|
|
| Историјата на Македонија (12) |
|
Како древно-македонски бог треба да го споменеме и богот на лекувањето Дарон (Daron). Друго древно-македонско божество, кое го немало кај Грците, била божицата Ма. Во Македонија се посведочени повеќе примери на наоди со претстави на оваа божица, додека вакви наоди во денешна Грција - нема! За божицата Ма се смета дека е од старо македонско-бригиско потекло, и истата кај Македонците, си имала свои македонски специфичности, кои ги нема кај другите народи (иако кај секој народ постоело божество со слична улога на Пра-Мајка). Во Македонија, како посебна божица, била славена и божицата Зирена (Zeirena), која имала посебни македонски епитети, а по својата содржина потсетувала на Афродита. Близу реката Струма била славена и божицата Бендида, а во повеќе места на Македонија биле славени и змијоликите божества Драко и Дракена (Draco et Dracena) (Повеќе детали кај: д-р Наде Проева 'Студии за античките Македонци' Скопје, 1997, стр. 179 и 181). Од сето погоре изнесено сметаме дека терминот 'Грчка митологија' конечно треба да се исфрли од науката. Каква е таа 'Грчка митологија' кога ниту едно од божествата што биле присутни во неа не било грчко? Ова истото важи и за терминот 'древна (античка) Грција', кој исто така честопати неправедно се употребува во науката и публицистиката. И овој термин е сосема погрешен затоа што таква држава (древна, т.е. античка Грција) никогаш не постоела во историјата. Се што постоело на територијата на денешна Грција биле неколкуте градови-држави кои ту војувале помеѓу себе, ту склопувале лабави сојузи и кои сите до еден се нашле под македонска окупација или политичко влијание. Освен во религијата постојат изразени разлики и во уметноста помеѓу Ма-кедонците и останатите древни соседи. Помеѓу древните Македонци и Грци постоеле разлики и во оштественото уредување. Додека Грците својот живот го организирале по одделните градови-држави, Македонците имале своја силна централизирана држава. Всушност Македонија била првата држава во вистинска смисла на зборот што се појавила во Европа. Познатиот историчар Питер Грин, во својата книга: 'Александар Македонски 356-323 пред Христа', во врска со ова пишува: 'Македонија... била првата голема територијална држава со ефективна централизирана политичка, воена и административна структура што се појавила на европскиот континент.' Разлики помеѓу Македонците и Грците постоеле и во фолклорот. Забележани се описи на две македонски народни игри. Едната се викала Телесија (Telesias), и таа била вид на воен танц. Другата игра се викала Карпеа (Karpea) и во неа со мимики во ритамот на шупелката се прикажувало крадењето на волови. Древните Македонци имале и сопствени македонски народни обичаи и обреди, за кои пишувале повеќе древни историчари, како што се: Херодот (Herodotus), Плутарх (Plutarch), Аристотел, Квинтиј Куртиј Ruf (Quintus Curtius Rufus) и други, децидно потенцирајќи дека овие обичаи биле македонски. Како автентични древно-македонски обичаи се споменуваат: кршењето погача за време на свадбените ритуали, одделното седење на мажите и жените за време на веселбите, стрижењето на косата за време на жалост или несреќа, специфичниот начин за избор на кралеви, специфичниот начин на судење, специфичниот начин на погребување и многу други. Добар дел од овие обичаи ги среќаваме и кај денешните Македонци. |
























