Среда, 18 Мај 2022   
РАЗЗИДУВАЊА МЕЃИ ЧЛЕНКИТЕ НА ПОНАРЕШНИТЕ ВОЕНИ СОЈУЗИ (34)

908

Ова, навистина, бил момент на слава за Атина кој бил восхитувачки прославен, со објавување војна на Македонија. Тоа бил импулсивен потег, кој, за жал, бил возвратен. На призорот на македонската војска, Атина ги изгубила нејзините нови пријатели. Тие имале да прават попаметни работи и затоа си заминале, оставајќи ја Атина сама да го прими и издржи првиот удар на македонската војска. Филиповата реакција на атинскиот потег била брза, енергична и карактеристична за еден македонски крал, најблаго речено.

Македонците не толерирале непокорност, особено не од Атина. Филип го испратил генералот Никанор со наредба да ја десеткува Атика, вклучувајќи ја Академијата во Атина каде отседнала римската мисија. Иако ниеден  Римјанин не бил убиен во нападот, гледано ретроспективно, тоа било грешка.

Вестите за дивите напади брзо стигнале до римскиот Сенат, убедувајќи ги дури и оптимистите дека презреното однесување на Филип не може да се толерира и дека нешто мора да се преземе. Римјаните почувствувале дека немале избор, освен да испратат ултиматум, наредувајќи му на Филип да ја стопира својата агресија против Атика и да ги реши разликите со Атал по пат на арбитража.

Филип знаел дека Рим, многу бргу по војната со Ханибал, не бил во форма да и се спротивстави на Македонија. Тој воопшто не бил вознемирен од можноста за војна и сосема го игнорирал ултиматумот. Наредил повеќе напади врз Атика и, исто така, ги нападнал градовите околу Хелеспонт, надевајќи се дека ќе го прекине патот на атинското жито по Црното Море.

Римјаните испратиле втор ултиматум, кој бил повторување на првиот, но дополнет со две други клаузули. Во вториот ултиматум од Филип се барало да го обештети Родос за нанесените загуби, како и да се откаже од нападот на Египет и египетските поседи. Наша претпоставка е дека Римјаните го откриле тајниот пакт помеѓу Филип и Антиох.

9089Македонска фаланга

Во секој случај, кои биле овие Римјани и како се осмелувале да и диктираат услови на една супер-сила? Филип останал на своето и одбил да биде ставен пред ултиматум. До сега, требало да му стане јасно дека Рим нема да се откаже тукутака. Всушност, по неговата победа во Картагина, со секој ден Рим станувал се посмел. Филиповиот одговор на ултиматумот бил многу едноставен – ако има војна, тогаш Македонците ќе војуваат.

Се уште невознемирен, Филип продолжил со своите напади се додека не бил задоволен, а тогаш се вратил во Македонија. Неговата арогантност, конечно го стигнала. Неговото неповинување на римските барања, како и неговото континуирано вознемирување на соседите, не само што го лишило него од неговиот дигнитет како добар државник, туку го убедило римскиот Сенат дека тој е опасен и треба да биде совладан што е можно поскоро.

Наспроти нивната ослабната состојба поради Римско-картагинските пунски војни, Римјаните всушност го  прифатиле предизвикот на Филип за војна. Било есен, 200 година пред Христа, кога во Македонија стигнала веста дека римската војска веќе се истоварила кај Аполонија, додека една римска флота зимува во Коркира /Corcyra/.

Она што било полошо отколку да се има Рим на вратите на Македонија, била положбата на Филиповите односи со неговите соседи. Неговата последна серија незагарантирани напади врз неговите егејски соседи го оставиле со малубројни сојузници. Всушност, тој сега имал повеќе непријатели желни да ја променат страната и да се здружаат со Рим, отколку што имал сојузници.

Ахеанскат лига, која во тоа време била преокупирана од војната со Спарта, пресметала дека таа има подобри шанси за победа со Рим, отколку со Македонија на своја страна. Во 199 година пред Христа, Аетолците, исто така, решиле да му се придружат на Рим бидејќи верувале дека ако избувне војна, Рим ќе победи. Атина, исто така, решила да ги отфрли македонските окови во корист на Рим.

