Среда, 02 Март 2022   
ГОЛЕМИТЕ ПРЕВИРАЊА ЗА ПРЕВЛАСТ НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА (24)

09090

ГОЛЕМИТЕ ПРЕВИРАЊА ЗА ПРЕВЛАСТ НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА (24) 

Во наредните дваесетина години, Антигон бил тој кој доминирал со азискиот фронт. Вложувал големи напори целото Царство да го стави под своја контрола, но, за жал, и тој платил со својот живот за своите опасни потфати.

Пред неговото наименување, Антигон покажал дека е многу амбициозен, но Антипатер не му верувал со целата своја моќ. Но, Касандер, синот на Антипатер, бил комотен со изборот и го убедил татка си да го дозволи наименувањето. За да ја осигура лојалноста на Антигон, Антипатер ја омажил својата ќерка Фила /Phila/, вдовицата на Кратер, со Деметриј, синот на Антигон.

Како натамошна сигурност, Касандер лично се придружил на штабот на Антигон како командант на коњицата и останал во Азија. Антипатер се вратил во Македонија за да ги преземе своите должности повторно и да ги врати двајцата кралеви назад во нивната татковина.

На Антигон му требале околу пет години да го фати Еумен. Но, не бил Антигон тој кој ја предизвикал смртта на Еумен, туку неговите лични војници кои го оставиле на цедило во битка. Еве што Питер Грин има да каже: “Тој на крај беше  уништен, само со предавствата кои се повторуваа (цената за потпирање на премногу независните и на квази-наемните команданти) и со фундаменталната лакомост и ксенофобичност на македонските војници, кои во суштина биле навредени зашто биле водени од страна на учтив грчки интелектуалец, особено таков кој не успеал да им донесе плен, но и победи.

Тие, можеби, во една прилика го поздравиле на македонски, како двосмислена пофалба, но, страшно лошо го изневериле во текот на нивниот прв поход против Антигон во Кападокија.” (Стр. 17, Питер Грин, Александар кон Актиум, Историската еволуција на хеленистичкото доба /Alexander to Actium, The Historical Evolution of the Hellenistic Age/).

Понижен од својот пораз, Еумен и околу шестотини негови следбеници побегнале во тврдината Нора, во северниот венец на планината Таур. Антигон веднаш ги презел и сатрапите на Еумен, и неговата војска, и ја опседнал Нора. Антигон не сопрел со Еумен, туку продолжил да ги гони неговите непријатели со голем успех. Токму во текот на овие походи Антигон сериозно почнал да размислува за преземање на контролата врз целото Царство.

При крајот на 319 година пред Христа, Антипатер, во своите седумдесетти години, умрел од старост. Неговата смрт го охрабрила Антигон да го следи својот сон, но за жал, како и Пердика пред него, почнал да прави груби дипломатски грешки.

090901 

Во текот на последните часови од животот, Антипатер својата власт му ја предал на еден лојален македонски офицер по име Полиперхон /Polyperchon/, кој бил добар војник, но имал сосема мало искуство во дипломатските работи. Првата грешка на новопоставениот била што ја вратил Олимпија, мајката на Александар III од Епир и што ја наименувал за кралски старател на младиот Александар.

Првиот кој со навреда реагирал на ова наименување бил Касандер, синот на Антипатер. Касандер бил бесен не само поради тоа што Олимпија била вратена назад, туку и поради тоа што тој верувал дека позицијата на неговиот татко требало да му биде дадена нему, а не на Полиперхон. Касандер веднаш  формирал коалиција со Птоломеј од Египет, со Антигон од Азија и со Лисомак од Тракија, а против Полиперхон.

Сојузништвото со Касандер му обезбедувало можности на Антигон, но најпрво морал да ја заврши опсадата на Нора. Бидејќи не бил во состојба со сила да ја освои неосвоивата тврдина, Антигон прибегнал кон дипломатија и на Еумен му понудил сојуз. Желен што поскоро да се извлече од неприликата во која се наоѓал, Еумен се согласил со условите на сојузот и му се заколнал на верност на Антигон . На самиот почетокот на пролетта 318 година пред Христа, опсадата била укината. Неколку месеци подоцна, Еумен добил понуда за сојуз од Полиперхон и Олимпија, кои во тоа време биле непријатели на Антигон и Касандер.

