Среда, 23 Март 2022   
ГОЛЕМИ ИНТРИГИ И ПОДЕЛБИ СО ПОСЛЕДИЦИ ЗА НОВИ ВОЈНИ (27)

1ul121

Уште еднаш Деметриј бил поразен, но не и надвор од играта. Додека се криел, продолжил со кампањи за поддршка и ја добил. Не поминало многу време и добил доволно голема поддршка да формира војска за да го нападне Пелопонез. Неговото појавување на портите на Атина ги испровоцирало Атињаните и тие го повикале Пирх на помош.

Кога пристигнал Пирх, заедно со моќната флота на Птоломеј, ниту Пирх ниту Деметриј не сакале војна па затоа била постигната спогодба. До средината на 287 година пред Христа, бил потпишан мировниот договор според кој Деметриј бил отстранет од Атина, но му било допуштено да ги задржи тврдините Коринт, Калкис и неколку други региони околу Атика. Со губењето на Атина, Деметриј за миг го изгубил апетитот за освојување на градовите-држави и заминал за Мала Азија, оставајќи го својот син Антигон Гонатас /Antigon Gonatas/ да командува.

Деметриј, за жал, не можел да седи мирен и започнал да му прави проблеми на Лизимак. До пролетта 286 година пред Христа, Деметриј формирал војска и почнал да ги напаѓа градовите во Мала Азија, заземајќи ги со сила. Откако го освоил Сардис /Sardis/, го свртел вниманието на Лизимак. Тогаш, Лизимак го испратил својот син Агатокле /Agathocles/ во потера на Деметриј. Во меѓувреме, Лизимак ја нападнал заднината на Деметриј, го отсекол од неговата флота и му ги блокирал комуникациските линии.

Деметриј буквално бил фатен во стапица, но, наместо да се врати назад, решил да оди уште подлабоко во Азија, преку планинскиот венец Таур право во рацете на Селеук. Неспособен да му се спротивстави на Селеук, Деметриј во пролетта 285 година пред Христа се предал и бил однесен во Апамеја /Apamea/ на Оронт /Orontes/ и бил оставен да живее во раскош. За жал, заробеноста во раскошност не била во согласност со животниот стил на Деметриј и до крајот на летото 283 година пред Христа, на возраст од педесет и четири години, умрел од пијанство и здодевност.

Без својот татко Деметриј , Антигон Гонатас не бил закана за никого и, тогаш за тогаш, живеел повлечено. За жал, тоа не било случај со Лизимак кој, во вакуумот на власта оставен од Деметриј, видел можност да го зголеми својот голем посед, но за сметка на Пирх. Во 285 година пред Христа, Лизимак се упатил да ги зграби западна Македонија и Тесалија. Пирх, послабиот од двајцата ривали, се повлекол во Епир.

1ul1212

Откако Пирх веќе не му стоел на патот, Антипатер, синот на Касандер, имал големи очекувања за конечно да биде повторно поставен на тронот на својот татко. Тоа, за жал, не се случило бидејќи Лизимак, кој сега ја контролирал Македонија, ги убедил своите лојални следбеници во македонската војска да го прогласат него за крал наместо Антипатер. Како крал на Македонија, првото нешто на Лизимак било да го погуби Антипатер затоа што му се спротивставувал нему. Смртта на Антипатер, буквално, ставила крај на династијата на Касандер.

Бидејќи поседувал сиромашни имоти, Антигон Гонатас немал средства да ја поддржува морнарицата на татка си и затоа, заедно со западните пристаништа-градови, му ја предал истата на Птоломеј.

Откако Пирх и Антигон Гонатас не им стоеле повеќе на патот, победници во овој натпревар, барем во тој момент, биле Птоломеј, Лизимак и Селеук.

Птоломеј бил остроумен човек кој знаел дека преголемата амбиција е опасна. Тој го практикувал тоа што го проповедал и успеал да остане надвор од проблемите, па така седејќи настрана профитирал исто толку колку што профитирале и другите кои биле во фокусот на вниманието.

Птоломеј стареел и, за разлика од неговите ривали, наименувал наследник да го замени. Две години пред неговата смрт во 285 година пред Христа, Птоломеј го назначил Птоломеј II за свој ко-владетел и наследник. За жал, неговото назначување не му се допаднало на неговиот друг син од друга жена по име Птоломеј Кераунос /Ptolemy Keraunos/.

