|
|
| Историјата на Македонија (9) |
|
Не држи забелешката дека авторот, кога ја споменува денешна Грција, автоматски во неа го вклучил и егејскиот дел од Македонија, затоа што гледаме дека овде и Крит е спомнат одделно од Грција, иако тој денес е составен дел од неа! Инаку, автор на овој текст е Маргарет Алексиу (Margaret Alexiou), која овде се повикува на поголем број дела од еминентни странски и грчки автори (чиј подолг список го наведува на крајот од текстот).
И д-р Борза пишува дека денешните грчки историчари пред светската јавност ги форсираат исклучиво натписите на грчки јазик од Македонија, кои потекнуваат главно од 4 век пред Христа, т.е. од времето кога македонските владетели веќе дозволиле прифаќање на дел од грчката култура во својата држава. Коментирајќи го споменатото издание со грчки натписи од Македонија, подготвено од Ризакис и Тарацоглу (Rizakis and Touratsoglou), д-р Борза пишува: 'Речиси сите од 225 натписи се на грчки, но тие доаѓаат од хеленистичкиот и од римскиот период, во кои стандардниот грчки јазик бил во употреба за вакви формални намени. Во овој корпус нема објавено автентичен материјал од пораниот период'. (Борза, стр. 93). Индиректна потврда за ваквата вистина имаме и во споменатата 'Историја на Грција', каде се спомнати границите во кои живееле древните Грци. Овде читаме дека ниту Епирците не биле Грци, а камо ли Македонците: 'Територијата што & припаѓала на Елада (или продолжената Хелада, ако ги употребиме зборовите на Скилакс и Дикархус) се смета дека почнувала од градот и од Амбаркискиот залив. Оттаму на север до Акрокераунското испакнување лежи земјата која Грците ја викаат Епир и која е населена со Хаонците, Молосијаните и Теспротијаните, кои се детерминирани како Епирци и за кои се смета дека не припаѓале кон грчката целина.' Поради сето ова, се поставува прашањето: како е можно Македонија отсекогаш да била земја со 'грчка култура', до колку се знае дека во неа не се пронајдени никакви натписи на грчки јазик од времето кога таа егзистирала без поблиски и помасовни културни врски со тогашните грчки градови, а истовремено такви натписи се пронајдени низ цела денешна Грција? Како е можно Македонија отсе-когаш да била 'грчка земја', кога се знае дека во Македонија тогаш воопшто не се ни зборувал грчкиот јазик (посебно не меѓу широките народни маси)? Навистина на овие прашања грчката наука и пропаганда не можат да дадат одговор пред светската јавност. Овде треба да се потенцира дека ни древното грчко писмо воопшто не е автентично грчко. Се смета дека тоа било позајмено од Феникијците. Дека овој податок е познат во светската јавност пак ќе презентираме како илустрација извадок од ЦД енциклопедијата Енкарта (наслов Еуропе), каде во врска со потеклото на грчкото писмо пишува: 'Грците го презеле писмото од Феникијците на кое му додале вокали'. Меѓутоа, во поново време и во Македонија се откриени графеми, за кои се претпоставува дека дури биле и постари од феникиските и за кои постои веројатност дека можеби биле прифатени од Грците во создавањето на нивното писмо. Остануваме отворени за сите идни сознанија во врска со ова. Треба да се има предвид уште еден многу важен момент кога се зборува за користењето на грчкиот литературен јазик од страна на древните Македонци. Овој момент можеби е клучен во потврдувањето на вистината дека не може да се тврди дека древните Македонци биле 'Грци' само затоа што дел од нив пишувале на грчки. Се работи за следното. Точно е дека во Македонија се најдени разни исписи и натписи на грчки јазик, но во најголемиот дел од нив се забележани бројни грешки во правописот. Од бројните примери за ова ќе спомнеме само неколку. Неодамна е откриена посмртна маска на кралот Дропион (кој потекнувал од северно-македонското племе Пајонци). Околу ликот има напишано краток текст. Овој текст, иако содржи само осум зборови и