Среда, 16 Септември 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

3.6.7

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ

(ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И ПО ТЕЧЕНИЕТО НА РЕКАТА ДУНАВ)

Во хеленската митологија, Херакле е најголеми, најсилен и најславен јунак. Легендите за него создадени се од страна на Дорците, кои како трет по ред народ на југот на Балканот, по староседелците Пелазги и Ахејци доселени во XVI пред Христа, мигирале од север во Пелазгија во XII век пред Христа. Легендите имале двојна намера: 1) да го истакнат божественото потекло на Дорците, со тоа што нивниот јунак потекнува од Зевс и 2) дека легендите претставуваат синтеза на староседелците Пелазги–Данаиди, Ахејците–Пелопиди и Дорците–Хераклиди1, т.е. подоцна Хелени.

Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 190, Athina, 1954.

Името Херакле (´Ηρακλης) етимолошки е кованица од именките ´Hρα - Хера и глаголот kληζω, κλεω - клезо, клео – да слави, ’рти, именува, да се гордее, т.е. „Херина слава“. Во митологијата, Херакле е роден во Беотија, но неговата родна грутка е во Арголида на Пелопонез, каде од првобитно место на живеење на Доридите, конечно се преселиле Дорците и ги протерале Ахејците.

Херакле е син на Зевс и Амфитрионовата сопруга Алкмена. Амфитрион е крал на Микена, исто така од династијата на Данајците. Неговата мајка Никипа е ќерка на Пелоп од династијата Пелопиди. Неговиот полубрат Ификле е син на Алкмена, ама на од Зевс, туку од кралот Амфитрион. Херакловото првобитно име е Алкевс (Αλκενς) според неговиот дедо. Со измамата на Зевс и Атина, новородениот Алкевс (Алкид), подметнат е на заспаната божица Хера на доење, за да го подои со божествено млеко и да остане бесмртен. Своето почетно образование го добил од очувот Амфитрион, за подоцна да продолжи поради казна да чува говеда на Китерон, по казна, до својата 18-та година. Секој во Херакле препознавал Зевсов син, бидејќи бил силен, висок, бестрашен. Го одбрал патот на доблеста, бидејќи Питија му претскажала дека ќе биде славен доколку се врати кај кралот Евристеј и ако му служи дванаесет години и, доколку за тоа време, изврши дванаесет јуначки дела. Делфиската Питија тогаш за прв пат го именувала со името Херакле (Херина слава).

Неговиот дедо по мајка Евристеј, крал на Микена, му дал на Херакле дванаесет тешки задачи, од кои шест требало да ги изврши на Пелопонез, а останатите шест надвор од Пелопонез. Меѓу задачите на Пелопонез биле: Немејскиот лав, Хидрата од Лерна, Керинската кошута, Ериматската дива свина, Авгиевите штали и Стимфијските големи птици. Останатите задачи во далечни земји биле: Кретскиот бик, Диомедовите кобили во Тракија, Ареевиот појас на амазонската кралица, Гериновите стада од Еритија, Хесперидините јаболки и фаќањето на Кербер, но и на Херинската кошута во Хипербореја.

Диомедовите кобили и Амазонскиот појас

Откако ги завршил задачите на Пелопонез, Херакле тргнал со брод на далечниот север и тоа прво во Тракија, кај кралот на Бистонците, Диомед, кој поседувал бесни кобили. Тие се хранеле со човечко месо кое пред ним им го фрлал кралот, од странци кои доаѓале во оваа земја. Херакле требало да украде четири кобили. Во жестоката битка, го совладал кралот, а кобилите му ги пратил на Евристеј на Пелопонез. Тоа го постигнал заедно со златниот Ареев појас на амазонската кралица Хиполита, кој што во меѓувреме го освоил. Амазонките биле внуки на Зевс и Хера, ќерки на богот Ареј, еден од дванаесетте олимписки богови. Според Херодот,2 татковината на Амазонките била Темискир на Термодонт, т.е. сегашната рамнина Термачај кај Синоп, на турскиот брег на Црното Море. Меѓутоа, други сметаат дека Амазонките ја населувале Тракија и Илирија.3 Името Амазонки (Αμαζσνες) е кованица од зборот ’α, а – не, без и зборот ’μαζος, μαστος’ - мазос, мастос – што значи дојка, брекче, т.е. оние кои немаат дојка. Се сметало дека тие ја отстранувале својата десна дојка да не им смета при затегнувањето на лак и фрлањето копје.    

