Среда, 07 Јули 2021   
Медицината низ македонските цркви и манастири

АнгелинаМаркус

 

Ако се направи еден историски преглед за сите ископини од древноста во Македонија, ќе се согледаат штетите и ограбувањата. Тој македонски Елдорадо ги собирал на нашиве простори сите шарлатани, бараби, еретици, злочинци и луѓе

од највисок ранг и положба на државите што поминувале и останувале низ Македонија, со една цел: да се присвои што повеќе од македонското неисцрпно богатство. Се откопаа асклепијатски болници во Хераклеа, во Лихнида, во Стоби,

во Стибера и во сите прастари градови, што сега се наоѓаат во други држави. Земјата, водата, билките, традициите, со сите преживеани луѓе Македонци успеале да го сочуваат во изворна форма најскапото: човекот и здравјето со науката.

bogovi-olimp
Семејство на богови од Олимп

По царството на богови, царство на македонските цареви доаѓа царството на христијанство во Македонија, како школите во медицината, воени школи, лицеуми, школи на апостолски проповеди. Тоа се три периоди на историја, наука

и уметност. Медицината е големо обележје на секој од овие три периоди. Фамилија на богови, цареви, владици со свештеници континуирано владееле и го предводеле македонскиот народ. Тој систем на уредување ќе се претури преку границите на Македонската држава и ќе се прифати по светот под друго име. Христијанскиот период, само да не биде Македонски, го нарекуваат Византиски. Се знае дека и тогаш владееле македонски цареви и тогаш се ширело писмо преку школи, се граделе цркви и болници среде светилишта како од секогаш

во Македонија. Ништо не ги запрело Македонците да градат цркви, манастири, конаци, болници, народни кујни каде што од прогони се засолнувал македонскиот народ. Во преодот од римско во христијанство се укинува ропството, се ослободуваат заробените, се лечат болните од најголемата создадена сиромаштија, се тешат очајните со некаква верба за посреќно живеење. Во градовите Александрија, Пергам, Цариград, Солун, Ерусалим, Охрид, Скопје се градат првите цркви во светот за Христијаните. И во тој период како и во времето на Филип II Македонците беа прогонувани и убивани. Го распнаа Исус Христос, неговите апостоли, Македонците, светци и ангели. Ослепувале, отсекувале царски и народни глави.

Што изгубија Евреите? Една маса, свеќник и една тора. Што крв пролејаа македонска. Па каде е светиот прогонет народ од Библијата? Македонскиот народ, спасот го барал бегајќи од Цариград на Север до Русија. Таму сопре македонската култура, како Ноев ковчег, таму ја растовари својата света ризница од ум, писмо, школи и секаков напредок среде скитските племиња. Таму остана целокупното македонско наследство, кај сродните народи и таму во Русија продолжува. Рим во Македонија не дојде да гради, туку да ограбува и прогонува. Турците само ги преправаа нашите градби, со помош на предавнички племиња, со македонски имиња, како што прават и сега.

Бев во Водоча да ја видам фреската на ослепените. Ослепувани цареви, водачи, војници, народ и фосили. Посегаат во светлината. Со очи се гледа, со ум се согледува виденото во свеста што ни запрело. Во пишувањето ми велат дека имало некој револт што поминувал и на нив за да бидат со мене. Од болка ќе препукнеме сите ако докрај сфатиме како со наш леб ги храниме тие што не уништуваат. Сами се штитиме, со по некој Македонец што блеснува, низ историјата на нашето долго постоење и паметење.

