиќ е продавач во продавницата на претпријатието “Прогрес” од Свети Николе. Таму и го водевме разговорот со него, во кој дознавме дека со воведувањето на струјата секое домаќинство има набавено електрични уреди за домаќинствата, половина село има машини за шиење, секоја куќа располага со радио-приемник, а секоја трета со телевизор. Во пространата продавница имаше доста луѓе. Едни пиеја пиво, други сокови, сите разговараа – на разни јазици. Младинецот Драган Давитков зборуваше со Стојко Ристов на македонски, му се обраќаше на Рахмо Прљача на српскохрватски, Јонуз Кадрија конверзираше со Лазо Андов на македонски и така редум. Слично како и во ресторанот за општествена исхрана на комбинатот, каде работат работници од повеќе народи и народности. Разговараа за работата, за дождот кој штотуку беше паднал, за тоа што треба да направат во селото за да живеат уште подобро.

Месната заедница – центар за сите акции

-Кога дојдовме овде од Плевље, вели Хусо Чардаклија, за нас многу култури, како тутунот, памукот, афионот и наутот, беа непознати. И многумина други - од други краишта – не знаеја многу за нив. Сега, речиси сите произведуваме тутун. Јас сум шофер во “Овче Поле”, но одгледувам тутун и памук. Оние кои немаат сопствена земја, земаат под наем од соседите или пак од комбинатот, но сите нешто работат.

Од неодамна во Милино имаат свој фудбалски клуб “Единство”. Минатата година го освоија првото место во Општинската фудбалска лига, која годинава, на нивна жал, се укина. Со гордост раскажуваат за своите победи, одделно за онаа над соседите од Џумајлија со 10:0! Во недостиг на противници младинците се разонодуваат поделени во две екипи. И тука се од разни страни. Тројца од семејството Јонузови – Кадрија, Уснија и Енес, тројца од Бачиќ – Есат, Раско и Омер, потоа Омер Кележиш, Драган и Ное Давитковиќ, Изет Реџепов, Лазо и Дане Андонови, Рахмо Прљача, Секула Саковиќ, Шахин Гуџевиќ и Стојко Ристов. Сите тие вредно тренираат, надевајќи се дека општинската фудбалска лига пак ќе биде формирана и дека одново ќе станат прваци.

 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.