Среда, 23 Октомври 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (32) II ДЕЛ

onomast1

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Нештинската ада е на Дунав, кај селото Челарево, на 22 км од Нови Сад. Етимолошки потекнува од зборот Νεστος или Νεσσος, nestos или nesos-младо парче, пиле, гнездо. Според Хесиод (Теогонија, 341), Нест бил син на Океан и Тетија, Кентаур, поврзан со митот Херакле и Дејанира

Големиот воен остров на устието на Сава и Дунав, е ада која во митологијата претставува персонификација на богот на војната, битките и воените беснеења на Ареј, син на Зевс и Хера. Етимолошки Ареј-Αρης потекнува од αρος, aros-несреќа, пропаст.

Ареј е еден од дванаесетте олимписки богови и имал натприродна сила. Негова татковина била Тракија, каде престојувал најчесто. Заради тоа Тракијците во античко време се нарекувале и Ареови деца.

Ареј како бог е персонификација на војната. Тој бил агресивен и не признавал никакви закони и правила, па заради тоа го мразеле не само луѓето, туку и боговите. Во Тројанската војна Ареј учествувал од страната на Тројанците за што говори и Хомер во „Илијада“ (II, 512 и понатаму).

Ареј бил почитуван во Атика, каде атинските регрути му се обраќале при полагањето заклетва. Исто така, го почитувале на Крит, Пелопонез, Илирија, Скитија и Мала Азија.

На големата кривина на Дунав, меѓу Белград и Панчево, постојат три ади и тоа: Ада Форконтумац, со размер околу 5 х 1,5 км, етимолошки е двочлена именка (првиот збор е Форкон, а другиот Тумац) персонификација на боговите Форкот, татко на Хесперидите и Електра.

Ада Чаклиан (етим. Kakos – лош) е персонификација на митолошкото чудовиште Како кој ги украл герионовите говеда од Херакле. Ада Острово е најголема ада на Дунав и се наоѓа помеѓу Дунав, Морава и Млава. Има должина околу 20 км, а ширина околу 4 км. Од копното е одделена со два крака на Дунав, во кои се влеваат реките Млава (Стига) и Могила. Адата е населена.

Според митологијата, најголемата ада е персонификација на богот на Подземјето, Хад, (`Αιδης, `Αδος, Hajdes, Hados), брат на Зевс (Δανθβιθσ). Таа се наоѓа таму каде што е подземниот тек на реките Стига, Кокит, Перифлегетом, (Пожаревачка или Могила) и Ахеронт (Batuša-бездна, провалија).

onomast2

Споменик на брегот на Дунав

Ада Кале (Еритија) (етимолошки εpuw – привлекува и θεια-божество, т.е. Ερυθεια) е речен остров на Дунав во Ѓердапската Клисура и í припаѓа на Романија. Тој е долг 1780 м. и широк 500 м. До неодамна бил населено со околу 500 жители, турски доселеници од XV век. Благодарејќи на високите карпи на Ѓердап, климата била медитеранска и се одгледувале смокви, маслинки, бадеми, мандарини, портокали и др. Со изградбата на Ѓердапската хидроцентрала жителите биле иселени, а островот бил потопен.

Називот на оваа ада потекнува од 1878 г., а се смета даке е со турско потекло и дека „ада“ значи остров, а „калех“ тврдина. Меѓутоа, спротивно на овие тврдења, ономастиката ада е од палеобалканска глосологија. Уште од античко време се знаело дека кој владее со овој остров ги држи клучевите на Дунав и дека тоа претставува дел од  „Железните врати“ на Дунав.

Во средниот век, за овој остров се грабале две поголеми империи: турската и австриската. Турците први изградиле тврдина во XV век, а потоа Австријците во XVII век изградиле помоќна тврдина под името „Каролина“.

Во српската историја Ада Кале влегла во време на Првото српско востание, во 1804 г. По ослободувањето на Белград, водачот на востанието Караѓорѓе му наредил на Станое Главаш прочуените по зло белградски дахии да ги однесе на Ада Кале и таму да ги убијат.

Островот Еритија и Герион се поврзани со митот за Херакле и тоа за неговиот десетти дел… Имено, на Херакле му било наредено од страна н а Еуристеја, господар на Микена, Тиринта и Мидеја, да го донесе на Пелопонез прочуеното Герионово стадо од Еритија, во близина на Океановата струја во Тартес. Богот Хелиј (`Ηλιος, персонификација на сонцето, светлото на денот, светлото на животот) му позајмил златна лаѓа, за во неа да дојде на островот на големиот џин. Кога стигнал до Еритија, песот Ортар јурнал кон него лаејќи. Херакле го убил песот и неговиот чувар Еуритион, но Хадовиот чувар на говедата го известил Герион. Господарот на островот го стасал Херакле на реката Антема (Аполодор, Библ. II, 5, 10).

Ада Циганлија се наоѓа на устието на Сава и Дунав, кај Белград, со должина 5 км и ширина 300 м. Нејзината ономастика асоцира на ПГВ на зборот Ι`ιγαυτης, gigantes.Во Хомеровата „Илијада“ (VII,59) Гигантите биле џиновски народ, додека кај Хесиод тие биле синови на Геј. Според Аполодор (Библ. I, 6, 1), Гигантите ги родила Земја во тракиска Флегра (Пожаревац). Во митологијата Гигантите биле многу високи и страшни џинови, со долги коси, црни бради и змиести опашки наместо нозе. Во Теогонија, побеснетите Гиганти, гневни што Зевс (Дунав) ги затворил нивните браќа Титани во Тартар (Ѓердап), подготвиле завера и без опомена го нападнале Зевс. Нивниот бунт е опишан како гигантомахија.

Во таа борба Гигантите дофатиле карпи и чамови факели кои ги фрлале на небото и ги загрозиле боговите на Олимп. Хера прорекла злобно дека ниеден од боговите не ќе биде способен да убие ниту еден од дваесет и четирите Гиганти, туку тоа ќе може да го стори само Херакле. Покрај Херакле учествувале Зевс, Атена, Хефест и други богови. Од натопената со крв земја, од Гигантите, настанале луѓе или разни отровни змии, животни и штетни билки. Гробовите на Гигантите биле поврзани со различни места, односно дека нивните тела лежат под некои планини, острови или карпи. Гигантомахијата била омилена тема и во сликарството од VI век пред Христа.

Продолжува

Dshko   Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.