Веднаш по назначувањето на Птоломеј II, Кераунос му се пожалил на Селеук. Селеук му препорачал да чека додека Птоломеј сениор не умре, па потоа да преземе дејства. За жал, тоа не било она што Кераунос сакал да слушне, па затоа го напуштил Селеук и отишол кај Лизимак за помош. Тој навистина му дал совет, но тоа не бил советот што Кераунос го сакал.

По смртта на Птоломеј во 283 година пред Христа, Лизимак се откажал од Кераунос и побарал сојуз со неговиот ривал, Птоломеј II, нудејќи му една од своите ќерки за жена. Иако бил разочаран од потегот на Лизимак, немајќи други опции во тој момент, Кераунос решил да остане со него како 204 еден од неговите поручници и оттаму да го спроведува своето подбуцнување.

Сега, Лизимак веќе имал повеќе од осумдесет години и било прашање на време кога ќе назначел свој наследник пред да умре. Затоа, пред да може да се средат работите, Селеук, во 282 година пред Христа, решил да го нападне и да го лиши од неговиот имот. Нападот не само што бил успешен, туку и охрабрил некои од гувернерите на Лизимак доброволно да се префрлат во други сојузи.

До 281 година пред Христа, поголемиот дел од Анадолија му се предала на Селеук. Лизимак се осветил со противнапад, давајќи се’ што имал, рескирајќи дека ќе извојува уверлива победа во една битка. Големата битка се одиграла кај Курапедион /Curapedion/. Како и неговиот стар ривал Антигон пред него, и Лизимак изгубил се, вклучувајќи го и животот. Кераунос бил заробен, но не бил повреден, а Селеук продолжил да ги игнорира неговите молби повторно да го добие египетскиот трон.

 Победникот Селеук тргнал за Европа бидејќи можел да положи право на својата татковина, Македонија. Но, на патувањето, во текот на една вжештена расправија со Птоломеј Кераунос, бил прободен до смрт.Исполнет со бес и лутина, Кераунос веднаш го убил стариот Селеук. Смртта на Селеук означила крај на лозата на сите маршали на Александар III. За жал, нивната оставнина и ривалство продолжиле и натаму да живеат меѓу нивните потомци.

Од веселиот дочек што Птоломеј Кераунос го добил во Македонија, изгледало дека или Македонците го пропуштиле Лизимак, или пак дека Селеук не бил воопшто популарен.

Наскоро по неговото пристигнување, ветераните на Лизимак го прогласиле Кераунос за крал на Македонија. Првиот акт на Кераунос како крал било да се ожени со жената на Лизимак и да ги посвои неговите деца како свои. Птоломеј, едно од тие деца, одбил да биде дел од бракот и побегнал во Илирија и тоа со добра причина. Наскоро по венчавката, неговите браќа и сестри биле убиени, а неговата мајка едвај си го спасила животот од следбениците на Кераунос и се скрила во Самотракија /Samothrace/. 

1ul1213

Бидејќи не бил задоволен да ја има само Македонија, Кераунос го нападнал Антигон Гонатас и, со исклучок на Деметриас (пристаништето Волос), му земал се што поседувал. Но, како што сакал случајот, несреќен каков што бил, Кераунос бил нападнат од Галите /Gauls/. Претходно, кога Лизимак бил поразен од Селеук, граничните одбранбени линии биле напуштени и останале небранети. Небранетата граница им дала можност на Галите да упаднат и да ја опустошат Македонија, убивајќи го притоа Кераунос. Се вели дека Галите му ја отсекле главата на Кераунос, ја набиле на колец и ја носеле секаде каде што оделе.

Галите продолжиле да ја пљачкосуваат Македонија, особено внатрешноста, се додека не останало ништо за пљачкосување. Потоа се упатиле на север, пљачкајќи и на крај извршиле инвазија на Мала Азија. По смртта на Кераунос, Антипатер, младиот внук на Касандер, направил друг обид повторно да ја заземе македонската круна, ама без успех.

За пополнување на вакуумот во власта во Македонија, се појавиле двајца нови ривали. Првиот бил Антиох I /Antiochus I/, син на Селеук. Нему му се спротивставил Антигон Гонатас. И двајцата ја посакувале македонската круна, но не можеле да постигнат мирољубиво решение, па затоа нивното лично ривалство на крај ескалирало со војна од големи размери.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.