2 Херодот, Историја, V, 8, Матица Српска, Београд, 1988.

3 Vergilius, Aeneis, XI, 659.

Керинската кошута – Хомолските планини –

Херакле во текот на својот престој на Пелопонез една година неуморно трагал по Керинската кошута на Тајгет и таа потера го одвела на север сè до реката Истар, во земјата на Хиперборејците и реката Кладон.4            

4  Apollodori, Bibliotheca (I-II, век пред Христа), II, 5, 3.

Кошутата била брзонога и шарена. Имала бронзени копита и златни рогови. Хиперборејците ја посветиле на својата божица Артемида. Кога божицата била уште дете и со братот престојувала во овие краиште, во една пригода здогледала пет силни кошути како пасат на стрмните падини на Хомослките падини, додека сончевите зраци блескале на нивните рогови. Артемида потрчала по нив и успеала да фати четири кошути, една по една, а потоа ги впрегнала во кочии. Петтата кошута успеала да побегне во Керинската гора.

Хереклевата задача била да ја фати Керинската кошута жива, без примена на сила и да му ја однесе на Евристеј. После долго скитање низ Хомолските планини, Херакле ја забележал кошутата, но бидејќи не можел да ја стигне, ја разапнал стрелата и ја погодил во ногата, во пределот на Ахиловата тетива, така што не пролеал ниту капка нејзина крв. Ја зграбил изненадента кошута и ја натоварил на плешките. На патот, Херакле го пресретнале Артемида и Аполон и го прекориле што го ранил нивното свето животно, но откако Херакле им објаснил дека тоа морал да го стори по Евристеевиот налог, тие му опростиле.

Во географската ономастика на источна Србија, особено на Хомолските Планини, постојат многубројни тополними со името Ц(К)ере, како што се Церие за село северозападно од Ниш, Церанска пештера во близината, потоа пештера Цере-мошња, јужно од градот Кучево и два хоронима под името Цере-тина на бреговите на Дунав. Овие хороними сега претставуваат многу богати ловишта на елени, муфлони, дивокози и други животни, така што, покрај националниот парк на Дунав во Ѓердапската клисура, на оваа територија постојат уште шест ловишта. Топоними на митолошкиот Кладон се селото Кладушница и градот Кладово.

3.6.8              

Во митологијата Кери се летечки демонски суштества кои предизвикуваат смрт, нечистотија, немоќ, старост, грозница и слепило. Тие се црни како ноќ, со испапчени очи, исплазени јазици, со заби како диви ѕверови. Своите долги, свиткани нокти Керите ги забодуваат во телата на ранетите и мртвите, ги распарчуваат воините на бојните полиња и ја локаат нивната крв. На нивните раменици висат наметки кои се црвени од човечка крв.5 

5 Хомер, Илијада и одисеја, XVIII, 535, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Легендата за Керинската (Артемидина) кошута опстанала на овие простори до доаѓањето на Римјаните кон крајот на I век од нашата ера. Во римската култура, Артемидиниот култ е поистоветен со култот на божицата Дијана, кој што датира уште од 399 година пред Христа. Дијана била заштитничка на дивите животни и на ловот, сонцето, мајчинството и плодноста. Во знак на почитување кон пределот во која опстанала легендата за божицата Артемида, Римјаните, за време на царот Трајан (53-117) во Караташ, непосредно кај Кладушница, изградиле големо камено утврдување Castrum Diana I и II, чии рушевинии денес се сочувани на десниот брег на Дунав.

