|
|
| Историјата на Македонија (10) |
Религијата и обичаите на древните МакедонциДревните Македонци си имале и сопствена религија. Тие верувале во божествата со индо-европско потекло, како што се: Зевс, Посејдон, Аполон и други, кои од нивна страна биле славени на специфичен начин различен од начинот на славење кај соседните народи.Но, зарем овие божества не биле грчки? А, ако биле грчки, зарем тоа не значи дека и древните Македонци биле Грци? За да одговориме на овие прашања треба да потенцираме дека таканаречената 'старогрчка митоло-гија и религија' воопшто не била автентична грчка. Имено, секој што сака подетално да ја проучува оваа митологија ќе дојде до сознание дека многу елементи на неа биле преземени од постарите култури. Во минатото (18 век) се сметало дека старата грчка религија, т.е. митологија е автохтона грчка, но тогаш биле обелоденети податоци дека Грците својата религија во голема мера ја презеле од други постари народи. Дека, за ова денес се знае во сериозната светската јавност, повторно ќе приложиме цитат од споменатата Гролиер општа ЦД енци-клопедија, каде за најголемиот број елементи од грчката религија и мито-логија сосема јасно се тврди дека се позајмени од други различни култу-ри. Во врска со ова, во поглавието Митологија, во поднасловот Грчка митологија читаме: 'Грчката митологија содржи митолошки елементи од различни култури и истории.' Но, што е тоа што е позајмено од останатите религии? Одговорот гласи: повеќето од грчките божества воопшто не се грчки. Дури ни Зевс не е никакво грчко божество. Овие работи денес се добро познати, а само како илустрација ќе посочиме неколку цитати од општата Гролиер ЦД енциклопедија, каде во продолжението на истиот наслов, пишува: 'Индо-европскиот културен елемент во оваа митологија е претставен преку богот Зевс... Зевс е најглавното божество во грчката митологија. Тој има чисто индо-европско потекло и претставува божество, поврзано со симболот на небото и небесните феномени.' Значи, гледаме дека ни толку познатиот 'грчки бог' Зевс, воопшто не е грчки. Или поточно, колку е грчки, толку е и македонски, и толку им припаѓа на сите народи што го славеле во тоа време. Исто е и со богот Посејдон. Во врска со него, на истото место, читаме: 'Посејдон претставува оригинално индо-европско божество и тој е постар брат на Зевс'. За 'грчкиот Аполон', пак верувам дека малкумина знаат дека се смета дека претставува азиско божество, увезено од Сибир, каде опстојувало поврзано со азиските племенски шамански култови. Еве што пишува во оваа енциклопедија за ова 'грчко' божество: 'Аполон потекнува од Сибир и се смета дека силата на неговиот култ потекнува од племенскиот шаманизам на тој простор, а не од култот на Дионис во Делфи'. Но, до колку се најде некој да ги оспори цитатите од оваа светски позната ЦД енциклопедија како субјективни, тогаш да кажеме дека поглавието, од коесе преземени овие цитати, е напишано врз основа на научните трудови на светски познати научници од областа на грчката митологија. Ќе наведеме список на дел од авторите и нивните дела, кои служеле како основа за пишувањето на овој текст. Некои од нив се: Dodds, E.R., The Greeks and the Irrational (1957); Edmunds, Lowell, ed., Approaches to Greek Mythology (1989); Graves, Robert, Greek Myths, 2 vols.(1955);Grimal, Pierre, Concise Dictionary of Classical Mythology (1990); Guerber, Helene A., The Myths of Greece and Rome (1990); Guthrie, W.K.C.,The Greeks and Their Gods (1949); Harrison, Jane E., Prolegomena to the Study of Greek Religion (1922; repr. 1991); Kirk, G. S., The Nature of the Greek Myths (1975); Lefkowitz, Mary R., Women in Greek Mythology (1986; repr. 1990); Mylonas, G. E., Eleusis and the Eleusinian Mysteries (1961); Nilsson, M. P., A History of Greek Religion, 2d ed. (1949), and The Mycenaean Origins of Greek Mythology (1931; Eng. trans., 1972) и други. И Таткото на историјата Херодот (Herodotus) пишува дека повеќето грчки божества воопшто не биле грчки. Во врска со потеклото на грчките божества Херодот пишува: 'Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои отсекогаш го славеа'. (The history of Herodotus, by Herodotus; translated by George Rawlinson). Значи овие богови подеднакво им припаѓале и на древните Грци и на древните Македонци, но и на другите балкански народи. |
























