Среда, 01 Септември 2021   
ИСТОРИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ГОЛЕМИОТ КРАЛ ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ (26)

1is12

Филип II е роден во 382 година пред Христа во Пела, главниот град на античка Македонија и владеел со Македонија од 359 до 336 година пред Христа. Филип бил најмалиот син на кралот Аминта III и Евридика.

По смртта на Аминта III, стабилноста на Македонија почнала да опаѓа, бидејќи Александар II, и подоцна Пердика III, неуспешно се бореле да ја сочуваат негибната, т.е. цела. Нестабилноста била предизвикувана, главно, од надворешните напади од соседните Тракијци, Илири и од јужните градови-држави.

Тракијците окупирале делови од источна Македонија, додека Илирите се заканувале од подалеку од северозападна Македонија. Теба, најмоќната воена сила во тоа време, често се мешала во македонските работи, додека колониите на Халкидики претставувале пречки за македонскиот економски просперитет и често биле закана по македонската безбедност.

Од она што Диодор Сикул /Diodorus Siculus/ ни кажува, додека Тебанците го држеле Филип како заложник од 368 до 365 година пред Христа, тој покажувал необичен интерес за проучување на нивните воени техники и оружја. Филип бил особено заинтересиран да го разбере борбениот стил на елитната тебанска Тајна група, што подоцна ќе стане важно за неговата кариера, при реформирање на неговите оружени сили. Откако Филип бил ослободен од Теба, по барање на неговиот брат (Пердика III), тој веднаш почнал да ги спроведува своите реформи и да ги реорганизира македонските оружени сили.

За жал, пред Филип да заврши со ова, умрел неговиот брат. Додека се борел со Илирите во северозападна Македонија, Пердика III бил смртно ранет и умрел во битката. Уште полошо, во текот на истата битка, Македонците претрпеле деморализаторски пораз, губејќи околу 4.000 војници кои го сочинувале поголемиот дел од македонската армија.

Победоносните Илири навлегле и ја окупирале севернозападна Македонија. Сместени високо на планината 99 Линкус, станале закана и за самото постоење на македонското кралство.  

1is123

Наименуван од македонската армија, по смртта на својот брат, Филип се искачил на македонскиот престол во најтешките времиња. Неговото кралство практично било на работ на пропаста, а неговите соседи, чекајќи како мршојадци, имале намера да стават крај на неговото постоење. Освен вообичаените закани однадвор, Македонија била дополнително ослабена од внатрешните раздори.

Претенденти одвнатре сакале да го узурпираат македонскиот престол за себе. Некои од нив биле поттикнати и потпомогнати од странски сили. Наспроти огромниот притисок, 21-годишниот крал не се обесхрабрил и наскоро ги демонстрирал своите способности не само како компетентен владетел, туку, исто така, и како вешт дипломат.

Кратко време откако ја презел контролата над своето кралство, тој го подмитил тракискиот крал со подароци и го убедил да го егзекутира првиот македонски претендент кој, во тоа време, се криел на тракискиот двор. Вториот претендент, поддржан од Атина, го поразил во битка. Внимавајќи да не ги вознемири Атињаните, ги смирил со потпишување договор со кој им го отстапил Амфипол. За нешто повеќе од една година ги отстранил сите внатрешни закани и го обезбедил своето кралство со тоа што цврсто се сместил на престолот.

Решен да ја ослободи северозападна Македонија, во 358 година пред Христа, Филип ја ставил својата реформирана армија на тест и се борел со Илирите лице в лице во една жестока борба. Оставајќи ги настрана сите стравови од претходната битка, моќната македонска армија се соочила со легендарните Илири и постигнала убедлива победа. Илирите се разбегале во паника оставајќи 7.000 мртви, речиси три четвртини од нивната армија.

 “Без одлагање, тој (Филип) свикал собрание, го подигнал борбениот дух на своите луѓе со соодветно избрани зборови и ги повел кон територијата што ја држеле Илирите, а неговата армија броела не помалку од 10.000 пешадинци и 600 коњаници. Бардил /Bardylis/ (илирскиот водач) се’ уште не извршил прозивка на огромните сили кои имал намера да ги води во понискиот дел од Македонија. 

