Среда, 06 Мај 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (19)

5.9

ТИРОЈЦИТЕ ОД ТЕСАЛИЈА

Наредното тесалијско племе од Димини културата од подунавските простори се Тиројците или Сираковците од Стишкото поле. Томсон8 смета дека Тиројците и Лапитите се гранки на ист народ. Тиројците во Тесалија ја населувале рамнината околу Пагаситкиот залив, околу денешниот град Волос. Нивната нова татковина претставувале населбите крај морето, како што се Филаке, Ферај, Јолк, Нелеј, Бојба и Кранон. Најголемите локалитети на Димини културата се наоѓаат крај античката населба Јолк.

8 Thomson, G.:  I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 134, Athina, 1954.

Тиројците го носат епонимот на својата прамајка по име Тиро (сирење). Хорскиот лиричар Пиндар (520-445) во Питија9 вели дека Тиројците мигрирале од север, преку Македонија, и дека нивната прамајка Тиро се вљубила во богот Посејдон од Петра, на падините на Олимп. Својата религија од Ѓердап-Тартар, верувањето во богот Посејдон, ја пренеле со себе и доселениците Тиролци, како што сториле и нивните сонародници – Лапитите.

9  Пиндар, Питија, 4, 138. 

Во митологијата, името Тиро се јаува во праисторијата како во Тесалија, така и во Елида на северозапад на Пелопонез. Тесалската Тиро е жена на богот Посејдон10, ама и на Кретеј, кралот на Јолк, кој бил Еолов син.

10 Херодот, Историја,VII, 55, Матица Српска, Београд, 1988 и Паусаниа 2.1 итд. 

Во тесалската легенда, Кретеј е смртник, крал на Јолк. Тој се оженил со својата внука од брат Тиро која му родила тројца синови и тоа Ферет, Амитаон и Есон. Кретеј посинил и две деца на својата сопруга со богот Посејдон, Пелиј и Нелеј11. Ферет е основач и епонимен херој на градот Фера (Рига од Фера) во Тесалија, северозападно од Волос. Ферет бил оженес со Периклимена, ќерка на кралот Миниј. Нивни деца се Адмет, Еидомена, Периопед и Ликург, кој бил крал на Немеја на Пелопонез за време на походот „Седуммина против Теба“, во 1213 година пред Христа, кога владееле Кадмовите Фениќани.

11  Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа), 1,7,3

Адмет го наследил својот татко Ферет и го проширил своето владеење на целата Еолија-Тесалија. Со сопругата Алкеста имал три деца: Еумел, Перимел и Хипас. Вториот Кретеев син Амитаон се оженил со Феретовата ќерка Идомена (име на градот Идомени на Вардар, кај Ѓевгелија), која му родила два сина Мелампод и Бијант, кои подоцна станале кралеви во Мегара, Месенија и во Акарнанија. Во митологијата Амитаон е познат по тоа што заедно со своите роднини Нелеј и Пелеј ги основал Олимписките игри.12

12  Thomson, G.:  I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 129, Athina, 1954.

6.0

Дел од Тесалија

Еден од Еоловите потомци бил и Филак, основач на градот Филака во Тесалија, познат јунак. Според Хомер13, Филак, исто така, бил познат по своите говеда, а во врска со ова е и легендата за неговиот син Ификле кој бил неплоден, но кого го излекувал Мелампод. Ификле потоа ги добил синовите Подарк и Протесилај и учествувал во походите на Аргонаутите. Подарк учествувал во Тројанската војна со 40 брода, како и неговиот брат Протесилај каде и загинал.

13 Хомер, Илијада и одисеја, I, 1, II, 705, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н.Ѓуриѓ)

Третиот Тирин и Кретеев син бил Есон, крал на Јолк, оженет со Алкимеда, внука на кралот Миниј, која му го родила синот Јасон. Есон од престолот го симнал неговиот полубра Пелиј, вонбрачен син на Тира и Посејдон. Пелиј го испратил Есон в затвор, барајќи од него да се одрече од наследството. Јасон је херој на митот за Аргонаутите и тесалијски херој чија легенда во делото „Аргонаутика“ ја опишал Аплониус Роѓанин (295-230 пред Христа).

Кога Пелиј станал крал на Јолк, го протерал својот брат Нелеј, кој пребегнал во Месенија на југозапад на Пелопонез, каде на југ од Неваринскиот залив го основал градот Пил, а со сбе ги повел и своте роднини Мелампод и Бијант.

