Среда, 29 Април 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (18)

3.4

ТЕСАЛИЈА – ПРАИСТОРИСКА ЕОЛИЈА

Тесалија се наоѓала јужно од Македонија, а северно од континентална Грција – пространи котлини орабени со високи планини. Културата на младиот неолит на Тесалија, под општиот поим, ја опфаќа културата Димени (Димини), културата Сескло и Протосексло западно од Волос. Таа се распространувала и надвор од Тесалија, кон југ до централна Грција и Коринт, а кон север до Македонија и подалеку, а слична е на Винчанската култура.

Таа го опфаќа периодот од V-IV милениум и го носи уште и името „Минојска култура“. Покрај керамиката која според Шлиман (1878) го носи името „минојска керамика“, постојат уште и вазни со посебна декорација и форма, пехари на ногарки и др. Носителите на таа култура во археологиајта се познати и по мегалитските утврдени населбеи, спротивно на поранешните отворени населби. Во Димини меѓу градбите се појавува за прв пат и типот „мегаронски куќи“, четвртасти, повеќеспратни куќи, понекогаш со трем, со камени темели во сувоѕид градба и со ѕидови од керпич, односно од непечена тула.

Според грчкиот историчар Папаставроу1, професор на атинскиот и солунскиот факултет, првите носители на Димини културата биле племињата од север, кои во бранови доаѓале на тлото на Тесалија. Цитирајќи го Елеген2, тој понатаму изнесува дека тие племиња ја соѕидале првата Троја, помеѓу 3200-2600 години пред Христа, каде се јавува тип на  истоветни „мегарони“.

1  Papastavrou, I., Istoria tis Arhaias Ellados, p. 16, Hiotelli, Athinai, 1972.

2  The Coming of the Greeks, Amer. J. оf Arheology, 1897, 32, 146

Томсон3 врши идентификација на носителите на Димини култуата на тлото на Грција, но и на античкиот „грчи“ јазик. Тоа биле Еолите од Хипербореја околу II милениум пред Христа. Во Еолите тој ги вбројува: Минијците, Лапитите, Тиројците, Флегијците, Македонците и други кои од низината на средниот Дунав мигрирале долж Вардар (Aksia) во богатите рамнини на Тесалија. Аналогни топоними најдовме и во Србија. За Минијците тое е Миничево кај Тимок, за Лапитите тое а Лапово, за Тиројците тоа е Сираково, а за Флегијците тоа е Пожаревац. За Македонците, Хесиод4 изнесува дека тие биле синови на Зевс, Магнет и Македон.  

3 Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 124, Athina, 1954.

4  Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 29.

3.5

Планината Олимп

Магнет бил епонимен крал на македонското племе на Магнетите, на источниот планински дел на Тесалија, под сегашното име Магнезија. Македон се смета за родоначалник на Македонците и епонимен херој на Македонија, која ја опфаќала областа на Олимп, Пиерија и Пинд. Минијците на Тесалија живееле во тесалскиот Охомен или Миниј, во сливот на реката Енипеј во Пенеј, во беотскиот Орхомен на устието на реката Кефис во езерото Копаис и станале моќни и славни творци на минијската култура.

Од таа династија, чиј родоначалник бил крал Миниј, се издвојуваат Трофон и Агамед, синови на кралот Климен, кои биле познати архитекти за тврдини, храмови и ризници. Потоа кралот Ергин, кој на Кадмеовите Тебанци им наметнал данок па поради тоа војувал со Херакле. Многумина биле учесници во Тројанската војна, во походот на Аргонаутите на Колхида итн. Потомците на Минијците се основоположници и на кралевите на минијската колонија Кирена во Либија и владееле од 630-460 година пред Христа. Со доаѓањето на Хелените, тие претежно мигирале за Египет (El Minya) и Кавказ (Ar-menija).

Населби на Лапитите во Тесалија биле Атракс, Гиртон, Елатија и Корона, северно од денешната Лариса, јужно од падините на Олимп во Хистоитида. Нивниот родоначалник е кралот Лапит, син на хиперборејскиот бог Аполон, а негови потомци се Форбант, Перифант, Иксион, Пиритој, Полипет, кентаруот Хирон, Елат, Кенеј, Корон, Андремон, Тоант, Хемон, Оксил, Актор, Аугиј, Филеј, Мегет, Етол, Плеурон, Калидон, Кипсел, Периандар, Бутад, итд... Ќе наведеме само неколкумина од нив кои станале кралеви на Јужниот Балкан. Форбант бил крал на Родос и Елида на Пелопонез. Перифант станал крал на Атина.