две кратенки со по една буква, во него се направени се дури девет правописни грешки (несоодветно употребени и изоставени букви). Интересно е тоа што во името Дропион (наместо со две букви омега, како што треба да е напишано правилно на грчки), напишано е со буквите 'о'. (Иван Микулчиќ, Викторија Соколовска 'Икона на кралот Дропион' во 'Macedonia acta arheologica', бр. 11, 1987-1989, Скопје, 1990, стр. 103 -104). Грешки во текстот се откриени и на надгробната мермерна стела од 2 или 3 век по Хриоста (времето на римската окупација), која била подигната од четиричлено семејство во чест на своето починато дете Филип. Иако епитафот е напишан на грчки и овде се забележани грешки во правописот. Вакви грешки се откриени и на стелите во Битолско, Кавадаречеко и други места во Македонија. (Апостол Ќерамитчиев: 'Новооткриени споменици од село Браилово Прилепско' во: Зборник 1959-1960, 'Рецуеил дес Травауџ', издание на археолошкиот музеј - Скопје, 1961 година, стр. 47). Се поставува прашањето: зошто древните Македонци правеле толку грешки во пишувањето на грчки? Нели е тоа уште еден силен доказ за нивното негрчко потекло? Дури и денес луѓето кои пишуваат на јазик што не им е мајчин обично прават помали или поголеми правописни грешки, т.е. не пишуваат така како што би пишувале оние на кои дотичниот литературен јазик им е мајчин. Во врска со древно-македонскиот јазик и култура воопшто, треба да се знае и дека бројни литературни дела од древните Македонци биле уништени од римските окупатори на Македонија. Римјаните сурово се однесувале кон Маке-донците и нивната култура, при што уништиле многу дела од истата. Единствено останале сведоштвата за овие дела. Така, на пример, Стефан Визант (Stephan of Byzantium) Што се однесува споменува дека постоеле бројни хроники запишани од древните Македонци, како и две обемни истории на Македонија напишани од страна на двајца тогашни македонски историчари, а постоеле и обемни патешествија и други записи. Понатаму, грчкиот историчар Диодор Сици-лијанецот (Diodorus of Sicily) Што се однесува споменува бројни писма што македонските војници за време на својот поход во Азија им ги испраќале на своите роднини во Македонија. Има сведоштва и за постоење на други пишани дела од Македонците, кои денес не се зачувани. Но, да се вратиме на древно-македонскиот јазик. Каков бил овој јазик? Од оригиналниот древно-македонски јазик засега се смета дека се зачувани само неколку десетици зборови. Од нив не може целосно да се заклучи каков јазик бил тоа. Факт е дека поголемиот дел од овие зборови се различни од тогашните грчки, иако има и слични на нив. За зборовите од древно-македонскиот јазик кои се слични со грчките зборови се смета дека и навистина биле прифатени од овој јазик. За позајмиците од грчкиот јазик во древно-македонскиот досега имаат пишувано повеќе автори. Впрочем, ваква појава имало (и има) во речиси сите јазици на светот. И денес во македонскиот јазик прифаќаме странски термини за кои главно немаме свои аналогии. Во денешниот македонски јазик вакви зборови, на пример, се: антена, сателит, мобилен телефон, хард-диск и други. И денес ваквите странски зборови ги прилагодуваме според сопствениот фонетски систем. Тоа треба да се има предвид и кога се анализира древно-македонскиот јазик. Не може за карактерот на овој јазик да се суди само преку позајмиците од грчкиот јазик (како што тоа го прават некои грчки и прогрчки настроени истражувачи), исто како што не може да се суди за автентичноста и за карактерот на ниту еден современ јазик само врз основа на позајмиците што истиот ги има прифатено од друг јазик. Она што, пак, е многу интересно е фактот што извесен број од оригиналните древно-македонски зборови, според својата етимологија и изговор, потсетуваат на соодветните денешни македонски (но и на други 'словенски') зборови. |
























