|
|
Погромите на верата за време на Константин Велики (3 дел) |
Олга Новачева Четвртиот век од новата ера е многу битен во повеста на македонските династии. Градот на царевите- Константинопол со целата своја раскошна македонска архитектура и со оживеани антички вредности станува поле на верски раздори. Токму тука започнува процесот на уништување на македонската верска традиција. Токму тука се прави еден вид работилница на создавање на христијанството. Официјалните записи велат дека Константин морал да ја синтетизира аријанската со православната вера,да го смири отпорот на следбениците на Ариј. Иако за Ариј се вели дека е александриски свештеник и ученик на Лукијан од Антиохија, сепак неговото потекло и личност се завиткани во тајна. Во врска со прогоните од тоа време се судруваме со мошне проблематично тврдење дека биле прогонувани и Аријаните и христијаните и дека тоа се две противположени групи на верници. Во современата литература аријанството се поистоветува и со паганството како вера која се коси со принципите на христијанството. Но сепак, најмногу биле прогонувани христијаните,ни соопштуваат скоро сите истражувачи кои се занимаваат со оваа тема. Аријанство е учење според кое меѓу другото, Синот не е иста совршена креација како Отецот, што не и одговарало на тогашната црква. Таа пак тврдела дека и Отецот и Синот се едносушни. На првиот вселенски собор во 325 година Аријаните ја губат битката и биле прогонети. Во врска со прогоните треба да се разграничи кое е и што е. Да, ќе речеме ги прогонувале христијаните, но да потенцираме- ги прогонувале аријските христијани. Тоа е верата на нашите македонски предци. Значи не биле прогонувани христијаните, оние кои денес ги знаеме според официјалната литература туку овие кои го поддржувале исконското или изворното христијанство. Ги прогонувале нашите,Македонците, кои биле тврди и не сакале да отстапат од верувањето кое се пренесувало со милениуми. Замислете да ви наредат да не верувате во Големата мајка Ма или во Тројството, ви ја одземаат женската компонента без која не може да се замисли продолжување на родот? Татко,Мајка и Синот (породот) е логично и наједноставно наследување. Тајната на прогонувањата допрва ќе се отвори,а во интерес на вистината тука можеме да наведеме податок како наследниците на Константин Први се обидуваат со сите сили да ја афирмираат античката македонската филозофија и култура во рамките на новото создадено македонско царство во Константинопол. Пол Лемерл (Paul Lemerle ) истражувал како Византија (обновена Македонија) го спасувала античкото наследство кое како такво требало да остане во нашата денешна историја. Паганинот Темистије,како го бележат во тоа време,најмногу сторил за враќање и зачувување на старите записи на македонските мудреци. Се наведува негов најзначаен говор во чест на Констанције, синот на Константин Велики (337-361) од 1 јануари 357 година. Во тој говор му честита на царот дека од престолнината создал збирка на дела на античка (грчка?) македонска книжевност. Темистије изјавува дека Констанције на Цариград му ги прибавил сите блага кои би можеле да му ги дадат живите,и не само тие,туку и оние кои ги пружат мртвите. Тој ги воскреснува од гробовите душите на мудреците и јунаците од минатото. Душата на Мудрецот е Sophia nous и logos; гроб во која таа лежи се нејзините книги. Долго запоставени тие биле осудувани на брза пропаст. Костанције наредил тие да бидат вратени во живот и за овој потфат одредил еден старешина и парични средства. Што се однесува до работнците тоа не се ковачи, столари или ѕидари туку стручњаци во вештината на Кадмо и Паламед (писма), вешти да ја отргнат душата од нејзината стара облека и да ја пренесат во друга, нова и потрајна. Така наскоро ќе оживеат Платон,Аристотел, Демостен,Исократ и Тукидид. И нема да оживеат само тие туку и најголемите следбеници на Хомер и Хесиод, Хрисип,Зенон и Клеант и хоровите на Лицејот и Академијата и децата на Музите;со еден збор неброена војска на стара мудрост, дури и оние најретките и најскриените. Констације ги вратил сите од