Пелиј бил оженет со Амфионовата ќерка Филомаха од племето Минијци. Имал син Аксат и неколку ќерки под заедничко име Пелијади. Пелиј владеел со Јолк сè до доаѓањето на Јасон од Колхида со „златното руно“. Пелиј го убиле неговите ќерки Пелијади, благодарени на измамата на маѓепсничката Медеја, дека ќе им го подмалди таткото доколку претходно го распарчат.

Стравувајќи од освета, Јасон го препуштил кралството на Пелијиниот син Акаст и отишол за Истам на Пелопонез. Акаст бил учесник во ловот на Калидонската дива свиња и во походите на Аргонаутите. Бил оженет со Астидамија која се обидела да го заведе гостинот Пелеј, син на егинскиот крал Еак, крал на Фтија во Тесалија, татко на најголемиот тогашен јунак Ахил, кој бил дојден поради очистување по едно убиство. Бидејќи ја одбил Астидамината љубов, навредената кралица нашироко му раскажала на сопругот дека Пелеј се обидел да ја силува. Акаст не сакал лично тој да го убие својот гостин, па го протерал без оружје на планината Пелион.

Нелеј, вториот вонбрачен син на Тира, по караницата со братот Пелиј, пребегнал во Месенија, а неговата судбина ќе биде обработена во поглавјето за Пелопонез.

Јужниот дел на Тесалија го носи името Фтија. Таа претставува триаголна рамнина во сливот на реката Сперхеј која се влива во морскиот залив Малида во Егејското Море. Рамнината од сите страни ја затвораат високи и непристапни планини: на север Отрис (1726 м), на југ Ета (2152 м), на запад Тимфрест (2315 м). На исток отворена е кон морето во ширина од околу 30 км, а долга е околу 50 км.

Единствениот јужен пристап до Беотија води преку Термопилскиот кланец, кој има ширина за да премине само една кола, бидејќи на запад се издигнува високата, непристапна и стрмна падина Ета, а на исток е морето. Во самиот залив како клин навлегува ’ртот Артемизија на Еубејскиот остров.

Кога биле создадени првите еколошки услови, Фтија ја населиле потомците на Пелазгите од Пелопонез, досоленици од црното море.14 После нив, околу 1600 година пред Христа, дошло до селидба на Ахејците од Панонија преку Епир. Еден дел од Ахејците го населиле Епир, со центар во градот Додона, а другиот дел мигрирал во Фтија и во историјата се познати како тесалијски Ахејци. Првите историски податоци за Ахејците ги дале Хетитите од Мала Азија и Египќаните во XIII век пред Христа, кога ги нарекуваат Ahhiawa, Ahhiwawan.15

14  Thomson, G.:  I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 115, Athina, 1954.

15  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 29, Hiоtelli, Athinai, 1972.

Во митологијата Пелазгите на Фтија воделе потекло од богот Асоп, кој имал два сина – Пелазг (денес има град Пелазгија на бреговите на Фтија) и Исмен, и една ќерка по име Егина. Таа се омажила за Актор, крал на Фтија.

6.1

Дел од Беотија

 Егина на Актор му родила два сина, од кои Менетиј е татко на Патрокле, славниот јунак во Тројанската војна и Ахилов нераздвоен пријател. Меѓутоа, Егина со Зевс, на истоимениот остров, го родила синот Еак, кој станал родоначалник на едно племе на новодојдени Ахерци во Фтија, кои го добиле името Еакиди или Мирмидонци (мравјалници). Еаков внук е Ахил, најславниот јунак на Ахејците во Тројанската војна од 1192-1182 година пред Христа.

Според Хомер,16 Ахејците во Фтија населувале пет градови:  „... Кои во Алопа, Ала, Трехина и во Фтија градат,/ кои во Хелада беа, каде имало, велат убави жени,/ па Хелени се викале, Ахејци и Мирмодонци,/Лаѓи броеја педесет, Ахилеј војсоководец им беше...“

16 Хомер, Илијада и одисеја, II, 681, Нови Сад, 1985 (прев. М.Н. Ѓуриѓ) 

Додека тесалијските Ахејци живееле стеснети и сиромашни во Фтија со Пелазгите, во средината на XIII пред Христа Пелоп од Мала Азија, син на лидијскиот крал Тантал, познат и како Фрижанец или Бриг, на Ахејците им ветувал богатство и одвел поголем дел од нив на Пелопонез.

Продолжува

 Sh Donco  0.0

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

ИМА МАКЕДОНИЈА

Ламбе Арнаудов: До ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ – АРХИТЕКТИ НА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.