Среда, 25 Август 2010   
Историјата на Македонија (11)
И Македонците и Грците го славеле Зевс (секој од својата страна на заедничката планина Олимп), но на прилично различен начин и со различни епитети. Доколку го прифатиме тврдењето на Херодот дека овие богови Грците ги презеле од Пелазгите, пред нас се отвораат нови интересни хоризонти, посебно ако се земаат предвид теориите на некои сериозни руски научници, кои тврдат дека Пелазгите биле предци на Словените.

Откако дава преглед на разликите помеѓу Македонците и Грците во сферата на религиозните сфаќања, познатиот американски научник д-р Јуџин Борза констатира:

'Најголемиот дел од писмените податоци за Македонскиот пантеон доаѓаат од времето на Филип Втори и Александар, од што испаѓа дека Македонците и Грците славеле исти богови. Сепак, многу од јавните манифестации на тоа славење изгледа биле различни. На пример, во Македонија не се пронајдени големи јавни религиозни споменици од пред крајот на четвриот век (што претставува уште една разлика во однос на Грците) (Цит. дело, стр. 95).

Американскиот историчар д-р Синтија Синдор Словиковски во својот труд 'Спортот и културата во древно-македонското општество' исто така пишува дека некои од денес познатите 'грчки' богови всушност им припаѓале на повеќе народи. Така, на пример, за богот Херакле, таа пишува:

'Херакле бил познат во грчките, македонските и азиските митови, легенди и приказни.... (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State University, 1988, str. 136).

Во врска со богот Зевс, д-р Словиковски претпоставува дека имал поголема улога кај Македонците отколку кај Грците:

'Зевс се почитувал во религиозната сфера и на Грците и на Македонците. Но, за Македонците улогата на Зевс среде нивните богови изгледа била поголема во однос на улогата на Зевс кај Грците'. (Исто, стр. 72).

Во продолжение таа нуди аргументи во полза на оваа своја претпоставка.

Но, дали постоеле и оригинални македонски богови? Одговорот на ова прашање е позитивен. За жал, под влијание на грчката пропаганда, во добар дел од светската историографија, некои од македонските богови се третирани како 'грчки'. Од нив најнапред ќе го издвоиме богот Дионис (Dionysus). Се знае дека Дионис бил од старо македонско-бригиско потекло. Тој прво се славел кај Македонците, а дури потоа кај Грците.

Во споменатата ЦД Grolier енциклопедија (наслов: Mythology), во врска со славењето на Дионис од страна на Македонците, пишува дека Дионис на Балканот најнапред бил славен од Македонците (Дионис бил бог на виното традиционален македонски пијалок при што е спомнато неговото бригиско потекло). Притоа читаме:

'Дионис не е индо-европско божество. Тој најверојатно има бригиско потекло, чиј култ најпрво поминал во Македонија, а потоа во Тесалија и Беотија... Дионис исто така се викал и Bromios ili Bakhus. Целта на неговиот култ била да предизвикува екстаза - искуство на излегување надвор од себеси, или ентузијазам - искуство да се чувствуваш како бог. Сутината на мистериите на Дионис била дека, оној што ги прави, требало да се поистовети со бог. Мнозинството следбеници на овој култ биле жени, наречени Менади, кои доживувале екстази. Кога свештеникот на Дионис свирел на флејта, приврзаниците на овој култ паѓале во екстаза, за време на која им било кажувано да растргнуваат животни'.

Познато е дека во етногенезата на древните Македонци, Бригите имаат значителна улога, па секако дека оттаму е и присутноста на овој бог меѓу Македонците. Точно е дека постоело светилиште на Дионис на планината Олимп, кое се викало Дион, но тоа се наоѓало на северниот дел од планината, т.е во македонскиот дел на Олимп.

Оригинални божици со потекло од Македонија биле и познатите Музи! За првпат нивниот култ бил посведочен во македонската област Пиерија, а оттаму тие биле прифатени од Грците. Во споменатата ЦД Гролиер енциклопедија во насловот 'Мусес', читаме:

'Музите ... понекогаш биле нарекувани како Пиериди, според нивниот првобитен дом Пиерија во Македонија, од каде честопати го посетувале изворот на Аганипа'.

Во религиозниот корпус на древните Македонци припаѓале и боговите Кавири.

Херодот смета дека култот на Кавирите бил донесен од Пелазгите, кои во тоа време живееле и во Македонија и кои (според Херодот) зборувале на неразбирлив јазик за Грците.
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.