Среда, 30 Јуни 2010   
Историјата на Македонија (3)
Животот на древна Македонија продолжил преку владеењето на кралевите од таканаречениот 'историски период', како што се: Александар Први, Пердика Втори, Архелај Први, Кратеј, Орест, Архелај Втори и други. Македонија живее како сиромашна балканска држава, се додека во 359-та година пред Христа, на македонскиот престол не се качил Филип Втори Македонски. Со стапувањето на власт на Филип Втори, Македонија го доживува својот силен подем и процут. За кратко време, овој владетел ги поразил околните народи, ги избркал грчките колонисти од македонското крајбрежје и ги проширил границите на Македонија. Овие успеси во голема мера се должеле на фактот што Филип Втори ја реорганизирал македонската војска, востановувајќи ја, на далеку прочуената, Македонска фаланга. Оваа елитна единица на Македонската војска се состоела од добро организирани и командувани редови на пешадијци, кои носеле и по седум метри долги копја и кои така, незапирливо напредувале, буквално прегазувајќи ги пред себе непријателските воени редови.

Овие успеси на Македонија не ја оставиле рамнодушна тогашна Атина. Познатиот атински говорник Демостен, во своите говори пред Атињаните жестоко ги критикува Македонците, изјавувајќи дека тие не се никакви Хелени (Грци), туку барбари. Познат е цитатот од неговото дело 'Filipiki' (III), во кое тој сосема јасно го квалификува Филип Втори како човек, кој не бил никаков Македонец. Притоа Демостен рекол дека Филип: '...не само што не е Хелен, туку нема ништо хеленско, тој е барбарин од земјата за која ништо добро не може да се каже, еден никаков македонец од земјата од каде порано ни пристоен роб не можеше да се купи.'

На тој начин Атина застанува на чело на останатите грчки градови-држави, подготвувајќи се за војна против Македонија и Филип Втори Македонски.

Пресудната битка помеѓу Македонците и војската на обединетите грчки градови, се одиграла кај Херонеја во 338 година пред Христа. Филип Втори Македонски надмоќно ги поразил Грците и во оваа битка загинале над илјада грчки војници. Во ниту една битка пред тоа немало загинато толку Грци, па ова ја принудило Атина да му се предаде на Филип Втори Македонски. Така Македонија станала господар над поголемиот дел од тогашна Грција.
Но, амбициите на Филип Втори биле Македонците да продолжат со војната и против тогашната најмоќна држава на светот - Персија. Меѓутоа, токму во екот на подготовките за оваа војна, Филип Втори бил убиен во атентат за време на свеченостите по повод свадбата на неговата ќерка Клеопатра.

