Среда, 26 Декември 2018   
Александар Македонски (64)

Александар Македонски (64) 

ale1

ПТОЛОМЕЈ I НЕ ГИ СМЕСТИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ ВО АМОН, КАКО ШТО БЕШЕ ЖЕЛБАТА НА АЛЕКСАНДАР,  ТУКУ ВО МЕНФИС, А ПОТОА ВО КРАЛСКИОТ ДЕЛ НА АЛЕКСАНДРИЈА

Кралството на Птолемеј беше мало по големина во споредба со тоа од Селеукидите, но беше цврсто и строго централизирано. Природата непобитно го направи Египет негов центар и имаше огромно природно богатство. Поттикнати од тоа, првите Птолемејци ја проширија својата моќ, освојувајќи ги Кирена и Кипар, како и Јужна Сирија, населувајќи се на јужниот и на западниот брег на Мала Азија се’ до Тракија. Главна цел на нивната политика беше да го контролираат морето на источниот дел од Медитеранот и така да имаат водечка улога во меѓународната политика, a со својата трговија да доминираат во светот.

Во кралството на Селеукидите не беше можна ваква централизација на државата како што беше во Египет, бидејќи таму живееше само еден народ, Египќаните. Селеукидите, пак, беа владетели на разни раси како што беа Семитите, Анатолијците и Иранците. Дури и Александар Македонски постапуваше различно со различни делови на државата, со почитување на нивните особености и традиции, па веројатно и Селеукидите го правеа истото.

Но, тие не беа доволно силни за да ја одржат империјата. Наскоро, некои делови се одделија, прво Индија им беше одземена од Кандрагупта, основачот на Муријанската династија, кој ги обедини регионите на реките Инд и Ганг во една голема држава. Потоа, во третиот век пропаднаа Бактрија, Партија, Галатија и кралството на Пергамум, а подоцна и еврејското царство на Хасмонанците.

Ниту државата на Птолемејците, ниту онаа на Селеукидите не беше национална држава. Тие беа територијални држави, во кои античката македонска династија, потпомогната од античките Македонци и античките Грци владееше со над милион ориенталци. Луѓето немаа право на кралско државјанство. Само третата голема сила, Античка Македонија, може да се опише како национална држава, бидејќи античката македонската династија владееше со предоминантниот антички македонски народ.

Овој начин на владеење покажува посебна моќ, особено кога ја споредуваме Античка Македонија со двете други сили, моќ која беше искажана и со својот единствен воен систем. Тоа беше причината поради која Римјаните гледаа во Античка Македонија најопасен противник на Исток.

ale2

Напорот да се одржи наследството на Александар Македонски особено доаѓа до израз кај Птолемеј I. Тој инсистираше посмртните останки на Големиот крал да се пренесат во Египет, но не го смести во оазата на Амон, како што беше желбата на Александар, туку во Менфис, од каде што беше пренесен во величествена гробница подигната во кралскиот дел на Александрија. Птолемеј, чија посебна длабока почит кон Александар Македонски е очигледна во неговите мемоари, бара да добие ексклузивно одобрување и благослов за своето кралство дека е произлезено од лизата на Александар Македонски.

Во Александрија, каде што според античките поими херојските почести се направени заради Големиот крал, како основач на градот, и поради други причини, тој направи култ од Александар Македонски, чиј едногодишен свештеник беше епоним за целото кралство. Во текот на целиот период на Птолемеј, античките грчки и демотичките документи датираа не само од годината на кралот, како што тоа беше обичај во Египет, туку и од годината на овој свештеник на Александар Македонски.

Од почетокот Селеукидите и Птолемејците имаа за цел да привлечат колку што е можно повеќе античко македонско и античко грчко население во своето кралство. Само на овој начин тие можеа да се здобијат со рамнотежа среде ориенталските маси. Селеукидите ги заштитија своите потчинети, според моделот на Александар Македонски, со изградба на бројни градови со античка организација.

Селеук I и неговиот син Антиох I се меѓу најголемите колонизатори во светската историја. He само во Мала Азија, каде што Антигон беше нивни наследник, туку особено во северна Сирија, тие спроведоа обемна програма за изградба на градови, па како резултат на тоа една „друга Античка Македонија" се издигна во овие делови. Понатаму кон исток можеа да се најдат исто така нивни градови. Тие беа многубројни со Месопотамија, а најмногу во Источен Иран, каде што Александар и им го покажа начинот за изградба на градови.

Од воен аспект, меѓутоа тие започнаа да градат многу воени колонии кои, бидејќи беа селски општини, немаа градска организација. Птолемејците следеа поинаква политика. Во нивното надворешно присвојување, како што беше, на пример, во јужна Сирија и на други места, изградија антички градови, но во самиот Египет, го изградија Птолемај во Горен Египет, чиј основач беше Птолемеј I, единствениот антички град што тие го приклучија кон Александрија и Наукрат. Обратно, тие ја следеа интензивната внатрешна колонизација со населување на античка македонска и античк грчка војска во селата со пренесување на правото на сопственост на земјата.

Владеењето на Селеукидите и Птолемејците беше неограничено, како кога беше на власт Александар Македонски со сета своја моќ како крал на Азија. Тој, всушност, за нив беше модел. Според преседанот што тој го направи за нив, главно, како за елинистички кралеви, обичниот амблем на кралската моќ беше дијадемата, оригинален персиски симбол. Во случајот на Птолемејците имаше посебна разлика, поради фактот што во очите на нивните египетски потчинети тие беа фараони.

