Среда, 08 Мај 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (8)

papa1

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ I) 

Многубројните митови говорат за врските на Хиперборејците со останатиот митолошки свет, а пред сé со центарот на аполоновиот свет. Според легендата, Хиперборејците на Дел (корен:di, dios-бог, а, исто така, deelos и dilos-очигледен) пратиле две девојки Хиперборејки, во придружба на пет свои сограѓани, да однесат заветени подароци завиткани во слама

Тие девојки биле Хипероха (hiper-ocha- високо достоинство) и Лаодика (laos-народ и diki-праведна). Бидејќи девојките на островот умреле, а придружниците не се враќале, Хиперборејците во наредните години ја промениле маршрутата и даровите им ги носеле на Скитите за нивните соседи да ги пренесат понатаму до Јадранското Море.

Оттаму, преку епирската Додона (најголемото Зевсово светилиште), островите Еубеја и Киклатските Острови, ги носеле на Дел. Хиперборејките Хипероха и Лаодика биле погубени во Артемидиниот храм, каде биле погребани и нивните сонароднички Арга и Опида. Во спомен на Хиперборејките, девојките и момчињата од малиот остров Дел, пред венчавањата ставале прамен од својата коса на нивните гробови (Херодот, IV, 33-35).

Во малата општина на Атика во Пазијаца е Аполоновиот храм. „Велат дека таму стасуваат првите плодови на Хиперборејците, дека Хиперборејците им ги предаваат на Аримаспите, тие, пак, на Иседонците, а  од нив Скитите ги праќале во Синопа, откаде Хелените ги пренесувале во Празија, а Атињаните ги праќале на Дел. Првите плодови биле покривани со пченична слама и никој не смеел да ги види.“ (Паусанија, I, 31)

Пиндер (Олимпија, III, 31) тврди дека само неколку смртници доспеале во земјата на Хиперборејците, освен божицата Атина, која го однела Персеј, аргиски херој, крaл на Олинт и Микена, откако ѝ ја отсекол главата на Медуза.

Меѓу посетителите на Хипербореја бил и Херакло, син на Зевс и Алкмена, најславниот елински јунак. Прогонувајќи ја срната на Артемида, со златни рогови, стасал далеку на север, сé до реката Истар (Дунав), кај Хиперборејците. Живеел зад ветрот на Бореја и оттаму ги пренел прекрасните маслинки во Олимпија на Пелопонез. Роговите од срната ги посветил на храмот на Артемида. (Паусанија, V, 7)

papa2             

Поетот Олен од Ликија, прв во својата химна за Ахеја (која тагува, придавка на божицата Деметра во Африка) рекол дека Ахеја дошла на Дел од Хиперборејците. Потоа Меламп од Кума, во одата за Опа и Хекаерга пеел дека тие дошле на Дел од Хиперборејците пред Ахеја (Паусанија, V, 7). Истиот автор понатаму тврди дека основачи на Делфинското пророштво биле Хиперборејците (V, 5): „Беа, жена од тој крај, која за Делфијците составила една химна, рекла дека пороштвото на богот го основале оние кои дошле од Хиперборејците: Олен и други; дека Олен прв почнал да претскажува и пее во хексиметарۥۥ. Ова се стиховите на Беа:

Ова пророштво кое добро се сеќава на сé,

го основале Хиперборејците Пaгаз и прекрасниот Агијеј“.

Наведувајќи и други Хиперборејци, на крајот на химната го споменува Олен:

„И Олен, кој прв во Феба (Аполон) станал пророк

Од стихови стари составил прв песнички“.

Следни гости на хиперборејските храмови биле Клинид и Крез (Antoninus Liberalis, II-III, век пред Христа, во Metamorphosis). Кленид (Kleinos-славен, светол, племенит) бил богат и побожен жител на Месопотамија од околината на Бабилон и бил многу познат како почитувач на Аполон и Артемида. Тој често доаѓал во храмот на хиперборејскиот Аполон, каде видел дека на богот му се жртвуваат магариња. Подоцна него Аполон го претворил во еден вид орел.

Побожниот Крез (560-546), кој бил последниот владетел на моќната држава Лидија во Мала Азија и најбогатиот владетел на светот, ја доживеал честа да биде гостин на блажениот хиперборејски народ. Митовите за Хиперборејците биле омилени и во Италија, меѓу Питагорејците (Dionisius Helicarnassensis, околу 30 год. пред Христа во Antiquitates Romanae I, 43). Питагора (околу 550 год. пред Христа), филозоф од Сама, себеси се сметал за инкарнација на хиперборејскиот Аполон.

