Среда, 13 Ноември 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

351

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Митологијата е наука која се занимава со изучување на традиционалните козмогонија и теогонија, како духовен феномен на човечката култура. Зборот митологија по својата генеза е кованица од зборот μυθος, mitos-приказна, збор, говор и зборот λογος, logos-зборување, наука, беседа, додека митологијата и историјата се приказни. Појавата на митот во човечкиот развој настанала како резултат на интеракцијата на човечката свест со природата

Од забележувањата е проектирана мисловна слика која станала манифестација на човечкиот дух. Создадена е восхитувачка слика за раѓањето на природата и свеста, која настојувала да ги одгатне тајните на природата, животот и смртта, на начин соодветен на човечката свест од тој период.

Јунг (1990) во културно-историски облици на манифестирање на човечкиот дух ги вбројува: митологијата, религијата, преданијата, легендите, бајките, етнологијата, психологијата на примитивните и историјата на старите култури. Овие манифестации на човечкиот дух се пренесувале низ милениумите и вековите, исклучиво со усно пренесување. Со постојано повторување, од нив е изоставено сé што било лично и субјективно и останало само она што е општочовечко, што било од општ интерес, што ги одразувале општите стремежи, надежи, употреби и стравувања.

352

Пренесување на митот

Со усното пренесување, културно-историските манифестации на човечкиот дух поминале некој вид дестилациски прогрес. Останало суштинското кое ја одразувало човечката психа, со што се согледуваат основните детерминирачки елементи на психичката доминанта или aрхетиповите.

Во досегашните истражувања како архетипски облици на културно-историската манифестација на човечкиот дух, изнесена е материјалната култура на Лепенски Вир. Следи праисторијата на Средно Подунавје Дауните (Хиперборејците или Северите) како најстар историски евидентиран народ од страна на египетските автори, 1400 и 1194 година пред Христа.

Потоа, ономастиката со митолошка содржина на просторите на хидролошкиот систем  на Панонија и Ѓердап. Судејќи според сé, може да се изнесе хипотезата дека местото на постанокот на палеобалканскиот митолошки систем е Панонија, односно средно Подунавје (а). Создавачи на митот биле Дануните, т.е. Хиперборејците или Северите (б).

Пренесувањето на митот се ширело од место до место, од епоха до епоха, во зависност од историските процеси и човековата комуникација (в). Пренесувачи на митот биле поединци или поголеми популации, при нивните миграции (г). Овие миграции се случувале од XV до XII век пред Христа, под името „народи од морето“ (д). Јазикот на пренесување бил индоевропски, од групата на палеобалканската глосологија (ѓ).

Праисториската митологија на Балканот е со религиозно-политичка природа и тоа претежно е сочувана во делата на античките Хелени, делумно и кај римските автори. Херодот (II, 53) истакнува дека поетите Хомер и Хесиод први кај Хелените создале приказна за постанокот на боговите во светот, им дале имиња и ги објасниле божествените почести и вештини, ги одредиле областите на нивната моќ и ги опишале ликовите.

На поетите приказните им ги подариле музите. Херодот (II, 50) заклучува дека имињата на речиси сите богови во Елада дошле од туѓина, од Египет. Освен: Посејдон, Диоскур, Хера, Хестиа, Темида, Харита и Нереида, имињата на сите други божества постоеле отсекогаш во Египет. Тој мисли дека имињата на останатите богови Хелените ги примиле од Пелазгите, староседелци на Јужниот Балкан.

Јонецот од Смирна, Хомер (`Ομηρος, homeros-заложник, залог), во VIII век пред Христа, во своите епови го користел старо-јонскиот дијалект. Овој дијалект во чист облик, во малоазиска Јонија, припаѓал на палеобалканското глосолошко подрачје, под називот старојонски или протојонски, односно пределински (Mpampiniotis, 1986г., д2).

353

Планината Олимп

Овој јазик се зборувал на Кикладите, Тасос и на црноморските јонски колонии. Меѓутоа, на почвата  на Пелазгија (Елада), а, пред сé, во Атика, Еубеја и источен Пелопонез, каде живееле јонски доселеници од Мала Азија со Пелазгите, а подоцна, во XIV век пред Христа и со Ахејците, се модифицирал во јонско-атички (пелашки) дијалект.

Во Еолија, во северозападниот дел на Мала Азија, меѓу Троја и Смирна, каде по падот на Троја, околу 1183 година пред Христа дошле колонисти и бегалци од Тесалија и Беотија (Пелазги, Еоли и Ахејци), дошло до јазична симбиоза со Јонците и до формирање на јонско-еолски дијалект кој се јавува и на островот Лезб. На старо-јонско-еолски дијалект се создадени Хомеровите „Илијада“ и „Одисеја“. На нео-јонски јазик пишувале Херодот (484-424) и Хипокрит (460-330), (Димитракос, 1970).

Митолошки информации од областа на Средно Подунавје, Хомер и другите поети пред него, можеле да добијат од Данините, Македонците, Мезите, Мосиниќаните и други Хиперборејци-Северци. Приказните за ликовите на своите богови и херои, во изворен облик, како „жив мит“, или во обработка, можел да ги добие и од балканските доселеници во XIII пред Христа, како што се Бригите-Фриги, Битините, Стримоните, Ахеите и други.

Следат разни апостоли од Подунавје, на чело со Аполон и неговата сестра Артемида, потоа Лето, Дионос, Сабазие итн. Информатори можеле да бидат бегалци од Пелазгија, при наездата на новите народи на Балканот во XII век пред Христа под името Дорци и Илири, кои ја предизвикале дијаспората на Ахеј од Атика и Пелопонез, на Миниј од Тесалија и Беотија итн.

Во Хомеровите епови митолошкиот материјал методолошки не е среден. Тој е расфрлен, неповрзан, издвоен и испреплетен со фолклорни митови. Теогонијата, козмогонијата и антропогонијата одвај накратко се означени. Заради тоа „Хомеровото прашање“ во филозофијата се провлекува и денес, како во поглед на постанокот на еповите, така и временскиот период и самиот автор. Се смета дека сегашните облици се плод на усната традиција во долгогодишниот развој и предисторијата сé до VI век пред Христа,  кога во Спарта (Ликург), а подоцна и во Атина (Пезистрат, 561-528), не добиле одреден облик (Томсон, 1954 г., Папаставро, 1972 г., 63).

Јасно е дека авторите пред Хомер живееле во Панонија, во Средно Подунавје и своите вековни приказни за светот на боговите и хероите на културата на Лепенски Вир ги пренеле на народите од среден и јужен Балкан; Македонците, Бригите, Пелазгите и други. Овие, пак, тие богови од хидронимите на Дунав (Зевс, Хера, Пан, Нереј, Дионис, Стига, Хад итн.) ги сместиле на својата најголема планина меѓу Македонија и Пелазгија, на Олимп. Според Mpampionitis (1986г., 64) зборот Олимп не е од елинско потекло, туку потекнува од староседелците на Балканот. Етимолошки, тоа е кованица од ολοι, oli-сите, `υμνους, imnus-химна, ποιεω, ποιω, pojeo, pojo-да создава, да чини, т.е. Ολυμπς, Olimpos-многуопејуван.

Продолжува

 Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.