Среда, 08 Септември 2021   
ДЕЛ ОД БУРНИОТ ЖИВОТ НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ – НАЈГОЛЕМИОТ ОД СИТЕ ЕВРОПСКИ КРАЛЕВИ (27)

1schort1  1schort12

Во текот на 357 година пред Христа Филип, наспроти противењето на Атина, го освоил градот Потида на Халкидики. Одејќи кон север, Филип, исто така, ја освоил Пидна /Pynda/, уште еден град-држава колонија на македонскиот брег.

Неколку години подоцна, Филип го освоил градот Метон /Methone/, кој долго време бил атинска база, сместен во близина на Пидна. За жал, таа посебна победа била горчлива и блага едновремено, бидејќи Филип, во текот на опсадата, го изгубил видот на едното око, поради удар со стрела.

Истата година, македонската армија напредувала кон исток во тракиска територија и го зазела градот Кренид /Crenides/ (сместен во близина на денешниот град Драма) кого неговите жители подоцна го преименувале во Филипи. Кренид не бил само вообичаена оддалечена населба и воена база; тој бил и седиште за обработка на златото од рудниците во планините и во заднината, а кои Филип ги присоединил кон македонските поседи.

Дел од приходите од откопаното количество злато бил реинвестиран за исушување на блиското мочурливо земјиште, правејќи го регионот околу Филипи најповолна локација за нов развој. Источна граница на Македонија, која се протегала до реката Места, тогаш била безбедна.

Пред да продолжиме со подвизите на Филип кон југ, би сакале, за момент, да направиме дигресија и да зборуваме за бројните бракови на Филип. Македонската традиција да се обезбедат сојузи преку сколопување бракови, се практикувала долго време пред Филипа. Можеби таа била измислена уште во текот на каменото доба за да се зацврстат семејните врски.

1schort13Амфипол

Според Борза, најдобриот извор за да се објаснат комплицираните бракови на Филип е биографот Сатир /Satyrus/. Сепак, се сомневаме, дека Сатир било кога го сфатил вистинското значење на оваа традиција. Исто така, сакаме да разјасниме дека античкото однесување кон браковите нема ништо заедничко со нашето современо сфаќање и со вредностите од бракот. Еве што Борза има да каже:

 “Тој се оженил со Аудата, Илирка, и со неа ја имал ќерката Сина /Cynna/. А потоа се оженил со Фила /Phila/, сестрата на Дерд /Derdas/ и на Махат /Machatas/. Потоа, бидејќи сакал да го придобие и тесалискиот народ, пак, врз основа на сродство, добил деца од две тесалиски жени, од кои едната била Никесиполија /Nikesipolis/ од Фера /Pherae/, која му ја родила Тесалоника /Thessalonike/, а другата Филина /Philinna/ од Лариса со која го имал Архидеј /Arrhidaeus/. 

Потоа го добил кралството на Молосијаните /Molossians/ исто така, женејќи се со Олимпија. Од неа ги имал Александар и Клеопатра. А тогаш, кога ги освоил Тракија и Котел /Cothelas/, кралот на Тракијците дошол кај него носејќи му ја својата ќерка Меда /Meda/ и многу дарови.

Откако, исто така, се оженил со неа, ја донел во своето домаќинство покрај Олимпија. Потоа, се оженил и со Клеопатра, сестра на Хипострат /Hippostratus/ и внука на Атал/ Attalus/, во која се вљубил. Но, кога ја донел и неа во своето домаќинство покрај Олимпија, целиот свој живот го претворил во конфузија. Веднаш, во текот на свадбената прослава, Атал рекол: “Сега сирурно ќе ни бидат родени легитимни кралеви, а не вонбрачни деца.”

Штом Александар го слушнал тоа, го фрлил пехарот, што го држел во својата рака, кон Атал; на тоа, тој, исто така, го фрлил својот пехар кон Аледкандар. По ова, Олимпија побегнала кај Молосијанците, а Александар кај Илирите. А Клеопатра ја родила ќерката на Филип по име Европа.” (Стр. 206-207, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон).

Од бракот на Филип со Поликсена /Polyxena/ (на која Филип и дал прекар Олимпија), во 356 година пред Христа, се родил Александар кој за неколку години ќе стане крал Александар III.

Уште на почетокот на својата кариера, Филип сфатил дека за да се брани против актуелната агресија, му треба армија со цело работно време. Ја изградил својата армија така што оружените сили ги направил начин на живеење за обичниот Македонец. Да се биде војник, станало професионално занимање кое било добро платено и од кое добро се живеело преку цела година.

За разлика од порано, кога да се биде војник значело да се има работа со скратено работно време, нешто што мажите го правеле во своето слободно време, на војниците на Филип можело да се смета во било кое време. На новиот македонски војник му била дадена можноста да развива тимски вештини, единство, кохезија и доверба во племството, квалитети кои му недостасувале на војникот со скратено работно време.