Затоа понудил мир  врз основа на статус кво. Филип одговорил дека мирот е прифатлив само ако Бардил ги евакуира своите војници од сите македонски градови. Бардил не бил подготвен да го стори тоа. Самоуверен од величествениот успех и од бројните победи на неговите елитни илирски војници, кои броеле 10.000 пешадинци и 500 коњаници, тој тргнал да започне битка на отворената рамница на Линкус. Воените крикови на 20.000 војници одекнувале од планините.

Без разлика дали имало претходна битка со коњиците или не, Бардил сфатил дека бил победен во коњицата. За да го заштити крилото и заднината на неговите копјаници од нападите на непријателската коњица, наредил неговата пешадија да формира еден празен правоаголник чиј фронт, кој се соочувал со непријателот, бил составен од неговите најдобри луѓе, а другите страни од помалку вешти војници, сите со лицето свртени кон надворешната страна.

Недостатокот на таа формација лежел во нејзината неподвижност. Иницијативата сега била кај Филип кој веднаш ги уочил добрите страни од еден напад врз крајната лева страна на челото и на левата страна на непријателот. И наредил на својата фаланга да маршира напред во кос агол кон челото на непријателот; неговата десна страна напредувала, а левата заостанувала, па ја концентрирал својата пешадија на неговата десна страна.

Кралот и војниците на кралската национална гарда ја предводеле пешадијата на македонското десно крило. Како што им се приближувале на неподвижните Илири, јуришале кон непријателскиот лев фронт со концентрирани спуштени копја (Илирите никогаш пред тоа не виделе копја), комплетно го разбиле аголот од правоаголникот, овозможувајќи и на коњицата да ја нападне растурената формација на крилната страна и одзади. Илирите биле разбиени и се разбегале. Гонењето од страна на коњицата по рамнината предизвикало големи загуби: 7.000 од 10.500 војници. Бардил испратил претставници да бараат мир.

Филип ги закопал мртвите на бојното поле во согласност со македонскиот обичај и ги поставил условите за мир кои вклучувале не само враќање на сите македонски градови, туку, исто така, и предавање на територијата се’ до североисточниот брег на езерото Лихнида /Lychnitis/. Мирот со Бардил бил зацементиран со бракот на Филип со илирската принцеза Аудата /Audata/.” (Стр. 62, Николас Г. Л. Хамонд, Чудото што било Македонија).

1is124Македонска фаланга

Северозападна Македонија тогаш била слободна, а сите кантони во Горна Македонија, вклучувајќи ја Линкестија, родното место на мајката на Филип, биле под цврста македонска контрола и биле лојални на својот ослободител Филип II.

Филип бил свесен дека со мала армија од 10.000 војници не може да го брани своето кралство, дури ниту против поразениот илирски водач кој на свое располагање имал побројни резервни војници. За да го обезбеди своето кралство и да создаде фонд, т.е. извор на нови регрути, Филип ги убедил водачите на помалите кралства да му се придружат. На оние кои го сториле тоа, им понудил почесни позиции на неговиот двор.

Со обезбедена западна граница, Филип напредувал кон исток за да го обезбеди басенот на реката Струма, северно од Халкидики. Неговото присуство таму ги алармирало колониите, особено Амфипол, и во паника тие отишле да и се жалат во Атина. Но, Атина, имајќи свои проблеми, била немоќна да дејствува и овозможила Филип да ги спроведе своите операции неослабен.

По неуспешниот обид да осигура сојуз со мирољубиви методи, Филип концентрирал голема војска и го нападнал Амфипол. Употребувајќи го својот модернизиран начин на опсада, со заднинско засилување, тој бил во состојба брзо да се пробие низ тешко утврдените градски ѕидови. “Во 357 година, по пробивањето низ ѕидовите со своите машини за опсада (Диод. 16.8.2), го зазел Амфипол, на тој начин постигнувајќи го, за само неколку недели, она што Атињаните не успевале да го сторат повеќе од шеесет години.” (Стр. 213, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон).

Како што ветил пред опсадата, останувајќи доследен на својот збор, Филип, откако го окупирал, на Амфипол му дал независност под надзор на македонски надгледувачи.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН  

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.