Среда, 27 Април 2022   
ГОЛЕМИ ПРЕВИРАЊА ВО ЗАДРЖУВАЊЕТО НА ИМПЕРИЈАТА НА АЛЕКСАНДАР (31)

1zad11

Откако го истерал Антиох од Азија, Селеук ја фатил и ја погубил Стратоница и се подготвувал да го нападне Атал. Но, пред да добие шанса, умрел од несреќен пад од својот коњ. Во 226 година пред Христа, Селеук II бил наследен од неговиот прв син, Селеук III Сотер, кој бил на тронот наредните три години, пред да биде убен од своите офицери, додека биле во поход против Атал.

По неговата смрт, неговиот роднина Акеј /Achaeus/ бил номиниран за гувернер на Мала Азија. Тој, за возврат, во 223 година пред Христа, го прогласил Антиох III, помладиот брат на Селеук III, за крал. Како гувернер на Мала Азија, Акеј тргнал во потера на Атал и до 222 година пред Христа го потиснал назад до Пергамон. На тој начин ги вратил сите изгубени селеукидски територии во Мала Азија.

Во Египет, Птоломеј III ја укинал својата поддршка за Спарта и ја исправил грешката кон Македонија. Но, во Азија, тој продолжил да ги вознемирува Селеукидите и од нив заземал делови од источниот Медитеран, Тракија и од Хелеспонт. По неговата смрт во 221 година пред Христа, Птоломеј III бил наследен од Птоломеј IV Филопатор /Ptolemy IV Philopator/.

Во Европа, со формирање на федерацијата, Антигон Досон ги опколил Аетолците. Несреќни заради својата незгодна позиција, почнале да пружаат отпор, така што извршувале напади против своите соседи, против Ахеанската лига. Дотогаш, Филип V станал полнолетен и го наследил Антигон, преземајќи ја титулата хегемон.

Како нов хегемон, чувствувал дека негова должност е соодветно да одговори на агресијата на Аетолците и затоа им објавил војна. За да бидат работите уште полоши, веста за смртта на Клеомен во 219 година пред Христа, инспирирала државен преврат на ројалистите во Спарта и еден непријателски крал бил назначен на тронот. Кралот, кој бил против федерацијата, брзо ги прекинал односите со Макдеонија и стапил во сојуз со Аетолците. Филип одговорил убедливо – брзо и енергично.

Во походите што следеле, потсетувајќи на Александар III, Филип V и неговата добро обучена и дисциплинирана македонска војска, постојано ги надмудрувал и ги победувал своите непријатели. Но, во 217 година пред Христа, Филип бил потребен на друго место и морал постепено да ги намалува своите походи, така што било склучено примирје врз база на status quo.

1zad112

Во Азија, набрзо по неговото крунисување, амбициозниот Антиох III обелоденил грандиозен план да ги поврати изгубените селеукидски територии и повторно да го воспостави царството на својот прапрадедо (Селеук I Никатор). Неговиот план вклучувал повторно стекнување на Коеле-Сирија долу до Египетските Порти, враќање на големите источни сатрапи, враќање на морските пристаништа на Мала Азија, Хелеспонт и Источна Тракија на европската страна. Тој дури организирал една експедиција, достојна на Александар III, која го однела до Бактрија и Индија.

Тврдејќи дека Сирија и Феникија еднаш му припаѓале на Селеук I, Антиох преземал голема офанзива против Сирија, иницирајќи ја на тој начин Четвртата сириска војна која траела од 219 до 217 година пред Христа. Во своето настојување повторно до го освои царството на неговиот прапрадедо, повторно го зазел неговиот главен град Селекуија /Seleucia/, пристанишните градови Тир и Птолемиас-Аке /Ptolemias-Ake/ и го отворил патот од Палестина до Египет.

Но, за разлика од Александар III претходно, попретпазливиот Антиох не тргнал до го освојува Египет. Наместо тоа, ја фокусирал својата енергија врз консолидирање на своите позиции во Галилеја и Самарија. Таму поминал поголем дел од времето преговарајќи за мир со Птоломеј, кој тајно собирал голема војска за противнапад.

