|
|
| За посебноста на древно-македонскиот јазик (6) |
|
За древните Македонци се знае дека зборувале на сопствен македонски јазик. За овој факт постојат повеќе сведоштва од древните историчари. Овде ќе спомнеме само некои од нив. Древниот грчки историчар Плутарх (Plutarch), опишувајќи една расправија помеѓу Александар Македонски и еден негов пријател, во својата биографија за Александар Македонски во 53-та глава, запишал дека Александар: 'скокнал на нозе и почнал на македонски да ги довикува своите штитоносци.'Плутарх и на други места пишувал за македонскиот јазик. Така, на пример, во биографијата за Марко Антоние (Marc Anthony), тој пишува дека припадниците на династијата на Македонците Птолемеи (наследници на александровиот генерал Птолемеј, кој подоцна останал да владее со Египет) зборувале на македонски јазик, иако некои од нив го запоставувале овој јазик за да можат да се разберат со своите не-македонски поданици во Египет. (Овој цитат од Плутарх види го во: Најпознати етнички Македонци, кои оставиле свој придонес во светската историја). Дека древните Македонци зборувале на засебен македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф (Quintus Curtius Rufus). Позната е случката кога било судењето на Македонецот Филота (Philotas), кој подготвувал заговор за убиство на Александар Македонски (Q.C.Rufus, 'De Rebus Gestis Alexandri Macedonis',VI, 10). Заговорот бил откриен и Филота (Пхилотас) бил јавно испрашуван лично од страна на Александар. Квинтиј Куртиј Руф (Quintus Curtius Rufus), опишувајќи ја оваа случка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој дури цитира и изјава на самиот Александар Македонски, во која, тој обрнувајќи им се на Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат): 'мајчиниот' и 'нашиот јазик'. Александар му се обрнал на Филота со зборовите: 'Сега тебе ќе ти судат Македонците. Те прашувам: дали ќе им се обратиш на мајчиниот јазик?' Филота одговорил одречно, со образложение дека, освен Македонци, имало присутни и припадници од други народи. На тоа, Александар им рекол на присутните Македонци: 'Еве, гледате ли? До таму ли дошол Филота, та да се гнаси од мајчиниот јазик?...Но, нека зборува како што сака, а вие спомнете си дека тој подеднакво се отуѓил и од нашите обичаи и од нашиот јазик.' (Quintus Curtius Rufus: Историја на Александар Македонски, во превод на д-р Љубинка Басотова, Патрија, Скопје, 1998, стр. 272). Но, Филота не останал рамнодушен на овие обвинувања, па во својот одговор, рекол: 'Мене ми се префрла што одбивам да зборувам на мајчиниот јазик и дека сум се грозел од обичаите на Македонците. Значи така јас му се заканувам на кралството, што го презирам? Но, уште порано, оној родниот јазик, беше напуштен во општењето со другите народи, па така и победниците и победените требаше да учат еден туѓ, странски јазик.' (Исто, стр. 274). Сепак, во обвинувањата против Филота се вмешал војсководецот Болон (Bollon), кој, меѓу другото, го обвинил Филота дека (цитат): '...иако бил Македо-нец, не се срамувал, преку преведувач, да ги ислушува луѓето што зборувале на неговиот роден јазик'. (Исто, стр. 276). И оваа случка е толку јасна во однос на постоењето на засебниот македонски јазик, што никаков коментар не е потребен. Исто така, од овој опис, гледаме дека, дел од Македонците, поради практични причини (поголема можност за општење со другите народи и сл.) го користеле и туѓиот грчки јазик (кој овде е опишан како 'туѓ, странски јазик'), иако меѓу себе и натаму си зборувале на мајчиниот македонски јазик. Дека древниот македонски јазик бил сосема различен од грчкиот ќе спомнеме уште едно древно сведоштво. Се работи за еден пронајден фрагмент од папирус, за кој се сметало дека претставува дел од изгубеното дело под наслов 'Историја на наследниците' ("History of the successors”) од древниот грчки историчар Аријан (Arrian). На овој фрагмент од папирус (PSI XII.1284), спомната е една епизода од древно-македонската историја во која повторно јасно е потенцирана засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и на Александар Македонски, по име Евмен (цитат): '...испратил напред еден човек, по име Ксение, кој зборувал македонски...' “...sending forth a man called Xennias who was Macedonian in speech)"... за да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321 година пред Христа. Всушност оригиналниот збор со кој Аријан (Arrian) го опишал Ксение (Xennias) бил зборот: 'Македонисти'. Интересно е што ист ваков термин постои и во денешниот македонски јазик (иако можеби со малку поинакво значење). Пишувајќи за овој документ, познатиот американски историчар д-р Борза пишува дека некои прогрчки автори (како на пример: Лидел, Скот и Џонс во нивниот Грчко-англиски речник Liddell-Scott-Jones in their "A Greek-English Lexicon”) се обиделе овој термин да го преведат како 'човек кој зборувал на македонски начин' (style of speaking) (отприлика нешто како 'лаконскиот' начин на зборување и сл.). Но, д-р Борза оправдано го критикува ваквиот нивни став и е дециден во врска со толкувањето на овој термин, па вели: 'Контекстот на сцената опишана во овој фрагмент од папирус н# наведува да веруваме дека ова значело нешто повеќе отколку 'начин на зборување': Ксение, кој зборувал македонски, бил испратен од Евмен за да преговара со командантот на македонските единици. Ваквата мисија барала одлично владеење на јазикот, какво што очигледно им недостасувало на обичните Грци. Евмен, кој им бил секретар и на Филип и на Александар добро ги знаел овие работи. (Борза, стр. 92). |
Древниот грчки историчар Плутарх (Plutarch), опишувајќи една расправија помеѓу Александар Македонски и еден негов пријател, во својата биографија за Александар Македонски во 53-та глава, запишал дека Александар: 'скокнал на нозе и почнал на македонски да ги довикува своите штитоносци.'























