Среда, 27 Мај 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

1.1.6

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Ергин го наследил неговиот брат Азеј, а него неговиот син Актор, татко на Астиоха, која во татковата куќа на богот Ареј му ги родила синовите Аскафал и Јалмен, водачи на Орхоменците во Тројанската војна со 30 големи лаѓи. Хомер9 изнесува: „На Аспледонците водичи и на минијската војска од Орхомен/им беше Аскафал и со него Јалмен, на Ареј внуци,/кои Астиоха ги роди во куќата на синот на Актор,/на Азеј... тие тргнале на пат со триесет извишени лаѓи.“

9  Хомер, Илијада и одисеја, II, 513, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Освен Орхомен, кој бил најбогат центар со висока култура, со храмови и светилишта на Дионис и Харит, со „ризницата“, мегароните и со гробовите на Миниј и Хесиод, како и со Хераклевиот храм, слвани биле и други градови на Минијовата  династија во Беотија. За тоа сведочи дури и Хомер со Ахиловиот одговор на Агамемновите пратеници, дека во Орхомен големо благо се слевало.

1.1.7 

Архаична скулптура

Тоа се градовите Аспледон и Аскра кој бил богат со пченица и каде се родил Хесиод (околу 700 години пред Христа), поет на „Теогонија“, „Космогонија“, „Работи и денови“ и на „Хераклевиот штит“, дела кои претставуваат важен извор за проучување на најстариот поглед на свет и на религијата. Според некои автори,10 Хесиод пишувал дека е син на Зевс и дека има исто презиме како Македонците и Македонија.

10  Е.И.Е., 1976, 1490.

Од останатите градови тоа се Коронеја, Лебадија (Ливада?) во рамнина, Херониј и други. Паусанија11 за Херонија наведува дека старото име на тој град било Арна, а за „Арна велат дека била ќерка на Еол и дека по неа и еден град во Тесалија добил име. Говорат дека сегашното име на градот Херонеј дошло од Херон кој бил Аполонов син.“

11  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 40, (прев. Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

Натамошната судбина на Орхомените била тажна по Тројанската војна, бидејќи имало големи преселби и прогони на староседелците од народите од север. Тукидид12 опишува: „Сегашните Беотјани кои шееесет години по заземањето на Илиј13 се протерани од Арна од Тесалија, ја населиле сегашана Беотија, која порано се викала Кадмова земја, а Дораните во осумдесеттите години со Хераклидите го заземале Пелопониз.“

12  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 12, Дерета, Београд, 1991.  

13  Според Ератостен во 1183 година пред Христа

Пасуанија14 вели дека Орхомените учествувале со Кодровите синови од Атина при бегството кон Јонија во Мала Азија. Тогаш тие ги понеле и своите обичаи и култура од Панонија.

14  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 37, (прев. Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

Папаставроу15 смета дека етнонимот Беоти (Voiotoi) доаѓа од оронимот во Епир под името Voion (1802 м) со највисок врв Грамос (2520), јужно од Орестија, односно Костур. За разлика од Теспротите од Епир, со пелашко потекло, во Тесалија каде брзо станале господари, Беотјаните не можеле да им се наметнат на Минијците во текот на повеќе векови. Центар на Беотија станал градот Коронеја, јужно од Лебадија каде се одвивале Себоеотските свечености. Во VI век пред Христа сите беотски градови потпаднале под владеење на Тебанците.    

15  Papastavrou, I.:  Istoria tis Arhaias Ellados, p. 48, Hiotelli, Athinai, 1972

1.1.8

Војска на Александар Македонски

Дигресија:

Паусанија16, опишувајќи го патот од Платеја кон Теба, изнесува дека доколку напоредно со реката Асопо свртите на понизок терен, за отприлика 40 стадиуми, ќе дојдете до остатоците на Скол. Херодот17 истакнува дека „Хелените ги нарекувале Скитите Сколоти“, според името на еден крал. Според тоа, во врска со ономастиката на Беотија може да се постави и прашањето за нивниот етничко потекло. Имено, се наведува дека тие порано живееле на стрмните падини на планината Воион, помеѓу Епир и Македоија, од каде почнува планинскиот масив на планината Пинд.

16  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 4, (прев. Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

17  Херодот, Историја, IV, 6, Матица Српска, Београд, 1988. 

Според легендата, кралот на таа област бил Македоновиот син Пинд, по кого една река во Локрид го носи неговото име и еден цел планински горостас од западна Македонија сè до Коринтскиот залив. Според Бенселер-Каегиевиот „Грчко-германски речник“, (1909, Загреб), според Сенц., Беотија (Voiotia) значи „земја на говеда“, т.е. „волови“. Значи, основата „во“ е од словенско, односно скитско потекло. Нивната лингвистичка трага може да се следи и денес преку словенските топоними. Така, целата северна област на Пинд носи назив Загорија-Загорје. Округ Касториа, Костур; округ Гревен-гребен, округ  Козани-коза.

Град Коница-коњ, град Мецово-меца, мечка во Јанинскиот срез. На југ, град Ламиа-ламја или змеј, аждаја и Камена Воурла-камена трска. Град Ливадеиа –ливада во Беотија, итн. Ако имисата ги следат Беотјаните при нивните миграции: „шеесетата година по заземањето на Илиј, протерани од Арна од Тесалците, ја населиле сегашната Беотија, која порано се викала Кадмова земња...“18, тогаш таа селидба на Скитите-Прасловени се случила во 1122 година пред Христа. Според Ератостен, тоа било во 1124 година пред Христа. 

18  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 12, Дерета, Београд, 1991.  

Славевска19 дава податоци за словенско племе Војунити, кои живеело во горниот тек на реката Бистрица (Haliakmon),  а се преселиле во крајбрежните делови на Епир сè до Арт, па и во Беотија и биле евидентирано сè до XV век по Христа.

19  Slaveska, 2008, 249.

Продолжува

 Sh Donco  0.0

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

ИМА МАКЕДОНИЈА

Ламбе Арнаудов: До ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ – АРХИТЕКТИ НА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.