Среда, 10 Септември 2014   
Погромите на верата за време на Константин Велики (2 дел)

Олга Новачева

konstantin-veliki

Во периодот на владеење на Константин Први Велики се случуваат битни настани од верски карактер кои до ден денешен не се објаснети или се неправилно толкувани. Тоа е период кога се случуваат најкрвавите пресметки со приврзаниците на македонската вера. Оставен ни е аманетот да ја проучиме една од најинтересните епохи на препород на македонското царство.

За последните 17 века се се направи за да се истисне блескавата македонска традиција која секогаш носи светлина во развојот на светот. Досегашното сфаќање за почетокот на христијанството веќе претрпува промени и зафаќа поинакво поимање за неговиот почеток  заедно со настанувањето на Новиот Завет. Потребно е да се ревидираат термините на паганството и на аријанството создадени насила и кои денес погрешно ни се претставуваат. Потребно е да се исчистат многу извртени тези за животот и делувањето на Константин  Велики кои ни се презентирани преку официјалните записи. Тие носат несигурност и сомнеж.

Да наведеме дел од текстот превземен од официјалната македонска наука кој се однесува на  судирите во тогашното постоење на македонската империја.

Со тенденција да го обезбеди единството во сложениот регион, Константин Први непосредно пред смртта ја инкорпонирал Македонија како диецеза во рамките на новоформираната централна префектура Италија-Илирик-Африка.Меѓутоа мошне брзои со сета жестина се појавила неодржливоста на единството на Римската империја во династички судирпомеѓу синовите на Константин кои ги спротивставиле различните политички и идеолошки концепции на Западот и Истокот. Ваквите тенденции посебно се рефлектирале врз Македонија која влегувајќи во политичко-идеолошката орбита на Западот се нафрла на самата граница на новите сфери на влијание. Цврсто застанувајќи зад Никејската догма и зад позициите на Западната црква Македонија не отстапувала од црковната определба ниту во периодот на доминација на аријанството за време на императорот Констанциј Втори (337-361).

http://www.scribd.com/doc/67790259/Istorija-Na-Makedonskiot-Narod-History-of-the-Macedonian-People  str. 74

Се поставуваат повеќе прашања во интерес на одгатнување на вистината. Која била Никејската догма поврзана со Западната Црква и дали навистина токму за време на Константин таа би можела да преовладува? Зарем е можно така лесно да се откаже од симболот на сонцето, од македонските антички богови кои судбоносно ги отсликувале  универзалните правила на Природата? Зошто Константин до крајот на својот живот го задржал сончевиот  симбол? Зошто ни се вели дека дури пред смртта бил покрстен од Еузебиус Цезарејски, за кого се вели дека е Аријанец и тоа во ариевска христијанска црква?

Тема деликатна и претставува лизгав терен за објаснување. За да нема недоразбирање треба веднаш да укажеме дека христијанството имало свои фази на развиток, на прилагодување и менување во зависност од низа историски случувања. Оваа тема секогаш побудувала интерес и во секое доба имало истражувачи кои се обидувале да разјаснат многу нешта. Во последно време се` повеќе се назначуваат неколку придавки на христијанството како што се: рано христијанство или првопочетно, пра-христијанство, мистично, езотерично или гностичко, аријско, изворно и догматско христијанство.

Римјаните ги изгореле првите записи и ги протерале приврзаниците на првичното христијанство со цел да се продолжи со нивното владеење. Всушност ги убивале оние кои сакале да ја зачуваат милениумската традиција на вера и славење на Бога. Римската Црква ги превзела учењата кои биле зачувани во гностичките Евангелија, по своја желба ги преправила како нејзе и одговарало и таквите под сила и закон морале да се прифатат. Ги изгореле, но секако дека останале многу скриени докази кои укажуваат на се` поактуелната теза за првичноста на македонското наследство во вид на јазик и симболи.

Мајката на Александар Олимпија (Марија) му зборувала на Александар: Ти имаш аманет од твоите пра-пра-дедовци да тргнеш на својот истражувачко-ослободителен пат. Ти си синко одбран од Севишниот да ја реинкарнираш македонската цивилизација и култура. (Костурски П. и Поповски Р.-„Александар Македонски-Македонизам“)

Оваа порака за реинкарнација на македонската цивилизација и култура не е оставена само на времето на Александар. Таа има траен карактер и се пренесува дури до денешно време. Таа порака е за сите македонски династи, кралеви и цареви, за сите оние кои се прославиле токму со овој аманет. Меѓу нив е и Константин Први.