Адот, најпознатите и најучените- цветот на стара Грција(?) (Lemerle Paul-Byzance et la tradition des lettres helleniques,,(Византија и традиција хеленске књижевности, Београд.1962) Од една страна се настојува да се пренесе целата древно македонска уметност и култура (Констанциј, подоцна Јулијан),од друга страна Константинопол станува еден вид на работилница на создавање на христијанството. Што тоа значи? Мислиме на активно превземање на севозможни мерки да се обликува нова вера, да се создаде религија. Од денешен аспект поимот религија го прифаќаме како сосема сфатлива категорија,но во тоа време не било така. Се случувале низа настани- од Никејските собори се до ново-пишани записи кои ќе станат основа на верската содржина. Каква е таа работилница? Кои и какви мерки се превземаат? Кои елементи ја одликуваат таа ера, таа скриена историја на прилагодување на новите верски законитости? Во овој дел ќе приложиме неколку елементи преку кои може да се отслика промената на верските традиции на древните Македонци. 1.Се одземаат ритуалите и обредите на милениумска традиција. Кога велиме дека се одземаат ритуалите на милениумската традиција мислиме на забрана на светите и на дел од обичните, секојдневните кои ги извршувале древните Македонци. Светите тајни, светото знаење од различни автори различно се објаснува со цел да се загуби трагата на Македонизмот. Ритуалите,светите тајни и церемониите вредни се во онаа мера во која ги потсетуваат луѓето кои во нив учествуваат на вистинската природа на нештата,на тоа што би требало да бидат и што би требало да биде нивната врска со светот и неговата Божествена Суштина. (Олдус Хаксли ,,Вечна филозофија,,) Значи се случил прекин со сето она што постоело како одлика на целокупниот живот и култура на постоење на древните Македонци. 2.Ги забрануваат Мистериите Се забрануваат Мистериите со сила,со казни и прогони. Целта е јасна да не ги потсетува на македонската вера,на патот на спознавањето,на просветлувањето. 3.Основната молитва ,,Оче наш,,која отсекогаш постоела, ја изменуваат. Основната молитва која ние денес ја знаеме постоела во тоа древно македонско време,но во поинаква форма и пеење. Во тие бурни времиња кога се прават сите усилија да се уништи македонскиот код, се менува дел од содржината на молитвата. Со таквата промена се менуваат вибрациите при молитвењето,а со тоа намалена е нејзината моќ. -Тајната која се крие во паметењето може да биде откриена. Д.Успенски во својата книга ,,Новиот модел на Универзумот,, во врска со молитвата ,,Оче наш,, вели-Потеклото на молитвата е непознато, во ,,Друг Алкибијад,, кај Платон,Сократ ја цитира молитвата која многу потсетува на ,,Оче наш,,. Се мисли дека молитвата има Питагорејско потекло. - Кај гностиците молитвата ,,Оче наш,, која е е основна молитва на христијанството,била сосема поинаква од оваа што денес ја познаваме. Во апокрифот ,,Евангелие на идеален живот,, е напишано дека Исус им рекол на апостолите: Еве зошто треба да се молите —Оче наш кој си над нас и во нас да свети името Твое. Оваа варијанта веројатно се јавува како првопочетна или изворна молитвата. . (http://www.omkara.ru/madonna/part20.htm) - Од страна на историчарите од британскиот национален музеј во мај 2002 година неочекувано бил пронајден досега непознат документ на египетски јазик со текст на молитва која е слична на нам добро позната молитва ,,Оче наш,,. Свитокот бил датиран од пред 1000 година п.н.е. Се изјаснило дека тоа била молитвата на Ехнатон, познат фараон кој според историски извори вовел еднобожество во Египет,но кое не успеало да се задржи. Древниот текст скоро ја повторува молитвата на,, Оче наш,, која денес ја познаваме. http://www.youtube.com/watch?v=VPqmLuYVzbIХристијанство 4. Божица Мајка како замена за Големата мајка Ма Оставена е Божицата Ма,но сега изменета како девица Марија бидејќи овој култ бил најсилен и без него не би можело да се владее. Еден од најдобрите примери на таквото превземање на елементите од паганската религија е дозвола од страна на официјалната црква да се продолжи со обожовување на Божицата