Среда, 04 Август 2010   
Историјата на Македонија (8)
За да го сфатат ова подобро денешниве генерации, ќе го спомнене примерот со Нигерија (кој важи и за други африкански држави). Имено, во оваа земја живеат голем број народи, кои си имаат сопствени јазици и кои воопшто не се разбираат помеѓу себе. Најбројни се народите: Хауса, Јорубо и Ибо. Ниту еден од нив нема свој литературен јазик, туку сите жители на Нигерија денес пишуваат на англиски. Значи припадникот на народот Хауса, дома си зборува на својот јазик, но кога сака да напише нешто или кога сака да комуницира со својот сограѓанин од народот Јорубо, тој се користи со англискиот говорен и литературен јазик. Е, сега да си замислиме дека по некоја, не дај Боже, општочовечка катастрофа, по неколку илјади години, ќе бидат откриени писмени документи од денешната држава Нигерија како единствени пишани споменици од оваа држава. Што ќе видат идните археолози и истражувачи? Секој од овие нигериски документи ќе биде напишан на - англиски! Но, дали тоа значи дека идните археолози треба да заклучат дека во Нигерија во 20 и 21 век живееле Англичани, само затоа што во овие векови во оваа земја официјален литературен јазик бил англискиот? Секако дека не, иако е можно да има и такви заклучоци. Потполно е иста состојбата и со користењето на грчкиот јазик во антиката, т.е. со зачуваните писмени споменици на овој јазик, што ги проучуваат денешните истражувачи. Тоа што овие дела биле напишани на овој јазик воопшто не значи дека сите нивни автори биле Грци, исто како што ни денешните Нигеријци не се Англичани само затоа што пишуваат на англиски. Денес постојат и други бројни народи кои пишуваат (па дури и зборуваат) на туѓи јазици (Ирците, бројни народи од Јужна Америка, од Африка и т.н.).

Како народ што го користел грчкиот литературен јазик во антиката рековме дека биле и Тракијците. Во 1986 година во североисточна Бугарија биле најдени 165 тракиски сребрени садови, кои потекнувале од 5 век пред Христа. Некои од нив бие напишани со грчко писмо. Коментирајќи го овој пример во контекст на она за што зборуваме, д-р Борза пишува:

'Шеснаесет од овие садови биле испишани со тракиски лични имиња и имиња на места на грчки. Како што знаеме Тракијците не биле Грци и нивниот јазик, кој продолжил да егзистира и во римско време, никогаш не се појавил во писмена форма... Можеме да се повикаме и на одамна познатите монети од тракиските племиња од петтиот век пред Христа, на кои имињата на нивните кралеви и нивните титули исто така се напишани на грчки. Значи, работата е јасна: употребата на грчкиот јазик, како форма на пишана експресија, не претставува доказ за етничката припадност и за културата.' (Борза, стр. 94).

Со грчкиот литературен јазик се служеле и Илирите (History of Greece by George Gerote, Vol. II, third edition, London, John Murray, Albemarle Street, 1851, del 2, str. 10), а грчкото писмо го користеле дури и турко-монголските Бугари по нивното доаѓање на Балканот во 7 век.

Според тоа се поставува прашањето: зошто грчката историографија и пропаганда единствено за Македонците тврди дека биле 'Грци', а истото не го тврди и за Илирите, Тракијците, Бугарите, Римјаните, како и за сите останати народи кои во одреден период се служеле со грчкиот литературен јазик?

Што се однесува до користењето на грчкиот литературен јазик на Македонскиот кралски двор, се знае дека тоа било прифатено во одреден период од развитокот на македонската држава, а не дека така било 'отсекогаш'. Во прилог на ова ќе потенцираме дека не постои ниту еден натпис на грчки јазик на територијата на цела Македонија што датира од петтиот век пред Христа, т.е. од времето пред делумното прифаќање на грчката култура во Македонија. Знаеме дека стари натписи на грчки јазик се пронајдени многу поодамна од 5 век пред Христа на територијата на денешна Грција (па дури и во Тракија), но такви натписи во Македонија - нема! Како доказ за ова ќе споменеме сведоштва од грч-ки и странски извори.

Грчкиот професор Пецас (Petsas), во својата спомената статија 'Едно свинче патешественик', пишува дека не е пронајден ниту еден грчки натпис од раниот древен период во Македонија.

Истото го пишува и познатиот грчки археолог Андроникос, кој вели:

'Многу сум несреќен што во Вергина не пронајдов никаков натпис од петтиот век'.

И познатиот грчки универзитетски професор Даскалакис се жали дека, оние странски научници, кои тврделе дека древните Македонци не биле Грци, тоа го тврделе поради повеќе причини, од кои едната била токму непостоењето на стари грчки натписи во Македонија. Притоа професор Даскалакис пишува:

'Во Македонија и покрај толкуте ископувања до денес не се најдени натписи на грчки јазик од тој период'. (Подетално за овие изјави кај: Христо Андоновски: Јужна Македонија од древните до денешните Македонци, Скопје, 1995 год).

Значи дури и официјалната грчка историографија признава дека во Македонија не постоеле натписи на грчки јазик од постариот период.

Слично пишува и во познатата општа ЦД Гролиер енциклопедија (CD Grolier electronic publishing, inc. Mindscape, Inc. 1995, Novato, CA 94945, naslov 'Greek language'). Овде старогрчкиот јазик не е спомнат дури ни како говорен јазик во Македонија! Овде читаме:'Древниот грчки јазик бил говорен јазик во Грција, на Крит, во делови од источниот Медитеран и во западна и северна Анадолија, на Сицилија и во јужна Италија, на севернниот брег на Црно Море и делумно на северноафриканскиот и францускиот брег'.Значи, Македонија воопшто не е спомната како подрачје на кое се говорел древниот грчки јазик.
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.