Среда, 08 Јуни 2022   
ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ – ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ИСЕЛЕНИЧКА ВИСТИНА (1)

1sve1

Делото „Македонците во светот“, издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп, издадена во 2020 на 520 страници (на македонски јазик), е публикација на Славе Катин, а рецензенти се Д-р. Лефтер Манче од Канада, Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески од Европа и м-р Душан Ристевски од Австралија Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот. 

Во предговорот на публикацијата  „Македонците во светот“ се вели дека таа го опфаќа периодот од доаѓањето на доселениците во новите средини од пред стотина години до денес, што претставува макотрпна, но и одговорна самоиницијативност да се создаде таква публикација. Публикацијата го одбележува најважниот период на активностите на македонските доселеници во новите средини, а со тоа ја отсликува македонската вистина, закоја иселениците постојано се борат. 

Во делото се прави обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, Канада, Европската Унија и Австралија и да се остави неизбришлива трага за нивното постоење и активности во државите во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални способности за развојот на македонската вистина во тие демократски општества. Делото  е отпечатена на 520 страници, на македонски јазик, чии рецензенти се:  Д-р. Лефтер Манче од Канада, Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески од Европската Унија и Душан Ристевски од Австралија.

Публикацијата  „Македонците во светот“ открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивното брзо адаптирање и интегрирање во новата средина; изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски, социјални културни и други процеси. Таквиот modus vivendi (начин на живот) им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

Публикацијата е поделена на девет делови и тоа: Вистината за Македониа; Македонската православна црква – ОА; Македонското иселеништво; Црковно-духовни центри во Австралија; Македонски православни цркви во САД и Канада; Црковно национални центри во Европската Унија; Медиумите на Македонците во дијаспората; Македонските асоцијации во светот; Македонците во соседните земји и делот Додаток.

Публикацијата „Македонците во светот“ на Славе Катин е 58. дело, почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година, па до денес.Тој е автор на дваесеттина дела со името Македонија, дваесеттина монографиии за познати и признати личности во иселеништвото и во Македонија, како и на десеттина лексикографски изданија

Книгата „Македонците во светот“ е дело кое заслужува и внимание и респект, колку од домашната, толку и од пошироката научно–културна јавност, а и од секој Македонец во дијаспората и во Татковината  . Во овој период и во иднина, трудот ќе претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Македонците во светот имаат долга историја која датира од втората половина на XIX век и со различен интензитет трае до денес. Тоа било диктирано од жестокоста на искушенијата низ кои минувал македонскиот народ во борбата за својот опстанок, на просторот на кој постоела и се развивала државата на големиот македонски цар Александар Македонски.

Распаѓањето на Османлиското царство и формирањето на балканските држави, пак, биле повод и причина за приграбување и освојување на територијата на Македонците и за нивно асимилирање како народ, во рамките на бугарската, српската и грчката држава, под насилничкиот патронат на Големите сили и нивните глобални интереси за доминација на Балканот.

Дел од богатствата на македонскиот дух, преку фолклорот, музиката и песната, носијата, накитот и резбата, веќе се присутни на културните простори на државите во кои Македонците се времено или трајно населени, како што е присутно и нивното книжевно творештво на својот мајчин македонски или на јазикот на кој зборува мнозинскиот народ. А, се пласираат и афирмираат низ сопствените печатени или електронски медиуми и воопшто низ повеќе насочената комуникација, која сé поинтензивно се остварува меѓу деловите на македонскиот народ во светот со нивната мати-чна држава – Република Македонија.

Во публикацијата  „Македонците во светот“ низ голем број од прилозите кои својата прва промоција ја имаа на бројни негови публикации, симпозиуми, конференции, трибини во земјата и светот, Славе Катин открива еден осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивно брзо адаптирање и интегрирање во новата средина (радикално поинаква во секој поглед); изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски и социјални процеси. Таквиот modus vivendi им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен авт-портрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

1sve12

Иселеничката голгота, особено од беломорскиот дел на Македонија, е голем предизвик да се фрли светлина на страдањата и борбата на макдонскиот народ за одбрана на неговиот национален идентитет, верата, културата, традициите и обичаите, кои извирале од неговите библиски корени. Тој историски факт може да се најде и најсилно да се почувствува кај Македонците во светот, во битката за одбрана на националната кауза, морале да минат низ големи искушенија и страдања и да се потврдат како успешни градители на Новиот свет.

Со создавањето на македонската држава во 1945 година, по Втората светска војна, и со прогласувањето на нејзината самостојност и независност во 1991 година, состојбата во иселеништвото рапидно се изменила. Круната на тој историски вознес беше обновата на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, чија улога на обединувачки фактор на Македонците дојде до израз и во Македонија и кај Македонците во САД, Канада, Австралија. Европската Унија и во други земји.

Затоа, во публикација Македонците во светот“ е направен обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во светот од сите нејзини аспекти и да се остави неизбришлива трага за нивното постоење во државите во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални способности за развојот на тие демократски општества. Македонските доселеници во светот секаде и во секоја пригода го истакнуваат своето македонско битие изразено преку сопствената богата, културна, национална и црковно-духовна историја.

Во таа насока е и публикација “Македонското во светот” на авторот Славе Катин. Таа претставува значаен придонес во проширувањето на сознани-јата за македонското иселеништво во светот. Во неа е дадено духовното, црковното, националното, општественото и културно-образовното живеење на Македонците. Посебен акцент е ставен на црковното живеење на македонските доселеници од нивното доаѓање до денес. А, нивниот развоен пат во светот се совпаѓа со судбината и развојот на настаните на Балканот, особено со собитијата околу Македонија.

Во овој историски преглед е направен обид за периодизација на целокупното живеење на македонските доселеници. Посебна нагласка и простор е посветен на македонските православни цркви и манастири. Со тоа се настојува да се осветли историскиот и развојниот пат на македонските православни црковни општини, на информативните гласила, организациите, друштвата и другите асоцијации на Македонците на тие простори. Поточно, да се посочи она место на македонската црковно-национална историја, за кое се избирале самите македонски доселеници.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.