Освен тоа, како што Ливиј вели: “На свештениците, секогаш кога се молеле за Атина и нејзините сојузници, исто така, им било наредено да го проколнуваат и да фрлаат клетви на Филип, неговите деца и кралство, неговите копнени и поморски сили, и на целиот народ и името на Македонците.” (Стр. 309, Питер Грин, Александар до Актиум, Историска еволуција на еленистичкото доба). Ништо од ова не му значело на Филип. Бил уверен дека може успешно да се справи со било кој предизвик и да победи, исто како што и неговите предци правеле со векови наназад.

 Во следните две години, Филип продолжил со своите походи и ја уништил дарданската инвазија, ги блокирал Римјаните во Илирија и не покажал милост кон проблематичните Аетолци. За жал, дури и со сите свои напори, Филип не можел да го смени текот на настаните и само што не се сретнал со Римјаните.

Филиповите проблеми започнале со пристигнувањето на младиот римски конзул, Фламинин /Flamininus/, кој бил испратен од римскиот Сенат да се сретне со него и да му ги испорача на Филип римските услови за мир. Филип се согласил на состанок, кој се одржал на реката Аос /Aoos/ во Илирија, но не се согласил со римските услови. Според римските барања, Македонија требало да ги евакуира и  отстрани сите свои гарнизони од градовите во Тесалија, Еубоеја /Euboea/ и Коринт и да им даде автономија.

Со други зборови, од Македонија се очекувало да ги предаде своите најважни одбранбени позиции, но за што? Филип бил навреден од понудата и бесен бргу го напуштил состанокот. Фламинин не губел време и веднаш им наредил на своите сили да ги нападнат градовите-држави и да почнат да ги протеруваат Македонците.

До крајот на летото 198 година пред Христа, римските легии стигнале до Коринтскиот Залив и битката со Филип наближувала. Присуството на Римјаните во регионот ги уверило сите, освен некои членки на Ахеанската лига, да се откажат од Македонија и да стапат во сојуз со Рим. Филип внимателно ја одмерувал ситуацијата и, во ноевмри 198 година пред Христа, се вратил на преговарачката маса со противпонуда.

Тој бил подготвен доброволно да ги напушти градовите-држави под услов да ја задржи контролата врз неколку одбранбени позиции и ако Римјаните му гарантираат дека нема да упаднат во Македонија.Понудата не била ниту прифатена, ниту одбиена, бидејќи Римјаните одолговлекувале за да добијат во време. Тоа било година на избори и Фламинин морал да замине за Рим. На Филип му било речено дека, ако сака да ги продолжи преговорите, ќе мора да испрати мисија во Рим.

90891

Додека биле во Рим, преговорите тргнале од лошо на полошо. Главните точки на препирката било инсистирањето на Филип да ја задржи контролата врз Деметриас, Калкис и Коринт, подобро познати како окови на градовите-држави. Кога Фламинин повторно бил избран, преговорите одеднаш прекинале и на легиите им било наредено да продолжат со нивните походи.

 Филип сега бил очаен и им се обратил на Спартанците за помош. Им го понудил Аргос, еден од ахеанските сојузници кој останал верен на Македонија, и бракот на Филиповата ќерка со синот на спартанскиот крал. На издајничките Спартанци, за жал, не можело да им се верува. Ја прифатиле понудата на Филип, а потоа го предале, правејќи посебен договор со Фламинин. Она што било полошо, сега имало примирје помеѓу Спарта и Ахеанската лига и Спартанците  биле обврзани да му обезбедат трупи на Фламинин да се бори против Македонија.

Додека Римјаните и нивните сојузници станувале се посилни, водените борби ја редуцирале македонската војска на околу дваесет и пет илјади трупи. Филип сфатил дека неговата сила постепено се намалува и дека сега било потребно да се дејствува. Како и многумина од неговите претходници, решил се да стави на коцка во една единствена битка.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.