Среда, 22 Април 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (17)

zname

ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ – (ДЕЛ VII)

Константин VII Порфирогенит (905-959), визнатиски цар од 913 година, во трактатоt „За темите“,38 каде врз основа на старите извори го истражува потеклото на византиското уредување и дава слика на географијата на царството во VI век, а за темата 2, за Македонија, наведува: „Македонија е наречена по Македон, син на Зевс и Деукалионовата ќерка Тија, која, според Хесиод, му родила на Зевс два сина – Македон и Магнет...“ Хеланик (Hellanikos, V век пред Христа, од Митилена на Лезбос, кој објавил 23 книти), пак, смета дека Македон е Еолов син. Од овој Македон, Еолов син, добиле име и Македонците кои тогаш живееле сами со Мизимите...

38  Порфирогенит, Peri ton thematon – De thematibus

„Македонското царство почнало да јакне за време на третиот Хераклев син Каран, а се засилило за време на Филип, особено за Време на Александар (336-323 пред Христа), кога станало огромно, до крај на светот...“

Покрај огромната историографска литература за автохтоноста на третата македнска династија и за Македонија во целина, постојат и богати археолошки откритија што ја потврдуваат самобитноста на Македонците. Археолошките наоѓалишта на Андроникус (1985) на локалитетот Вергина (Кутлеш), во близина на Халиакмон (Бистрица), се многу добро познати.

Исто така, познати богати археолошки наоѓалишта се наоѓаат на локалитетот Требениште, каде покрај погребните архефакти, најден е и шлем со „сонцето на Вергина“; следат наоѓалиштата кај Тетово, Гевгелија, Охрид, Битола, итн, кои потврдуваа дека при крајот на VI и на почетокот на V век пред Христа Македонија ја заплиснува нов бран на културни и уметнички остварувања од автохтона природа. Тие укажуваат дека Македонија во тоа време била централен емисионен центар. Тоа овозможува компаративно проучување на археолошките материјални докази со лингвистички податоци, што ја потрекпуваат врската култура-етнос-јазик.

sarkofagЗлатниот ковчег на Филип II Македонски

Највновите археолошки наоди во Охрид и Солун го потврдуваат „златното доба“ на Александар Македонски. Имено, од реконструкцијата на Светиклиментовата црква на локалитетот Плаошник и кај Самуиловата тврдина во Охрид, кој ги спровел археологот Паско Кузман, а неговото интервју е објавено во дневниот весник „Вест“ од 23-24 април 2005 година, се гледа дека се постигнати големи успеси и дека се добиени ретки резултати. Покрај останатите археолошки наоди, како што се накит, стакло, ќилибар, откриена е и златна женска посмртна маска и златна рака кои авторот ги датира од првата половина на V век пред Христа.

Истовремено, пронајдени се мегарски чаши со украс на „сонцето на Вергина“, монети со македонски штит на аверсот и многу други предмети на кои доминираат старомакедонски симболи. Врз основа на горенаведеното, авторот заклучува: „Свети Климент е наша Троја.“ На Самоуиловата тврдина откриена е бронзена фигура на Херакле со кожа од лав, со што и Александар Македонски се идентификувал како Хераклид.

Во белградскиот весник „Блиц“ од 17 октомври 2008 година објавена е репортажата на Дејли Мејл (ЈС) со наслов „Откритие во родното место на големиот војсководител – Златно доба на Александар Велики“. На една слика даден е преглед на археолошкото наоѓалиште на кое се пронајдени 1414 гробови при изградба на нова линија на метрó во Солун.

Во репортажата се изнесува изјавата на археологот Кризостом П., дека пронајдените војници кај вкупно 43 гроба на локалитетот Пела, родното место на Александар Македонски, живееле при крај на античкиот период, помеѓу 580-460 година пред Христа,. Некои војници се погребани со бронзени шелмови, а крај нив се положени железни мечеви и ножеви.

pelaПела

Очите, устата и градите им се покриени со златна фолија, богато украсена со цртеж на лавови... Пронајдените гробници ја потврдуваат претпоставката дека многу рано била развиена прекуморската трговија, дури и во втората половина на VII пред Христа... Археолозите, во рамките на овој проект, ќе испитаат дури и 915 гробови...

Резимирајќи го овој дел за античката македонска династија Аргеада - Теменидите од Орестида може да се донесе следниов заклучок. Додека првите две династии имале божествено потекло од богот Озирис или Зевс, дотогаш третата династија го истакнува своето потекло од синот на богот Зевс, Херакле, херој, најславен јунак на тогашниот свет.

Теогенските кралеви го донеле топонимот Македонија и етнонимот Македонци, јазикот од корпусот на ПБГ кој е сочуван на целиот Балкан, својата митологија и своите панонски богови чии имиња опстојуваат во хидролошкиот систем на Дунав, а виртуелно ги сместиле на врвовите на својата најголема и многуопеана планина Олимп.

Со миграцијата на Теменидите, кои според Тукидид39 „потекнуваата одамнина од Арг... и ги протерале по битката од Пиерија Пиеријците... од Беотија Беотјаните... Еорѓаните... Алмопијците... и тие Македонци ги совладале сите останати племиња, кои уште и сега ги држат во власт... и голем дел од земјата на самите Македонци. Сето заедно се нарекува Македонија, а Пердика Александров бил нивен крал...“ Бидејќи Теменидите биле потомци на кралот Скитиј, преку Хераклевиот син Скитиј и Ехидна, следното поглавије ќе биде посветено на Скитите, прото-Словените.                

39  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с, II, 99 Дерета, Београд, 1991. 

Продолжува

1k11k2

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.