Герионовото стадо

Следната задача била да оди во Еритија и да ги доведе Герионовите говеда што биле со извонредна убавина. Според Херодот,6 Херакле тргнал на север. На тој пат ја преминал малата македонска река Ехедор каде Кикно ( лебед), син на Ареј и на Пирена (Πρηνα - Пирин планина?), го предизвикал на двобој. Но, Зевс фрлил гром меѓу воините и го прекинал бојот. Херодот натаму приповедува: „... Герион не живеел на Црното Море, туку во Океан (на Дунав), на едно острово кое Хелените го нарекуваат Еритеја... И кога Херакле дошол во земјата која сега се вика Скитија, а порано била ненаселена, а бидејќи го фатила зима и мраз, облекол лавја кожа и заспал, а коњите од неговата кола, кои во тоа време се наоѓале на пасиште, исчезнале на некој таинствен начин...“

6  Херодот, Историја, IV, 8, Матица Српска, Београд, 1988.

Херакле имал полно перипетии и по пат уништил многу диви ѕверови. На крај, кога ги сретнал Нимфите - Нереиди, ќерки на Зевс и Темида (Тамиш), тие му покажале каде живее пророчкото морско божество Нереј (реката Нера). Херакле го зграчил стариот и оседен морски бог и го натерал да каже како може да се докопа до Ритија и до Герионовите стада, како и до градината на златните јаболки на божицата Хера.

Како што е изнесено, Еритија е острово на Дунав по подоцнежно име Ада Кале, а Герион, внук на титанот Океан, бил крал на Тартес (Ѓердап), бидејќи и самото острово понекогаш се викало Тартесус или Еритреа (ερνθρη осн. ερνθ, ερνθρος  ерит, еритрос – црвен, жолтоцрвен). Овој последен назив веројатно потекнува од големата црвена стена во природата, која што и денес се наоѓа на левиот брег на Дунав во висина на Лепенскиот Вир.

Според Паусаниј,7 кралот Герион важел за најсилен жив човек. Имал три глави, три трупа споени во струкот и шест раце. Тој господарел со „островото Еритија, од другата страна на Океановата струја“, т.е. со водопадите на Дунав. Ги поседувал најдобрите и најубавите говеда на светот, со жолтоцрвена боја. На островото, пасишатата биле многу богати, така што млекото не давало сурутка. Поради тоа, млекото било посветено на божицата Хера, па оттука и вториот дел од кованицата θεία теја – што на божество припаѓа. Во Еритија се наоѓале и познатите овоштарници со маслинки, смокви, портокали, урми и др. Говедата ги чувал пастирот Евритион (многупочитуван), син на богот Ареј и двоглавиот пес-чувар Ортро.

7  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IV, 36, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

Богот на Сонцето, Хелиј, на Херакле му го позајмил својот златен пехар (брод) за во него да дојде до островото. Откако се истоварил на островото, Херакле го убиле песот Ортро и чуварот Евритион со својот боздоган. Така Херакле ги украл говедата, не плаќајќи ништо на кралот Герион. Говедата ги натоварил во бродот и тргнал спротивно од течението на водите на реката Дунав, откако понел и маслинов расад. Кога Менет, чувар на Хадовите стада на истото острово, го известил кралот за грабнувањето на стоката, Герион го стигнал Херакле на реката Антема (Ανθεμα е еквивалент на αναθεμα, антема или анатема – проклетство).

Овој топоним денес се наоѓа спротивно од течението на реката од Еритија (Ада Кале), како тригонеметриска точка 324, меѓу селата Кличевац и Речица на десниот брег на Дунав во делтата на реката Млава (Стига), на излезот од Тартес. Во страшниот двобој, Херакле со една стрела ги прострелил сите три Геринови тела и го докрајчил со боздоганот. Од Гериновата крв изникнало чудесно дрво, кое се потело во крвта (дрењина или калинка).