Намерите на Птоломеј станале многу очигледни во летото 217 година пред Христа, кога тој и неговата помлада сестра Арсиона /Arsione/ биле подготвени за битка, со војска од педесет и пет илјади војници. Дошле до полињата на Рафија /Raphia/ во Палестина и се соочиле лице в лице со Антиох и неговата шеесет и осумилјадна војска.

Ова не било само најголемата битка од Ипсус, туку била и слична по форма. Антиох, како и Деметрис пред него, молскавично ја нападнал борбената линија со својата коњица, извојувајќи брза победа. Не можејќи да му се спротивстави на својот порив да го гони својот непријател, Антиох го напуштил бојното поле, овозможувајќи им на Птоломејовите команданти да се регрупираат и да преземат противнапад.

Без водството на Антиох и во отсуство на помош од коњицата, селеукидската фаланга се распаднала и била победена. Победоносните  Птоломејци го спасиле Египет и ги стопирале амбициите на Антиох. Со исклучок на враќањето на поморската база во Селеукија, Птоломеј бил среќен да договори status quo со Коеле-Сирија повторно безбедна во негови раце. Но, не било се така добро во Египет. Египетските трупи вкусиле победа и сакале уште, но не за Птоломеј, туку лично за нив.

Недостатокот на сребро во Египет, ги принудило Птоломејците да користат бронзени ковани пари кои не биле многу популарни кај странските наемници. Без странски наемници, Птоломејците немале избор, освен од локалното население да регрутираат помалку платени војници. Концентрацијата на Египќани во оружената сила, за жал, стимулирала силно националистичко чувство, што имало негативни последици за Птоломејците.

Во почетокот, незадоволството се манифестирало како спорадични екслозии на герилските походи, но со време тоа прераснало во целосно востание. Во крвавиот преврат против централната влада, Египќаните успеале да го ослободат Горен Египет од владеењето на Птоломејците. Без ресурсите на Горен Египет, Птоломејците биле принудени да собираат поголеми даноци за да ја зачуваат безбедноста на својата држава, влошувајќи ја на тој начин состојбата.

Додека Антиох бил зафатен борејќи се против Птоломејците со Сирија, неговиот вујко Акеј /Archaeus/ бил зафатен со повтрното освојување на Мала Азија, само за него. Откако Антиох изгубил од Птоломеј кај Рафија, Акеј направил смел потег и се прогласил за крал на Мала Азија. Неговата војска не се согласила со неговото прогласување и одбила да го поддржи. Во 216 година пред Христа, Антиох се вратил во Мала Азија, го притеснил во тесно вујко си во Сардис, а во 213 година пред Христа, го фатил како се обидува да побегне. Наредил да биде осакатен, а потоа распнат.

1zad113

Македонска војска

Во наредните седум години, од 212 година пред Христа до 205 година пред Христа, Антиох гo свртел своето внимани кон исток обидувајќи се да ги поврати источните сатрапи. Откако најпрво ја освоил Арменија, го свртел вниманието кон Медија Атропатен /Media Atropatene/. Извршил инвазија во Медија и поминал две години, организирајќи ја својата војска и собирајќи парични средства да плати за своите  походи.

Повеќето пари дошле од трезорите на големиот храм на Екбатана. Во 209 година пред Христа, Антиох III, како и Александар III пред него, марширал со својата војска на исток освојувајќи територија по територија. Партија /Parthia/ паднала во негови раце без ниту една борба, а по двегодишните походи во Бактрија и таа паднала во негови раце.

Ја преминал планината Хинду Куш и потпишал договор со Индијците, по што започнало неговото патување назад преку Аракозија, Дрангиана /Arachosia, Drangiana/ и Персискиот Залив. Тој испратил и една експедиција да ги освои герхаенските Арапи и добил данок во пари и зачини.

 Во 205 година пред Христа, Антиох стигнал со Селеукија на реката Тигар. Таму бил дочекан како победник кој повторно го добил најголемиот дел од царството на својот прапрадедо и повторно ги оживеал империските надежи на Селеукидите. Сепак, тој се уште не бил задоволен бидејќи Коеле-Сирија, крајбрежните градови на Анадолија и регионите на Хелеспонт, се уште биле надвор од неговиот домет.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.