Пиритој бил крал на Магнезија. Полипет бил крал на Лапитите и учесник во Тројанската војна. Славниот крал, кентаурот Хирон, бил учител и воспитувач на многу јунаци, како што се Херакле, Ахилеј, Асклепиј, Јасон и други. Кралот Кенеј бил учесник во ловот на Калидонската дива свиња и во походите на Аргонаутите. Корон бил крал на истоимениот град во Пагаистскиот залив, учесник во походот на Аргонаутите и војувал против дорскиот крал Егимиј поради планината Ета. Андремон бил крал и митски овновач на градот Амфис на Фокида. Тоант бил водич на Етолците во Тројанската војна, му дал прибежиште на Одисеј кога тој бил протеран од Итака.

3.6

Тесалија

По десет години, во длабока старост, Одисеј умрел на дворот на Тоант. Тоантов син бил Хемон, а неговиот син се викал Оксил, чие име е поврзано со дорско-хеленското освојување на Пелопонез, кога станал крал на Елида, земја на неговите претци, ги штител Ахејците кои биле прогонувани од Хелените и ги возобновил Олимписките игри. Форбантовиот син Актор живеел во Елида како крал.

Го наследил неговиот брат Аугиј кој бил познат по своето богатство. Имал најдобри и најбројни стада на светот, а неговите штали ги чистел Херакле. Учествувал во походите на Архонаутите. Негов наследник е кралот Филеј, учесник во ловот на Калидонската дива свиња, а неговиот син Мегет, исто така крал на Елида, учествувал во Тројанската војна со 40 брода. Неговата мајка Тимандра е Лаертова ќерка, сестра на Одисеј, на Елена и на Клитемнестра.

Паусанија5 наведува дека од Тоант до Ендимионовите синови Епеј и Етол имало шест генерации Еолци. Во време на Епејовото владеење со Елида, Лидјанецот или Фриќанецот (Бриг) Пелоп од Мала Азија довел Ахејци од тесалската Фтија, ја зазел Пиза и соседната Олимпија одделувајќи ја од Епеевата земја. Бидејќи Епеј немал деца, на престолот го наследил неговиот брат Етол, а вториот брат Пеон побегнал далеку на север и се населил крај реката Аксиј (Вардар), каде станал родоначелник на Пеонците.6

5  Pauzania, Periigissis tis Ellados, V, 3, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

6  Исто, V, 4.

Поради некое убиство, Етол побегнал во Етолија, која по него го добила и името. Него го наследил синот Плеурон, епонимен херој и крал на истоимениот град во Етолија. Неговиот брат Калидон станал, исто така, епонимен херој на истиомен град во Етолија. Градот станал познат во тогашниот свет поради колективнот лов на најхрабрите воини од целата земја на Артемидината дива свиња, познат како „лов на Калидонската дива свиња“. 

По Етоловото бегство од Пелопонез, Епејовото кралство добило ново име Илис или Елида, според синот на Едимионовата ќерка Евридика, наречен Елеј. Со овој етноним името на населението на Епејците е променето во Елејци. И додека Елеј бил крал во Елида, се собрала војска на Елените-Дорци, кои го освоиле Пелопонез во 1104 година пред Христа.

Значително подоцна, во нови услови, еден од потомците на тесалските Лапити од Панонија, од семејството на Кралот Кенеј, бил Кипсел кој станал прв тиранин на градот Коринт на Пелопонез, во 657 година пред Христа, со кого пред тоа владееле неговите роднини Бахијадите. Неговот владеење било многу успешно.

Коринт станал силна „полис-држава“ во политички, општествен и економски поглед. Оваа стабилност овозможила Кипсел да биде наследен од својот син Периандар, чие владеење од 627-582 година пред Христа било уште поуспешно. Пробиен е Коринтскиот канал, создадени се колонии во Македонија (Потидеја) и на Крф (700 години пред Христа).  Тој го развил и производстовото и економијата, спровел општествена реорганизација, на унапредил дипломатијата не само со Египет и Мала Азија, туку и со другите области на Медитеранот. Се семта за еден од седумте мудреци на свото време.

Друг Кипселов син бол Милтиад, кој од политички причини бил протеран во тракијскиот Херсонес, во 559 година пред Христа, за време на Пезистрат. Тука стнал многу богат. Неговио внук, кој исто така се викал Милтиад, бил врховен командант на оружените сили на Грција против Персијците и победник кај Маратон, во 490 година пред Христа, со што придонел Атина да обезбеди водечко место.  

Многу Лепити со време ја населиле Атика, особено Атина, каде се наоѓале староседелците Пелазгите. Во митолошката традиција тоа е поврзано со Етеобутадите, т.е. првите потомци на Бутадите, антично свештеничко племе, една важна гранка на тесалските Лапити7, за што повеќе ќе биде изнесено во делот за Атина.    

7  Thomson, G.:  I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 183, Athina, 1954.

Продолжува

 Sh Donco slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

ИМА МАКЕДОНИЈА

Ламбе Арнаудов: До ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ – АРХИТЕКТИ НА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.