Среда, 14 Август 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

jgkd1

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Јонците биле жители на Јонија, околу реката Халис (многу) во Мала Азија, на југозападниот дел, меѓу Карија и Лидија. Името потекнува од семитското Javani, еврејското Jâvnâ, а на елински lâfones. Меѓу 2500–2000 година пред Христа, јонските племиња се доселиле на островите на југоисточниот дел на Егејското Море, потоа на Крит, на источниот дел на Пелопонез (Лерна, Тиринт, Микена), во Атика од Сунион до Мегара и на островот Еубеја. На овие простори се измешале со староседелците, Пелазгите. Деловите на јужниот Балкан каде што се доселиле, го добиле името Јонија

Јонците со себе донеле бронза од малоазиските богати рудници, својата култура и јонскиот јазик, кој подоцна, со доаѓањето на Хелените, како дијалект станал составен дел на античкиот јазик. Атина еден период се нарекувала земја на Јонците, додека крал на Атина бил Јон. Тој бил познат по тоа што организирал четири племенски заедници. Херодот (VII, 94) за својот народ вели: „... додека Јоните живееле на Пелопонез, во покраина која сега се нарекува Ахеја, и тоа пред доаѓањето на Данај и Ксут на Пелопонез, со кажувањата на самите Хелени, се нарекувале Егијалски Пелазги, а името Јони го добиле по синот на Ксут, Јон.“

Значи, се работи за народ со нехеленско потекло, кој според Папаставро (1972, 17) мирољубиво се доселил од пределите источно од реката Халис во Мала Азија и учествувал во создавањето на „Егејската култура“. Хомер своите творби ги создал на нивниот јазик. Со селидбата на Дорците на просторите на Атика и Пелопонез настанал егзодусот на Јонците, во 1044 година пред Христа во нивната прататковина Јонија во Мала Азија (Томсон, 1954 г., 264), каде бил формиран Сејонскиот сојуз од дванаесет полиси, според бројот на градовите кои ги имале на Балканот. Подоцна, во VI век пред Христа, тие дале голем придонес во светската култура.

jzgv2

Хомер

Се смета дека неолитски жители на егејските острови Крит и Киклада биле доселеници од Мала Азија (Карци, Лелеги, Лиѓани) и Либија, т.е. од Африка, од преддинастичкиот период на Египет. Името на етнонимот го добиле по митскиот крал Миној, кој бил син на Зевс со Европа, ќерка на фенискиот крал Агенор. Миној живеел во херојски период, а него го усвоил кралот на Крит Астерион. Бил славен и праведен крал, добар законодавец и судија за душите кои се симнуваат во подземниот свет Тартар.

Бил современик на Персеја и Асклепија. Владеел со Крит три генерации пред почетокот на Тројанската војна, што го потврдува и Херодот (VII, 171) кој истакнува: „... а три генерации по смртта на Миној дошло до Тројанската војна, во која Криќаните му помогнале на Менелај и се покажале како големи јунаци...“

За Миној, Тукидад (I, 4) пишува: „... Миној е од оние за кои, според преданието, знаеме дека набавил бродови и завладеал со најголемиот дел од сегашното Елинско Море, загосподарил со Кикладските Острови и прв ги населил поголемиот дел од нив, ги истерал Караните (Пелазгите) од Атина и Атика и ги поставил своите синови за господари. Ги гонел гусарите од морето колку што можел, секако за да има поголема корист.“

Заради матријархатот, жената во општеството имала многу висока положба. Жените се занимавале со атлетика и со боречките вештини со бикови (тауромахија), со акробатика, лов, тркачки игри и др., тие биле вклучени и во производството, посебно керамиката, и се смета дека први иницирале производство на печена глина и амфор.

Еден од светите симболи на Криќаните била „двострана секира-лабрис и „минејски рогови“, пренесени од Мала Азија.

Најголема заслуга во проучувањето на археологијата на Криќаните има Артур Еванс (1903 г.) кој ги открил сјајот и величината на „Минојската цивилизација“, со што може да се следи историјата на Крит. Според него, праисторијата на Крит почнува уште околу 14000 години пред Христа. Минојскиот период Еванс го дели на три периоди: раноминојски, 3000-2100 г. пред Христа, средноминојски, 2100-1600 година пред Христа и доцениминојски, 1600-1200 година пред Христа, кога завршува периодот на критско-микенската култура во Егејот.

jdkz3

Минејско живеалиште

Раноминојската култура ја обележувале споменици на архитектурата (кружни и четвороаголни куќи), гробови во облик на ковчези или семејни гробници, оружје, керамика, пластика, накит и штембили. Средноминејскиот период го чинеле величествени палати на кат со многу одаи во вид на лавиринт, кои не биле обезбедени со бедеми. Потоа, столбови (често со симболи на двојна секира „лабрис“, оттаму и лавиринт), фрески со полихромни слики кои претставувале риби, делфини, „берачи на шафран“, „госпоѓи во сина“ итн.

На Кикладите била карактеристична нехомогеноста и заедно со Крит претставувале значајна алка во синџирот на поврзување на праисторискиот Балкан со Истокот. Минералното и рудното богатство на Кикладските Острови, уште во раноминојскиот париод, со бродови стасувало на Крит, Кипар и сé до Египет. Типични биле кикладските идоли на женски фигури од мермер, но и садови и предмети на морската трговија.

Она што е најважно за истражувањата на Еванс и на подоцнежните истражувања, се 1600 таблици од глина. Од нив се гледа дека Миноите употребувале три начини на пишување. Прво било хиероглифското писмо внесено преку Египет („свештенски питограми“) и Лувија од Мала Азија. Со ова писмо се служеле во средноминојскиот период (2100-1850 година). Следно било линеарното А писмо, со кое пишувале од 1650-1400 година.

Следи линеарното Б писмо кое се користи од 1450-1200 година пред Христа во периодот кога престанала критската доминација во егејскиот свет, кога Крит бил окупиран од Микена. Најновите археолошки истражувања на островот Тери (Сандорини) и на Крит откриле една нова „Помпеја“ која претставува вистински рудник на материјалната култура за археолозите во следните векови.

 Продолжува

 ShkoD    Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.