Покрај тоа, се сметало дека кралот на Лација во Италија, по име Латин (Latinus) и епонимен херој на Латините роден од љубовта на Хиперборејката Паланта (кованица: pallo-ниша и anthos-цвет) и Херкул. Тој Паланта ја донел од Хипербореја во Лација како заложник и пред таа да се омажи за кралот Фаун, го родила синот Латин.

За Хипербореецот Абарид (кованица од a-негација и varis-тежок, т.е. avaris-лесен, неоптоварен, Херодот (IV, 36) истакнува дека не земајќи храна, со стрела во раката ја обиколил целата земја. Паусанија (III, 13), опишувајќи ја историјата на Спарта од мистичниот до хеленистичкиот период, како и нејзините споменици, пишува дека храмот на Кора-Спасителката го изградил Абарид, кој дошол од земјата на Хиперборејците, односно на Тракиецот Орфеј. Исто така, за Абарид се раскажува дека бил чудотворец и пророк (Пиндар, 522-446).

Исто така, се верувало (Херодот, IV, 13 и понатаму) дека волшебникот и поет Аристеј (aristos-најдобар) од Проконез на Мраморното Море, околу 540 год. пред Христа, седум години ги минал со Аполон во земјата на Хиперборејците, а бил син на Аполоновиот свештеник Каустробиј. Во своето дело „Аримасписки песни“, Аристеј ги опишал земјите на Иседонците и Аримаспите и дал податоци за Хиперборејците. Исто така, се смета за еден од авторите на теогонијата. Како крал на Хиперборејците се спомнува Забил (кованица: za-многу и via-сила, телесна сила). (Stеphanos Biz.: Galeoti)

Неговата ќерка Темисте (Themistevo-да се дели правда), со богот Аполон ги добила синот Галеот (Galeotis, од galeo-морско куче, односно риба сабјарка). Тој, пак, со Хиперборејката Телмиса (кованица од: thelo-зема, решителен и misos-омраза) отишол во прочуеното светилиште во Додон на консултации. Тамошното пророштво им наредило еден да тргне на исток, друг кон запад и да се населат на местото каде што орел го украл месото на жртвуваното животно. Темис отишол на исток во малоазиската Карија, каде што се задржал, додека Галеот тргнал кон запад до Сицилија, каде се населил засекогаш (Срејовиќ, Цермановиќ-Кузмановиќ, 1992 г., 90).

papa3

Херакле

Хипербореецот Лаодок (кованица од laos-народ и докео, doksa-слава) е јунак кој заедно со Пир и Хиперох го одбранил Делфиското светилиште од Келт, 279 год. пред Христа (Паусанија X, 23,2).

Што се однесува до земјата на Хиперборејците, таа била многу богата со злато (реката Мајданпек), кое го чувале митски птици со големина на волк, Грифони-Грипес (grips-gripos). Грифоните биле волшебни птици со четири нозе, чувари на златото на Хиперборејците. Тоа биле суштества кои во себе ги спојувале најсилната птица-орелот и најсилниот четвороножец-лавот и биле симбол на најголемата животинска сила. Најчесто се поврзувале со Аполон, Дионис или Артемида и биле чувари со божествена сила и постојана будност (Херодот, IV, 13).

Од кажаното може да се заклучи дека Бореите и Хиперборејците (Северци) биле многу присутни и познати не само во митологијата на античкиот свет на Балканот, туку и во теогонијата, историско-општествените случувања, комуникациите и др. Херодот (IV,32) ги лоцирал северно од планината Бореј, подоцна Хемос и Балкан и југозападно од Скитите и Исидонците, значи негде во Подунавјето.

Меѓутоа, во египетските споменици како народи од „север“ не се наведуваат Хиперборејците, туку Дануните. Значи, тие се јавуваат и пред Хомер (VIII век пред Христа), уште во 1400 г. пред Христа, во документ од Дел Ел Амара, заедно со народите под имињата Шакалаши и Сардани (Childe, 1926 г., 63,72). Шакалашите веројатно биле скитско племе Саки, додека Шарданитите биле Лиџани Сарди, подоцна жители на островот Сардинија во Медитеранот.

Sh Donco slave 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Истрагата не смее да заврши само со Боки 13 и Зоран Милески Кичеец

Аферата со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја прак...

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.