Македонските војници не биле единствените кои профитирале од Филиповите реформи. За армија со цело работно време биле потребни оружје, засолниште, храна и облека. За да се обезбеди сето тоа, требало да се развие цела нова индустрија која вработувала луѓе со разновидни занимања и вештини.

Исто така, сакаме да нагласиме дека не смееме да го заборавиме општиот придонес на македонското население кое, не само што му обезбедувало војници на својот крал, туку, исто така, му обезбедувало работна рака за обработување на неговите земји и храна за неговата армија, ги градело неговите патишта, изработувало оружја, машини за опсада и бродови. Филип ќе бил беспомошен без поддршката и лојалноста на македонскиот народ.

Со реорганизирана армија, исполнета со самодоверба и опремена со модерно оружје, Филип го свртел своето внимание кон југ. Прво отишол во Тесалија каде постигнал лесна победа. До 352 година пред Христа имал цврста контрола над регионот кој се проширувал на југ, се’ до преминот на Термопилите. Како дел од мировниот договор со Тесалијците, Филип се оженил со Никесипола, истакната жена од месното население. Таа на Филип му родила ќерка која ја крстил Тесалоника за да ја прослави неговата победа над Тесалија.

Со Тесалија на негова страна, Филип фрлил око на северната врата на градовите-држави кои во тоа време биле добро чувани и бранети од атински, спартански и ахајски сили.

Со обезбедена јужна граница, Филип се вратил во Македонија да се погрижи за работите поблиску до дома. Во 348 година пред Христа, ја испратил својата македонска армија до полуостровот Халкидики и освоил дел од колонијалните земји, почнувајќи од градот-држава Олинт /Olynthus/.

Олинт бил голем меѓу северните градови-држави, симбол на моќ што и стоел на патот на Македонија. Филип го ограбил Олинт и неговото население го продал како робови, практика која во тоа време се очекувала од градовите-држави, но не и од Македонците.

Како и Метон пред тоа, така и Олинт и околу 31 друг град на Халкидики биле расчистени, а нивните земји биле прераспределени на Македонци. Еден од опљачканите градови бил Стагерија /Stageria/, родното место на Аристотел. Кога Филип завршил  со проширувањето на својата земја со присвојување други колонии, извршил мелиоризација на целиот полуостров Халкидики за своите Македонци. 

1schort14

До 348 година пред Христа, иако Филип контролирал практично се’ што било на север од Ламинскиот Залив /Lamian Gulf/, тој никогаш не бил вистинска закана за моќните градови-држави на југ. Можеби ги анексирал нивните колонии и им го пресекол пристапот до дел од нивните пазари, но никогаш не бил закана по нивниот начин на живеење или постоење.

Но, 348 година пред Христа работите почнале да се менуваат. Тоа започнало со Филиповата интервенција, во интерес и корист на Тесалија, да го ослободи Делфи од побунетите елементи. Делфи бил религиозен центар  чија неутралност била штитена од Амфиктионската лига /Amphictyonic League/, античко и главно религиозно здружение на централните градови-држави. Кога една побунета фракција на Амфиктионската лига избегала од контрола и се заканила по неутралноста не центарот, Филип бил повикан да ги разреши работите.

Филип многу сакал да ги обврзе своите тесалиски сојузници, но во исто време морал да внимава да не ги вознемири Атињаните и Тебанците кои се спротивставувале меѓу себе, ама, исто така, имале свои стекнати права во Делфи. Во таа фаза, еден Атинско-тебански сојуз би бил катастрофален за Македонија и по секоја цена морало да биде избегнат.

Бидејќи веќе бил во сојуз со Теба, Филип размислувал за еден дипломатски потег кон Атина, нудејќи им на Атињаните заедничко учество во отстранување на бунтовниците. За жал, Атињаните во Атина, бидејќи биле сомничави кон мотивите на Филип, одбиле и меѓусебе предложиле да преземат противмерки за сосема да го сопрат Филип да интервенира, ако е потребно дури и со сила. За среќа, пред да биде нанесена било каква штета, мудроста преовладала и Атињаните решиле, најпрво, да разговараат со Филип пред да го нападнат.

Бидејќи бил мајстор за дипломатија, мудриот Филип ги убедил постарите Атињани дека не мислел ништо лошо и дека само сакал тоа прашање да биде решено по мирен пат. За да ги смири нив, отишол чекор понапред и лично понудил гаранции за атинската хегемонија над неколкуте региони во близина на Атина, нешто што Атињаните го посакувале долго време. Последниот предлог на Филип бил успешен и бил целосно прифатен од Атињаните. Тој дури добил поддршка од Демостен, Филиповиот “најверен” критичар.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.