Среда, 04 Август 2021   
КОПНЕНИ И ПОМОРСКИ СОЈУЗНИШТВА НА АНТИЧКАТА ТЕРИТОРИЈА МАКЕДОНИЈА (22)

1soju1Пердика внимателно ја разгледал својата ситуација и решил да оди кај Атињаните за помош. Бил сигурен дека Атина ќе го поздрави неговото сојузништво само за да им се спротивстави на Спартанците. Секако, атинските генерали на Халкидики ја прифатиле понудата на Пердика, но не без услови.

За да го осигури сојузништвото, Пердика на Атина требало да и даде ексклузивно право на неговата индустрија за дрвена граѓа и да и се придружи во борбата против Пелопонежаните. Пердика, двоумејќи се, ги прифатил и ги испочитувал спогодбите.

Што се однесува до Архабеј, Атина му понудила договор за пријателство и можност да ги надмине разликите со Пердика. Спартанците, пак, од друга страна, откако ја изгубиле финансиската помош од Пердика и Архабеј, пропорционално ги намалиле своите походи. Освен тоа, Пердика го искористил своето влијание и ја убедил Тесалија повеќе да не им дозволува премин на спартанските засилувања преку нејзина територија.

Зделката што Пердика ја добил од Атина можеби изгледа дека е повеќе наклонета во корист на Атина, но таа имала свои предности за македонскиот крал. Присуството на Атињаните го одржувало мирот и стабилноста во регионот, а со губењето на Амфипол, Македонија станала главниот добавувач за дрвена граѓа на големиот атински пазар. Не можевме да најдеме никакви информации за тоа што се случило со илирските платеници-убијци, но сигурни сме дека по губењето на поддршката од Архабеј, тие се вратиле во Илирија.

Во текот на целата Пелопонеска војна, Пердика го оджувал своето сојузништво со Атина и се обидувал да не биде вплеткан во аферите на Атина. Во 421 година пред Христа, Атина склучила мировен договор со Пелопонежаните и повторно стекнала контрола врз делови од нејзината северна империја. Иако Пелопонежаните го одобриле договорот, Халкидијците, кои повеќе претпочитале автономија отколку окупација, не го сториле тоа. Војната траела се додека  Амфипол не добил своја независност. Пердика, пак, во меѓувреме успеал да се држи понастрана и избегнал да биде инволвиран во конфликтот.

Кога мирот стапил на сила, моќта на Атина повторно почнала да расте што ги вознемирувало Македонците. Но, Пердика не бил единствен што бил загрижен. Чувствувајќи ја самодовербата на Атина на север, Спарта, во 418 година пред Христа, се обидела да и’ контрира на Атина со врбување на Пердика во една Македонско-пелопонеска алијанса. Атина, од друга страна, се надевала на една Атинско-македонска алијанса. Изгледите да го изгуби Пердика, особено негово евентуално преоѓање на непријателска страна, ги разбеснело Атињаните. Атина сметала на македонска помош за нејзината флота да може да ја предизвика Халкидиската коалиција.

1soju12Халкидики

Во врска со спартанската понуда, Пердика внимателно ги разгледал своите опции и решил да и се придружи на Пелопонеската алијанса. Како казна, во зимата во 417 година пред Христа, Атина го блокирала јужниот македонски брег и ги стопирала сите испораки на дрвена граѓа. Блокадата не ја повредила толку Македонија колку што ја повредила Атина, па затоа во 414 година пред Христа бил постигнат нов договор, а Македонија и Атина повторно станале сојузници.

Пердика починал една година подоцна, а го наследил неговиот син Архелај /Archelaus/ во 413 година пред Христа. Владеењето на Архелај, кое траело приближно 14 години, од 413 до 399 година пред Христа, било малку постабилно од она на неговиот татко. За разлика од татка си, Архелај и останал лојален на Атина, што му обезбедило сигурен пазар за неговата индустрија за дрвена граѓа и сигурност што му била потребна во грижата за должностите дома.

Архелај ја задржал политиката на неговиот татко во однос на Линкестите и Илирите по должината на западната граница и успеал да ги држи под контрола. По должината на источната граница, отсуството на атинското влијание и опаѓањето на тракиската моќ на Архелај му гарантирале можност да добие контрола над Базалтија /Basaltia/ и нејзините вредни рудници.

Поради политичките и општествените промени во Тесалија, на Архелај му била дадена можност да интервенира во корист на владејачката фракција за што бил награден со жителство на Лариса и со земјиште на Перхибија /Perrhaebia/, важна стратешка локација на запад од Олимп која ја поврзува Македонија со Тесалија.

 Што се однесува до внатрешните промени, Архелај извршил поправки на патиштата, изградил утврдувања во руралните подрачја, ги зајакнал влезните пунктови во Македонија и ја модернизирал својата армија. Но, најважно, на Архелај му се оддава призание што главниот град на Македонија го преместил од Ега во Пела. Аегеа се уште останал кралски град, ама Пела станала кралска резиденција на Архелај и административен и воен центар за неговото кралство.

1soju13

Архелај

Главната причина што градот Пела станал главен град била неговата стратешка местоположба во рамките на македонското кралство. “Најголемиот од сите македонски градови во античко време, Пела, бил изграден на ниска висорамнина каде планината Пајко се спојува со мочуришното земјиште од централната рамнина и онаму каде што патот Виа Егнација го обиколува северниот раб на мочуриштата. Пела можела да биде (или била) морско пристаниште, бидејќи, во тие времиња, највисокиот дел од Термичкиот Залив /Thermaic Gulf/ се проттегал во рамнината.

Стратешката местоположба на Пела, која лежела на главниот пат исток-запад, во близина на западниот брег на Вардар /Axios/ и дала важност која подоцна била надмината само од Солун (Salonica).” (Стр. 41-42, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

Архелај ја избрал Пела за свој главен град бидејќи му давала лесен пристап до многу водени патишта кои ќе му обезбедат премин кон пошироко подрачје, а не само кон централната македонска рамнина. Пела била изградена според проект, се распространувала на еден мрежен план, со користење блокови со приближна димензија од 100 метри на 50 метри. Со археолошките ископувања, на локацијата била откриена “една низа богато украсени приватни куќи со добро избработени подни мозаици...

Овие големи мозаици од троскот, кои ги формирале подовите на собите и ходниците на вилите во Пела, отсликувале разни сцени, вклучувајќи го  Дионис како јава пантер, лов на лав, една Амазонка и величествен лов на елени...” (Стр. 170, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

1soju14

Пела

Преместувањето во Пела бил првиот чекор за Македонија на патот кон нејзината големина. Пела станувала импресивна македонска политичка, воена и културна локација, која со време ќе стане родното место на Александар III, најголемиот освојувач што било кога живеел за да ја стекне титулата “Велики”.

На ова место би сакале да напоменеме дека Архелај, исто така, е заслужен за формирањето на уникатниот македонски Олимписки фестивал што се одржувал во Дион /Dion/, во чест на богот Зевс и на музите. Дион било важно место каде Македонците учествувале во нивните олимписки игри, драмски натпревари и каде прославувале многу свои религиозни обреди.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.