Македонските кралеви биле и првосвештеници и војсководачи. Иницирани и воведени во тајното знаење токму поради аманетот за реинкарнација. Оттука треба да одбележиме некои назнаки кои ги поврзуваат македонските лози. Би назначиле три основни белези од времето на Константи Први. Тоа се: крстот, сонцето, знакот на божицата Атина кој е вметнат при осветувањето на градот Константинопол.

За крстот е веќе речено како визија на царот пред победата за освојување на Рим. Во официјалните записи постојат многу проблематични укажувања за култот кон сонцето поврзани со верувањето на Константин.

Познат е култот на древните Македонци кон сонцето. Тие го славеле своето потекло, го празнувале и го одбележувале секаде. Да се потсетиме на Пердика кој црта магиски круг околу сончевата светлина покажувајќи со тоа дека е крал свештеник, посредник меѓу Македонците и боговите. За да има победи во војните војската морала да биде предводена токму од овие кралеви-свештеници.

Култот или обожувањето на сонцето е карактеристичен знак од најстари времиња и има низа документи, записи, артефакти кои го докажуваат сонцето како симбол на древните Македонци. При тоа да потенцираме дека осумзрачното сонце е постаро од традиционалното нам добро познато шеснаесетзрачно сонце.

Константин бил војсководач и маг. Го нарекувале Врховен жрец. Пораснат и воспитуван во Никомедија (Мала Азија) во палатата на Диоклецијан, далеку од Рим, воспитуван да знае за потеклото на човештвото, за потеклото на Македонците. А потеклото на Македонците е поврзано со сонцето. Со светлината.

Во 321 година го востановил празникот на сонцето за сите граѓани на единствената  држава. Недела како ден во седмицата бил ден на молитва и славење на сонцето. Бог е израз на сонцето, на светлината и топлината, на зародишот и на создавањето. Им зборувал на своите луѓе да кренат раце кон небото т.е. сонцето и да пеат: „Тебе единствен Те признаваме, како Бог и крал, Тебе Те повикуваме како наш спасител, од Тебе и со Тебе добиваме победи“. Овие наизглед ситни податоци можеби некому нема да бидат забележителни и затоа мора да кажеме дека она што беше Сонцето подоцна стана обележје на Бог Татко, а на Никејскиот Собор во 325 година неделата била одбрана за ден на воскреснувањето.                                                                                        

Тој исто така ги спроведувал магичните (пагански) ритуали за заштита на жетвата и исцелување од болести. До 320-322 година на Константиновите споменици и пари се појавуваат сончеви симболи.

За сонцето Бранко Сотировски ни дава интересен текст во својата чудесна книга ,,Зета Македонија“:За Македонците сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микро космосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Космосот претставува божји пат низ сите делови на божествeниот поглед ЅЕ“ во вселената преку молњата „Ѕ“- „ЅЕ“. Космосот или кос-мост е и патот на самото Сонце на небескиот свод. Кос–мос е и оската на божјата МА што претставува мост со својот наклон на четирите годишни периоди. Космосот е спој или љубовен допир на времето, материјата и просторот,спој  помеѓу сончевите зраци, наречени ИЛ и земјата наречена МА, која во прегратките на вселената оплодена од сончевите зраци создава плод за луѓето, боговите Македонци.

Бранко Сотировски -,,Зета Македонија,, том први. http://zetamacedonia.com/Media/68/%D0%97%D0%95%D0%A2%D0%90%20%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90,%20%D0%A2%D0%9E%D0%9C%20%D0%9F%D0%A0%D0%92%D0%98.pdf

Ако космосот е патот на Сонцето и е спој меѓу ИЛ и Ма, се случува оплод и плод или создавање, ПРВИЧНО СОЗДАВАЊЕ, а како првично создавање дава Почеток, дава Ново, дава здраво семе за наследување како во Златно доба. Всушност, Константин се повикувал на култот на македонскиот Бог Или (Иле) и многу добро го знаел кодот на наследување. Но нам скоро две илјади години ни се нуди некаква латинизирана верзија е Sol Inkvictus што нема врска со македонскиот лингвистички код. Кога е вака напишано не воведува во заблуда и не дава вистинска слика за верата и верувањето на Константин. Постојат многу обредни ритуали за исцелување во кои особено е нагласено дочекувањето на првите сончеви зраци. Само тие ја имаат моќта на оздравување и на исполнување на молитвата. Метафизиката на сонцето допрва ќе се изучува и објаснува.