3.6.9

Херакле

Херакле го вратил „златниот чамец – пехар“ на богот Хелиј и со стадото Гериовони говеда продолжил пешки по десниот брег на Дунав за од Подземниот свет на Хад да го фати чуварот Кербер, многуглав пес, што била една од задачите кои Херакле морал да ги изврши. Меѓутоа, стадото на патот го нападнале Херините штркели (гулабови мушички).

Фаќањето на Кербер

Доведувањето на песот Кербер од Подземниот свет на Тартар била една од најтешките Хераклеви задачи. По денови одење од Антема, Херакле, со помош на Атена, стигнал до реката Стига (Млава). Хомер,8 за тоа раскажува: „...кога Евристеј оној клучар го пратил во Хад, за од Ереб морскиот пес на Хад да го донесе, никогаш да не излезе од стрмнината на Стишката река...“. Долж Стига и Могила, Херакле стигнал до Хомолската пештера, каде од Хад го побарал Кербер.

8  Хомер, Илијада и одисеја, XVIII, 369, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Овој, стоејќи крај својата жена Персефона, одговорил грубо: „Тој е твој доколку го совладаш без ластегарка и стрела“. Херакле го нашол Кербер врзан на ланец крај капијата Ахерон (бездна или уште βαθος батос – персонификација на реката Батуша, десна притока на Млава). Смело го стегнал за гуша, од која изрониле три глави со грива од змии. Разбушавената опашка се подгинала за да го удри, но Херакле, заштитен од лавјата кожа, не попуштил и продолжил да го дави додека Кербер не папсал, гушејќи се.9    

9  Grevs, R., The Greek Myths, Penguin Books, Middlessex, 1972.

Во Подземниот свет, Херакле се сретнал со Персефона, господарката на подземниот свет, која го замолила да го пушти од своите силни раце Менетиј, чуварот на Хадовите стада, кој го нападнал бидејќи Херакле убил едно теленце, за душтие на мртвите да ги нахрани со крв. Херакле ја сретнал и Мелагревата сенка, Ареевиот син – херој од митот за ловот на Калидонската дива свиња, а сенката го советувала да се ожени со Дејанира, неговата сестра.

На  враѓање од Подземниот свет на Тартар, Херакле си исплетол венец од растенијата кои Хад (Ада Островото кај Стига) ги посадил во Елисејските Полиња како спомен на својата љубовница, прекрасната нимфа Леука, ќерка на Океан и Тетија. Надворешните листови на овој венец останале црни, бидејќи тоа е бојата на подземниот свет, додека листовите околу Херакловото чело станале сребренобели од неговиот божествен пот (Сребрено Езеро).

Од тогаш, Леука (белата топола) нему му е посветена, а бојата на нејзините лисја потсетуваат дека Херакле бил активен во двата света. Во овие краеви и ден-денес има многу тополи, како и села со ова име.

Во амбиентот на Хомољ и Стишкото Поле, Херакле го сретнал подземнито бог на Египет, Бусирид (бусирис – бог Озирис), кај десната притока на Млава, под името Бусур. Бусирид бил познат по својата суровост, бидејќи сите странци кои би дошле во Египет ги жртвувал на Зевс. Бусирид го фатил Херакле, го врзал, го накитил со цвеќе и го привел кон жртвеникот. Херакле смирено пришол кон жртвеникот – клада, но, кога ритуалот започнал, ги скинал сите окови и го убил Бусирид, како и учесниците во церемонијата. За овој настан, Еврипид напишал сатирична драма.

Во Стишкото, односно Пожаревачкото Поле (флеграјон педион – пожаревачко поле), Херакле му помогнал на својот татко Зевс во гигантомахијата, да го совлада гигантот Алкионеј, Уранов и Гејин син, познат по исклучителната висина и сила.10 Гигантомахијата е изнесена во описот на Ада Циганлија.

10  Apollodori, Bibliotheca, (I-II век пред Христа).

Продолжува

 1Dshko  1Kat 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.