Мајка-со некои мали измени и со ново име. Како што кажавме многу пагани биле привлечени кон христијанството,но нивното обожавање кон Божицата Мајка било толку вкоренето што никако не сакале да го напуштат. Црквените водачи виделе ако во христијанството пронајдат сличности со обожовување на божицата Мајка наголемо ќе се зголеми бројот на верниците. А кој би можел да ја надомести ,,големата Мајка,, од паганската религија? Секако дека најлогично тоа би била Марија,Исусовата мајка. Зошто не би допуштиле на луѓето да продолжат со поклонување и со молитви на Божицата Мајка,ако ја наречат Марија место со имиња кои дотогаш биле познати. (http://www.mediafire.com/view/?lrpboli8p2vn0p0 Ralf Vudrou—VAVILONSKA MISTERIJSKA RELIGIJA Ideologija otpalog hrišćanstva –Metaphysica) Празниците за Богородица се позајмени од тајните книги. Според Ирена Сергеевна Свенцицка од Москва, која важи за угледен експерт во истражувањето на тајните книги на првите христијани, изучувањето на ракописите кои црквата ги нарекува тајни и фалшливи, а кои во реалноста биле многу почитувани во почетокот на нашата ера од значителен број верници-христијани, дава можност да се востанови вистинската историја на раното христијанство, но и да се разбере како се создавале светите книги. Тајните книги се вусшност древно македонски текстови,но тие со текот на време во првите три-четири века се забрануваат. Новиот Завет требаше да биде наследен од овие записи,но Црквата со воведување на догматското христијанство многу суштински работи нареди да се отстранат од нив. Тајните книги или апокрифните записи сепак денес се актуелни и се отвораат за јавноста. Со тоа можеме да видиме што и како е променето од исконската вера на Македонците. За да го придобијат народот и да владеат со него (бидејќи целата територија била македонска) морале да го востановат култот кон Богородица. Тоа го прават поради почитта и милениумската традиција на Македонците да ја слават Големата Мајка- Ма 5.Се укинува верувањето во инкарнациите на душата. Со забрана на верувањето за инкарнација се раскинува врската со создавањето на човешвото,се губи правилната претстава за причинско-последични поврзаности и се востановува нова идеологија на рајот и пеколот. 6.Објаснувањето за Спасението се извртува Кој е Спасителот и од што нѐ спасува? Во денешните христијански молитви Спасителот е Исус Христос кој нѐ спасува од нашите грешки. Ако во денешото христијанство Спасението се бара преку црквата, пред тоа,пред погромите на верата, Спасението може секој сам да го постигне. Затоа и била изменета догмата за Спасението. Поранешното сфаќање на спасување било сосема поинакво. Орфејското учење фанатично објавува аскетска етика и религија на спасување. Сите македонски Мистерии се одвивале во знак на благодарност за самоспознанието кое ги води луѓето кон спасение. Спасението е чин против незнаење. Душата заробена во телото треба да дише и да управува, да создава племенитост. За ослободување на духовната искра од темната душа го повикуваат Исус Христос Спасителот. Но главната задача на Исус била да ја соопшти гносата (самоспознанието) преку која ќе се откријат сите тајни на скриениот пат. 7.Одземање на женскиот принцип од Тројството Можеби најважната работа е што се одзеде женскиот принцип од Тројството,а тој е носител на инстинктот и интуицијата. Место да се остави едноставниот, природно разбирливиот универзален принцип на Татко,Мајка и Синот (односно породот) се затскрива женската компонента. Симболиката е нарушена. Со тоа се нарушува космичката рамнотежа, се губи суштинското сфаќање на двојноста во овој материјален свет. Поради овој елемент Богомилите подоцна најмногу биле прогонувани. Прикажувајќи ги разликите во официјалните,од една страна и тајните и недостапни записи,од друга страна, се обидуваме да дадеме правец кон новата ера во која повторно ќе се востанови рамнотежата меѓу науката и религијата,повторно ќе биде примарно самоспознанието. Тој правец полека се вживува во човековата психологија и свест, со тоа сите ние допринесуваме да се обзнани македонската вистина.
|