Според тоа, веднаш по станувањето крал (305) Птолемеј I, следејќи го примерот на Александар Македонски, ја зеде за себе египетската кралска титула што му беше понудена од свештениците, со која беше изразен египетскиот култ кон кралот (како Хорус, како син на Ра итн.) - Слично на тоа, сите Птолемејци до крајот на династијата беа претставени на египетски споменици како божествени фараони. Селеук I, a и неговите наследници, како и Александар Македонски, вавилонците го сметаа за нивни посебен крал, иако во овој случај немаше божествен култ што го спојуваше со монархијата.


ale3Погребната кола на Александар Македонски

Овој апсолутизам беше ограничен од античките Македонци со фактот што Селеукидите и Птолемејците, повторно следејќи го примерот на Александар, не ги намалија правата на собранието на античката македонска војска. Подоцна, бидејќи античките Македонците се изменија под источното влијание, оваа институција стануваше се понезначајна.

Природно, со поголем ефект беше зачувана во Античка Македонија. Од друга страна, пак, апсолутизмот, во сите случаи номинално, не им беше наметнат на античките Грци, па така на многумина им беше дадена слобода и автономија. Но, всушност, кралската власт во различни форми и степени сепак се мешаше во владеењето на овие градови.

Независно од ова делумно ограничување, овој елинистички апсолутизам кон сите потчинети понесе обоеност од таканаречениот „расветлен апсолутизам", кој го смета како кралска обврска црковниот приход на нацијата. Писателите од поново време се склони да ги одобрат овие елинистички монархии, но притоа не треба да се загуби од вид дека Александар Македонски имаше незгоди при првото влегување во Азија, за да ги смири освоените народи и да ги потчини на новиот режим, оставајќи ги во сила колку што е можно повеќе нивните стари уредувања и споделувајќи ги нивните традиционални расни особености.

Слободно може да се рече дека тој ја воведе оваа фундаментална концепција на владеење. Меѓутоа, додека тој во овој случај беше во спротивност со својот тутор Аристотел, неговите наследници беа поведени од филозофските доктрини на „расветлената" концепција на кралската служба. Ваквите пропозиции беа повеќе разгледувани во расправите за „монархијата". Филозофското влијание најјасно може да се смести кај Антигон Гонат, синот на Деметар, кој го формира антигонидскиот ред во Македонија. Тој студираше во Атина кај Зено, основачот на стоичката школа, а во текот на своето долго владеење ги постави во практиката стоичките идеи.

Неговата теорија за кралските обврски е одразена во славната изрека дека монархијата е „величествена услуга", фраза која точно е аналогна на изреката на Фредерик Велики дека „кралот е првиот слуга на државата". Односите на Птолемејците и Селеукидите кон филозофијата на нивниот период беа многу помалку цврсти, а затоа пак киничките и стоичките идеи изгледа влијаеја и врз нивниот концепт за должностите на кралот.

Првите големи кралеви на овие династии многу сериозно го прифатија извршувањето на своите обврски. Во случајот на Птолемејците, во детали може да се следи начинот на кој преку дневната работа тие бараа правичност во задачите на кралот со неограничена монархија. Товарот на аудиенциите мора да бил огромен; секој, па дури и селанецот, можел да се појави пред кралот преку водителите на судовите на правдата.

Поради тоа, совесниот работник Момсен ја споредуваше монархијата на Лагидите со онаа на Фредерик, од што, тој вели, не беше далеку од своите фундаментални карактеристики. Во интерес на повисоката администрација, дневната јавна работа на кралевите мораше да биде документирана. И овојпат, Александар Македонски беше тој кој го даде примерот. Тоа беше направено по неговиот модел на дневни документи, според кои Птолемејците и други елинистички владетели имаа свои дневни акции, забележани во официјални весници.

За да се заокружи нашата карактеризација на елинистичката монархија, има уште еден многу важен дел со кој се објаснува култот кон елинистичкиот крал. Тоа нема ништо заедничко со гореспоменатиот египетски култ на Птолемеј како фараон, ниту пак се релевантни други ориенталски цели и традиции, како што понекогаш се претпоставува.

ale4Птоломејски Египет

Повеќе личи на издигнување на античките грчки идеи на апотеозата за Александар Македонски, иако не треба да се тргне од моделот на Александар. Овој факт што постепено се развива во втората генерација по Александар Македонски ја забранува ваквата директна врска.

Во својот целосен развиток тоа беше нешто сосем различно од апотеозата на Александар: култот на елинистичкиот крал стана официјален култ на државата и беше поврзан со античките Македонци и со античките Грци, како и со Ориенталците,   каде   што   Александар Македонски   никогаш   не воведе државен култ на својата личност, а неговата апотеоза беше заведена само во градовите на Коринтската лига.

Затоа, имајќи ги предвид овие елинистички кралеви, може да се зборува за една божествена монархија на кралство, но не, како што често се сфаќа, во врска со Александар Македонски. Сепак не е погрешно да се рече дека апотеозата на Александар беше историска претпоставка за овој различен вид на култ на елинистички крал, а врши директно влијание врз неговото потекло.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Да го поразиме Заевизмот

Христијан Мицкоски

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.