Царот Константин донесе закон за заштита на христијаните, маченици, пустинци, Македонци. Во тоа време, мајката царица Елена тргна, со поддршка на дворот, да ги подигне првите цркви и манастири за заштита на прогонетите. Тоа го стори во Цариград, Констанца, Александрија, Скопје. Тие први царски цркви се од IV век, најчесто ги носат имињата на Константин и Елена, а допираат и до нашиве дни. Во сите базилики се пренесени истите мозаици како во царските палати. Мора нешто позначајно да е сторено од нивна страна што во свеста на македонскиот народ толку длабоко се врежале нивните ликови и дела. Повеќе од илјада и шестотини години во секоја црква во Македонија кога се влегува во храмот веднаш од левата страна ја гледаме фреската на Царот Константин и Елена. Во новата црква на Ристо Гуштеров во Радовиш сочувана е истата традиција.

caricata-elena
Царицата Елена на фреска

 

sveta-trojca-radovis
Храмот
Света Троицаво Радовиш

Блеснуваат во злато и бисери, со круна и со ореол македонски цареви светци. Во Соборниот храм во Скопје фреската Цар Констатин и Елена истакнати се од надвор над самиот главен влез за да се поклонат и тие што не можат да влезат во преполниот храм, двор и улици за време на празниците. Можеби тоа значи потсвесно чување на споменот на првите ктитори на Православните светилишта

низ христијанскиот свет. Така се чува и споменот на обожување на Св. Климент Охридски во Русија, кога христијаните за првпат добиле храмови, фрески, евангелија на Кирилско писмо, околу Х- тиот век и со кое сèуште се служат повеќе од илјада години. Константиновите и Климентовите цркви допрва треба да се истражуваат.

Во црквите што дале заштита, учење, лекување од македонска традиција биле и расколнички легла меѓу народите против Македонија, како и сега. Навистина, македонските цркви и манастири во ограбувањата се некој Македонски Елдорадо. Таква сочувана изворна форма на човек, здравје и уметност никаде не може да се најде и да се проследува во многу долги временски периоди како кај нас Македонците.

Култот на Големата мајка се појави во уште поголем заштитник во Македонија олицетворен во активноста на царицата Елена, на Македонката Лидија, на царицата Теодора во Скопје. Тие и уште многу други богати жени и мајки станаа

спонзори на Апостолите. Сите посланија и евангелија запишувани се во македонски градови. Само за пример, апостол Павле проповедаше во Цариград, Филипи, Лихнида, Хераклеја, Стоби, Солун, Коринт. Во сите тие градови постоеа големи театри, собиралишта на Македонскиот народ, сега претворени во милосрдни центри на новата вера, на истите светилишта илечилишта, покрај свети води. Црковните економии ја обезбедувале храната, хигиената и лековите од билки. Целото свештенство ја презело богатата македонска медицинска традиција низ европските манастири и денес нудат, како свои рецепти, разни напивки и мевлеми што им служеле од Македонците пред неколку илјади години.

Патот на медицината во времето од Константин до Јустинијан во Македонија се одвивал во царските куќи и како народна медицина по манастирите, сите архиепископии, во сите македонски градови.

Во Европа стигнува преку богомилите до Франција и преку Арапите до Шпанија. Во антиката македонската држава била најголема држава во светот, во раното христијанство, исто така со Јустинијан и по Самоил, Македонците имале мож-

ност да влијаат на сите светски настани. Од Цариград влијанието преку македонската царска династија е константно. Тоа што го направила Александрија за науките, уметноста и медицината Цариград го продолжил и го зголемил како светски просветителски центар. Охрид го завршил светското описменување.

Се ширела писменоста преку македонски школи од Охрид и другите градови, а во исто време преводи од библијата, евангелијата, житијата, преку нив податоци за Македонците како славен библиски народ, со сите свои постигнувања. Ни се повторува историјата.

По убиството на Филип II следеше страшен колеж на македонското племство. По распнувањето на Христос колежот беше уште поголем. Апостолите со ред се праќаа на погубување во Рим. По Климент, по сите европски градови, останаа коските на македонски великани. Ни остана само духот на човекот од Петралона, еден череп на најстар Македонец.

Ни останаа манастирите за реконструкција на животот од искона и по некој силен збор што не се преведува и да се пренесува македонскиот ген.

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.