Среда, 20 Април 2022   
ПОСЛЕДИЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО СУДИРИТЕ СО РИМ (30)

1ert1

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“, „Македонска искра“, Скопје, 2008 на 500 страници (на македонски јазик), е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou), роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада.

Ристо Стефов (Chris Stefou) е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Тој е автор на делото „History of the Macedonian people from ancient times to the present“ чиј преводот од англиски на македонски јазик под наслов „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е на Соња Прус, а го уредил и подготвил за печат авторот на овие редови, Славе Катин. Делото е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, во 2008, на 505 страници, а е отпечатено во печатницата „Софија“ во Богданци. Рецензенти на делото се: академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин.

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава - Република Македонија.

За излегувањето на книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ од Ристо Стефов на македонски јазик е заслужен Славе Катин. Тој е рецензент на книгата, ја уреди, ја подготви за печат, неговата издавачка куќа „Македонска искра“ ја издаде книгата и ја промовираше во Република Македонија. Славе Катин како публицист е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на античка Македонија.

1man1

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 се со името „Македонија“, 20 се монографии на македонски и на англиски јазик за познати личности во дијаспората и Република Македонија, а седум дела се лексикогравски изданија. Исто така, Катин е автор на над стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот.

Инаку, падот на Македонија почнал со смртта на Деметриј во 229 година пред Христа. Деметриј го изгубил животот во текот на една херојска битка, бранејќи ја Македонија од инвазиите на Дарданците. По неговата смрт, неговото кралство останало на неговиот деветгодишен син Филип.

За несреќа, Филип бил премногу мал за да владее, па затоа старателството му било доделено на Деметријовиот роднина Антигон Досон /Antigon Doson/, кој се согласил да се грижи за кралството додека Филип не стане полнолетен. Антигон Досон, понекогаш нарекуван Антигон III, правел најдобро што можел за да го одржи мирот и стабилноста за да го зачува кралството на Филип целосно.

По свртта на Деметриј, додека Македонија била презафатена со домашни работи, Атина ја искористила можноста за да го ослободи пристаништето Пиреј (Piraeus), отстранувајќи го македонскиот гарнизон стациониран тука. Атина не го сторила ова со борба, туку со подмитување. Потоа, Атина прогласила своја независност и мудро одбила да им се придружи на било кои сојузи.

Спарта, од друга страна, под водство на Клеомен III /Cleomenes III/, кој не бил навикнат да седи мирен, иницирал бројни социјални реформи. Но, северните соседи на Спарта, Ахеанската лига, се плашела дека една реформирана Спарта ќе претставува закана за доминација на Лигата и презела дејства против неа. Неспособна да преговара за соодветна спогодба, Лигата му се обратила на Антигон за помош. За да го намами да интервенира, Лигата му го ветила Акрокоринт /Acrocorinth/, стратешко вредно место.

Антигон учтиво прифатил и со дваесет илјади трупи се соочил со Клеомен. Самата глетка на македонската армија како се упатува со марш кон Пелопонез, на сојузниците на Клеомен морала одеднаш да им предизвика губење на храброста, бидејќи брзо се повлекле, оставајќи го Клеомен сам.

Како што се покажало, најголемиот број војници на Клеомен биле најмени платеници, исплатени со парите на Птоломеј. А Птоломеј, како и обично, бил поттикнувач на овие сплетки, никогаш не пропуштајќи можност да го  прошири своето лично влијание. Кога Антигон го открил ова, брзо му го дал на Птоломеј она што сакал – територијални концесии во Мала Азија. Во замена, Птоломеј ја повлекол својата поддршка за Клеомен.

Без финансиска поддршка од Птоломеј, Клеомен го изгубил своето влијание и решил се да стави на коцка во една единствена битка. Во 222 година пред Христа, во Селасија /Sellasia/, околу 120 км северно од Спарта, Клеомен ги вовлекол Македонците во битка која ја изгубил, а тој избегал во Египет. Антигон, во меѓувреме, триумфално стапнал на спартанско тло, како прв странски освојувач што го сторил тоа во текот на еден долг период.

Победоносец, Антигон повторно ја воспоставил Хеленската лига на Филип II, на која тој станал хегемон и поставил македонски гарнизони во Акрокоринт и Орхоменос /Orchomenos/. Исто така, оставил еден виш македонски офицер да биде одговорен за пелопонеските работи. Обидот на Спарта за слобода не само што сега бил изгубен, туку самата Спарта сега била присилена во конфедерација со нејзините поранешни непријатели: Ахеанците, Тесалијците, Епирците, Акарнаните, Беотијците, Фокијанците /the Achaeans, Thessalians, Epirotes, Acarnanians, Boeotians, Phocians/, а најлошо од се паднала под македонска управа.

1fi121

Географски, новиот сојуз, буквално, ја окружувал Аетолија, која сега и бил непријател на целата конфедерација. Аетолската лига сега воопшто не била задоволна со новите околности и се осветила така што водела војна со сојузниците на конфедерацијата.

Антигон, кој едвај имал време да ужива во својата победа, морал да се врати дома за да се справи со друга варварска инвазија.Додека траела биката, за жал, добил смртоносна рана од која подоцна умрел. Антигон Досон, кој се уште немал ниту четириесет години, умрел во почетокот на летото 221 година пред Христа, откако договорил да го постави својот млад внук Филип V на македонскиот трон.

Македонија не била единственото кралство кое поставило млад крал на тронот во 221 година пред Христа. Антиох III на Азија и Птоломеј IV на Египет, исто така, биле крунисани истата година.

Во Азија, Селеук II, наговорен од мајка си Лаодица, му ја отстапил Мала Азија на својот брат Антиох Хиеракс /Antiochus Hierax/, нешто за што тој наскоро ќе зажали. За жал, ниту еден од браќата не бил задоволен со исходот и не поминало долго време пред да избие конфликт помеѓу нив, што траел од 239 до 236 година пред Христа.

Преокупиран со оваа битка помеѓу браќата, Селеук ги занемарил своите источни сатрапи и речиси ги изгубил. Антиох, потпомогнат од Птоломеј III, бил способен да одржува притисок врз својот брат додека Селукус не сфатил дека оваа братоубиствена борба била непродуктивна. Во 236 година пред Христа, Селеук склучил мир со Антиох и му ја дал цела Мала Азија северно од планината Таур. За жал, Антиох не бил задоволен со оваа добивка и со помошта на Галатијанците (Galatians) ковал завера да изнуди пари од градовите во Мала Азија. Тој дури и ковал завера да го сруши Атал I од Пергамон.

Атал бил син на Еумен од Пергамон и претходно се имал судрено со Галатианците. Всушност, извојувал голема победа против нив во 237 година пред Христа, по што се прогласил за крал. Имајќи искуство во справувањето со Галатијанците, Атал не се плашел од нив и тргнал во потера на Антиох, бркајќи го преку Фригија, Лидија, Царија и подалеку. Во текот на неговото четиригодишно гонење, од 231 до 228 година пред Христа, Атал го победил Антиох во три големи битки и ги презел неговите територии во Мала Азија.

Истеран од неговиот сопствен голем имот, Антиох, со помош на неговата тетка Стратоница, направил обид да го сруши својот брат Селеук. Додека Стратоница организирала побуна во Антиох, Антиох извршил акција против Вавилон. Додека тоа се случувало, Селеук вршел походи во Партија, која требал да ја напушти за да се справи со својот брат. Кога Селеук го стигнал, го избркал од Азија, па Антиох побегнал во Египет каде Птоломеј го затворил. Набрзо, побегнал во Тракија каде бил убиен од страна на Галатијанците во 227 година пред Христа.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.