|
|
| Кои биле древните Македонци? (4) |
|
Древните Македонци се вистинските древни предци на денешната македонска нација. Историските податоци, но и обичната логика, јасно укажуваат дека древните Македонци целосно ја внеле својата крв и култура во денешната маке-донска нација. Древните народи не исчезнувале од лицето на земјата и не испарувале во воздух (освен доколку не постојат податоци за нивно масовно иселување и сл.). Древните народи во најголем дел ја внесувале својата крв и култура во посовремените етникуми што се појавувале на нивната територија. Ова денес е прифатено од речиси сите историографии во светот. Таков е случајот и со балканските историографии. Така, на пример, современата албанска историографија тврди дека денешните Албанци во најголема мера се потомци на древните Илири, т.е. на древниот народ, што во минатото живеел на територијата на денешна Албанија. Бугарската историографија сосема оправдано ги смета Тракијците како составен етно-културен сегмент од денешната бугарска нација. Да потсетиме дека Тракијците биле древен народ кој главно живеел на територијата на денешна Бугарија. И грчката историографија смета дека денешните Грци се директни потомци на древните Хелени, т.е. на народот што во антиката живеел на територијата на денешна Грција (иако ќе наведиме податоци дека не е сосема така). Според ова, токму древните Македонци се древните предци на денешната македонска нација. Но, поради извесни познати дневно-политички причини, до не така одамна, во Република Македонија (додека се наоѓаше во рамките на Југославија) беше оневозможувано да се истражуваат етно-културните врски помеѓу древните Македонци и денешните Македонци (со исклучок на поедини инцидентни случави). Македонската и југословенската официјална историографија за време на комунизмот (а, по инерција, и подоцна) исклучиво ја форсираше теоријата според која денешните Македонци се 'чисти Словени' со 'прататковина' од заткарпатските мочуришта. Во овој наслов ќе објасниме кои биле древните Македонци, а потоа ќе направиме краток осврт кон етно-културното наследство што древните Македонци го внеле во денешната македонска нација, чии припадници се нивни директни потомци. Па, да почнеме по ред. Вистината дека древните Македонци не биле никакви Грци денес с# поприфатена во светската наука, наспроти жестоките напори на грчката историографија и пропаганда да го докаже спротивното. Во пошироката јавност во светот е малку познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени посериозните пропагандни артикулации за наводниот 'грчки карактер' на древните Македонци. Најгласни во овие тврдења биле тогашните германски историчари. Познатиот американски историчар д-р Јуџин Борза, (Eugene Borza) кој денес се смета за еден од најголемите авторитети во светот во однос на историјата на древна Македонија и чие име се среќава во голем број енциклопедии (во поглавијата за древна Македонија), како и во голем број американски документарни емисии посветени на оваа тема, во својата извонредна книга 'Во сенките на Олимп - појавата на Македонците' (In the Shadow of Olympus, The Emergence of Macedon, Princeton University Press, Princeton, New Jersey, ISBN 0-691-05549-1, USA, 1990) - книга, која поради својата објективност во презентирањето на аргументацијата, најтопло препорачуваме да ја набават сите заинтересирани за оваа тематика - прави детален преглед на теориите во 19 век поврзани со етничкото потекло на древните Македонци. Тој објаснува дека во 19 век, токму германските учени почнале погласно да го пропагираат хеленизмот кај древните Македонци. Д-р Борза смета дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и интереси, како на пример поради обединувањето на Германија и сл. Ним им бил потребен некој древни јунак 'обединител', на кого требало да се угледаат нивните тогашни политички водачи. Таков 'обединител' тие виделе во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги 'обединил' Грците. Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа идилична слика за Филип Втори како 'обединител на Грците' германските учени од 19 век се судриле со една непремостлива пречка. Имено, тие не знаеле како да ги објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како окупатори (а не како 'обединители') на грчките градови-држави, нарекувајќи ги 'барбари' и 'тирани'. Веќе ја спомнавме неговата изјава во која тој Филип Втори го квалификувал како 'барбарин' од Македонија, а давал и други вакви изјави. |
