За наследник на Филип Втори е избран неговиот син Александар, кој за кратко време ќе ја разнесе славата на Македонија низ целиот свет. Првите чекори што на воен план ги презел младиот македонски цар било смирувањето на бунтовите што, против македонската власт, ги кренале соседните народи: Илири, Тракијци и Грци. Откако ја зацврстил власта над нивните територии, Александар организирал поход против моќната Персија. Територијално тогаш Персија била за околу педесет пати поголема од Македонија. Тоа била огромна држава, која се протегала на три континенти и која имала неколку милиони жители Сепак, ова не го поколебало Александар Македонски да ја нападне. Првата поголема македонско-персиска битка се одиграла кај реката Граник во денешна Мала Азија, а потоа следувале уште неколку битки, од кои најпознати се битките кај Ис и кај Гавгамела. По поразите во овие битки, огромната Персија била целосно разбиена и освоена од Македонците. Интересно е тоа што, во рамките на Персиската војска, против Македонците се бореле и бројни Грци, иако Персија пред тоа, со години војувала токму против Грците. Грчките градови, пак, кои тогаш се наоѓале под персиска окупација, жестоко се спротивставувале на обидот на Македонците да ги ослободат од персиска власт. Древниот грчки историчар Аријан (Arrian) пишува дека мнозина Грци до последниот здив се бореле на страната на Персија против Македонската војска (види подетално во: Други докази за разликите помеѓу древните Македонци и древните Грци). Интересно е и тоа што, Аријан пишува дека во рамките на Персиската војска, тогаш се бореле и Албанците, кои, како азиско племе, тогаш живееле близу територијата на По поразите што Персиската војска ги претрпела од генијалниот македонски војсководец Александар Македонски, Персиската империја се распаднала и Персија практично станала составен дел од Македонската империја. Потоа Александар Македонски, заедно со својата војска, стигнал до територијата на денешна Индија, каде го поразил индискиот принц Пор, но и неколку други индиски владетели. Тогаш Македонската империја, целосно или делумно, се протегала на териториите на денешните држави: Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Турција, Израел, Либан, Ирак, Сирија, Египет, Либија, Иран, Афганистан, Пакистан, Кина, Индија и други. Токму кога Александар се подготвувал да ја освои цела Индија, со тенденција да продолжи кон Индокина, македонските војници, преморени од долгогодишните војни, одбиле да го следат својот цар во походот кон далечниот Исток. Александар Македонски со тешко срце се согласил да се врати назад, но по патот кон Македонија, тој умрел во Вавилон, најверојатно поради болест, во 323 година пред Христа, кога бил на возраст од само 32 години. Според сведоштвата на древните историчари, до колку Александар не го напуштел прерано овој свет, тој планирал освојување и на териториите на денешна Арабија, на цела северна Африка, на Пиринејскиот и на Апенинскиот Полуостров. Всушност, повеќе истражувачи се согласуваат со констатацијата дека крајна цел на Александар Македонски била освојување на целиот свет и мешање на народите и културите во една заедничка светска држава.

По смртта на Александар Македонски, огромната македонска империја бргу се распаднала на неколку држави, но Македонците и натаму останале да владеат со некои од овие држави. Така, на пример, Македонците останале да владеат со Египет. Имено, по смртта на Александар, Египет се одделил како самостојна држава на чие чело застанал александровиот генерал Птолемеј Лагов. Тој ја основал македонската династија Птолемеи, чии припадници останале да владеат со Египет уште речиси триста години по смртта на Александар Македонски. Птолемеите Македонци, кои владееле со Египет, длабоко ја почи-тувале египетската култура, иако мнозина од нив никогаш не го научиле египетскиот јазик. Сепак, Македонската династија на Египет му донела извесен економски процут, поради што и останала толку долго да владее со оваа земја. Интересен е обидот на Македонците Птолемеи, за менување на етничкиот состав на Египет. За таа цел, од Македонија и од териториите на денешна Грција, во Египет биле доселени околу еден милион Македонци и Грци со цел да го изменат етничкиот состав на Египет. Сепак, оваа бројка била премала во однос на седумте милиони Египјани.
Најпозната владетелка на Египет од македонската династија Птолемеи е далечната пра-внука на Александровиот генерал Птолемај Лагов, познатата египетска кралица Клеопатра Седма (69-30 пред Христа). Не постои сериозна светска историска енциклопедија во која не е потенцирано македонското етнич-ко потекло на оваа славна египетска кралица.

Династии, составени од етнички Македонци, владееле и со други држави од распаднатата империја на Александар Македонски. Така, на пример, со источ-ното Средоземје, преку два и пол века, останала да владее македонската династија Селевкиди, додека со Пергамското кралство владееле Македонците Аталиди.

Што се однесува до Македонија, таа, по распадот на империјата, останала да егзистира како самостојна држава на Балканот, чиј живот бил исполнет со внат-решни борби за освојување на престолот. Во третиот и вториот век пред Христа, Македонија водела три жестоки војни против Римјаните. Последниот легитимен македонски цар Персеј не успеал да ја сочува Македонија пред налетот на римските војски. По битката кај Пидна, во 168 година пред Христа, Македонија целосно потпаднала под римска власт. По неколкуте неуспешни обиди за востание против Римјаните, древната македонска држава престанала да постои.
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.