Еумен ја прифатил нивната понуда и ги променил страните. Антигон му дал противпонуда, но таа била одбиена. Кратко време потоа, избувнала војна во Азија помеѓу Антигон и Еумен која траела две години. Во есента 316 година пред Христа, во текот на битката кај Паратецен /Paraetacene/, Еумен бил повторно предаден од страна на неговите луѓе, што му овозможило на Антигон да го фати и да го погуби.

Во меѓувреме, во Мадедонија, Полиперхон правел обиди да добие поддршка од градовите-држави против Касандер, но без голем успех. Олимпија, од друга страна, му ги влошила работите на Полиперхон со тоа што извршила инвазија на Македонија од Епир. Решена да го види својот внук на тронот, Олимпија, во почетокот на 317 година пред Христа, ја нападнала Македонија со мала вооружена сила. Таа била испровоцирана од Евридика, жена на Филип Архидеј, која отворено ја искажувала својата поддршка кон Касандер како регент на Македонија.

На заканата со инвазија, Евридика излегла со цела војна опрема, на чело на нејзините војници за да ја пресретне Олимпија на македонско-епирската граница. Но, кога ја видела мајката на Александар, таа отстапила и го положила оружјето. За жал, Олимпија не била од оние кои простувале и и се осветила со тоа што го погубила нејзиниот маж Филип Архидеј. Без поддршката на нејзиниот маж, Евридика не можела да ја издржи болката што останала вдовица и извршила самоубиство во есента 317 година пред Христа.

Осветата на Олимпија не престанала со убиството на Филип Архидеј. Верувајќи дека нејзиниот син Александар III бил отруен од пехароносецот Јол /Iolaus/ (синот на Антипатер), наредила неговиот леш да биде ексхумиран од гробот, а неговата пепел растурена. Таа, исто така, погубила стотоци следбеници на Филип Архидеј и на Евридика. За среќа, нејзината опиеност од убивање била од краток век.

Откако и’ се извинил на Атина, Касандер навлегол во Македонија и наредил македонската војска да изрече смртна казна за Олимпија, што ја натерало да се врати назад во Пидна. Лишена од поддршка, во пролетта 315 година пред Христа се предала и била погубена со каменување.

Малиот Александар сега бил ставен под старателство на Касандер, што само по себе можело исто така да биде смртна пресуда. Дотогаш, Касандер почнувал да дејствува како крал на Македонија и немал намера да му отстапи место на никого. Своите намери јасно ги ставил на знаење, на тој начин што на Филип Архидеј и на Евридика им приредил кралски погреб во Аига и што се оженил со Салоника, ќерката на Филип II.

Како што е претходно спомнато, потерата на Антигон по Еумен му овозможила да влијае врз пространата Азија. Кога Еумен веќе не му стоел на патот, Антигон командувал со сите земји од Мала Азија до планинските краеви на Иран. Тој го спроведувал своето влијание како независен монарх, назначувајќи сатрапи по свое сопствено убедување и проценка, и дури земајќи пари од царските благајни за да ја зацврсти поддршката и да изнајми платеници за својата војска.

090902

Поворката со телото на Александар

Користел мито и протажерство за да се ослободи од своите непријатели и од оние кои не се согласувале со неговата политика. Дури наредил и да се изврши ревизија на сметководството на Селеук, надевајќи се дека ќе најде неправилности за да може да се ослободи од него. Селеук во тоа време бил сатрап на Вавилон. Претчувствувајќи дека животот му е во опасност, побегнал во Египет, оставајќи го Антигон да го контролира речиси целото Азиско Царство на Александар.

Акциите на Антигон не поминале незабележително. Всушност, тие во голем степен ги алармирале неговите ривали. Неговото протерување на старите офицери на Александар била доволна причина за загриженост, за да го испровоцира не само Селеук, кој ја изгубил својата доходовна позиција, туку и Птоломеј, Касандер и Лизимак, за да му постават ултиматум.

Додека вршеле обиколка на благајните и собирале даноци, пратениците испратени од Птоломеј, Касандер и Лизимак го пресретнале Антигон во Сирија. Тие му врачиле изветување со кое му се наредува да му го врати на Селеук сатрапништвото во неговата поранешна провинција во Вавилон, да му ја предаде Сирија на Птоломеј, Хелеспонт Фригија на Лизимак, а Луциа и Кападокија на Касандер.

Се разбира, дека тоа биле претерани барања кои Антигон категорично ги одбил. Но, тие биле доволно сериозни така што ако биле игнорирани ќе довеле до војна која Антигон бил уверен дека може да ја добие. Антигон имал една слабост – немал флота, но во иднина тоа можело лесно да се поправи бидејќи имал пари да ја изгради.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.