Симболиката на Врховноста мора да е поврзана со Почетокот, а прославувањето на Сонцето е прослава на Почетокот или на Врховноста. Во македонската митологија Врховен е Ѕевс и затоа Константин никако не можел да не го чествува Ѕевс. Така, Врховна е и божицата Нут која како светлински (ѕвезден) лак ни ги објавува тајните. Нут како нешто примарно, а со тоа и таинствено, мора да има траен карактер пренесувајќи се во други поприземјени димензии.

Значи она што е Врховно мора да има одраз и на други помали димензии се` дури до маговите или жреците како извршители на аманетот на Севишниот Бог. Зборуваме за магови и жреци кои се позитивни, со просветлувачка цел, а тоа се чисто македонски. Но, да не заборавиме на постоење на црните магови (особено во првите две-три стотини години од новата ера) и за фактот што поради нивните лични интереси се  изменува целата историја на човештвото.

Името Константин има врвна симболика со значење - тиранин на ноќта. Ако метафизички го означува тиранизирањето на ноќта тогаш е јасно дека тој ја објавувал светлината и се борел за  светлината. Името е моќ, името е код. Затоа и синовите негови се Константин, Констанс, Констанције, сестра му Констанција и многу други наследници со тоа име, со што преносно или метафорички  се настојува да се одржи светлината.

Во мај 330 година Царот Константин Велики ја предводел поворката со многу свештеници и со многу таканаречени пагански реликвии за да ги положат под столбот во знак на осветување на новиот град на царевите, прво наречен Константинопол, а подоцна Цариград.  Паганските реликвии во овој контекс се антички или древно македонски. За осветувањето на градот била искористена статуата на македонската божица Атина која Константин скришум ја донел од Рим. Сите свети реликвии од македонската антика се закопуваат под еден столб како носечки и моќни. Моќ и сила да се востанови нов град како продолжение на македонското Александрово царство.

Константинопол бил изграден на местото на разрушениот древен град В(Б)из-ант. Не случајно дадено име ако знаеме за постоење на Антите од тоа старо македонско време.  Константин бил македонски цар, наследник на Диоклецијан, генијален стратег и првосвештеник, владетел на Истокот и на Западот, бил обучуван во Никомедија (Мала Азија денес) одбран како да ја заштитува и да ја пренесува македонската династија. Морал добро да ја знае историјата на Македонија. И не само историјата. Кога одел да ги одреди границите на новиот град неговите поданици се чуделе што толку долго одел, а тој едноставно одговорил-Одам по Оној кој оди пред мене. Подоцна оваа алузија ќе биде искористена во христијанската идеологија во означувањето на поврзаноста на Исус и Јован Крстителот. Многу изреки и параболи на Константин подоцна се искористуваат во прикаските на Новиот Завет, но се разбира не во онаа правата вибрација и дејствување како на Константин.

Зошто Константин токму Божицата Атина ја земал како основна реликвија? Од каде Константин го знаел ова? Зошто верувал во моќта на божицата Атина? Тоа ли е показател дека верувал во паганските богови? И зарем можел да се откаже од нив така немилоосрдно и така лесно?

Како што знаеме Атина е симбол на првичноста. Атина, божица на мудроста. Ќерка на Зевс или на Диј или Здив, на Врховниот. Родена од неговата глава, поточно од неговата ушна школка. Симболиката на ушната школка не упатува на пресекот на легнатата осмица, каде од центарот на таа осмица започнуваат нови циклуси. Поточно тука, невидливото се овоплотува, се материјализира и станува видливо. Атина значи - родена од Почетокот. Затоа е и непорочна или невина. Нејзината симболика на непорочност подоцна ќе биде искористена за непорочно раѓање во многу култури.

Креаторот или Врховниот го создал светот по една формула, по една шема која важи за се`. Оттука непорочноста или исконската девственост е фактор на пре-создавање на Божественото. И тоа следи, се повторува во различни циклуси се` до ден денешен.

продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (1 дел)

Витлеем-(Bethlehem) градот во кој е роден Исус Христос

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.