Четврток, 27 Септември 2018   
Александар Македонски (51)

Александар Македонски (51)

gradot susaГРАДОТ СУСА – ПРИСТАНИШТЕ, МЕСТО НА СРЕДБИ И РАЗДЕЛБИ

Во тие моменти Александар Македонски му рекол на Неарх: „Ти и Архија во секој случај сте спасени. Тоа е утеха во мојата голема несреќа. Но, како загинаа бродовите и екипажот?" Кога Неарх одговорил дека флотата и луѓето се здрави и живи, Александар Македонски заплакал уште повеќе, a ce заколнал во Зевс на Елините и во Амон на Либијците дека се радува на оваа вест повеќе отколку на освојувањето на цела Азија. Мора да му се изрази благодарност на Неарх за прикажувањето на оваа импресивна сцена, која се случила насамо, при што ни ја пренесува хуманата страна на Александар Македонски.

Била одржана голема веселба. Благодарни понуди за спасувањето на флотата му биле приложени на Зевс спасителот, на Херакле, на Аполон спречителот на злото, на Посејдон и на сите богови на морето, a повторно биле одржани музички и гимнастички натпреварувања. Кога поворката доаѓала, Неарх бил на чело, а радосната војска го затрупала со цвеќиња и панделки. Тој бил херојот на денот.

Само по барање на Неарх Александар Македонски му дозволи да ја командува флотата на растојанието до Суса, бидејќи тој се противставуваше да го изложи својот пријател на повторна опасност на морското патување. Така Неарх го продолжи своето патување. Хефестион беше определен да напредува со поголемиот дел од војската и со слоновите кон Персија откај јужниот пат, каде што можеше да се најдат многу прехранбени производи. Александар Македонски со лесни единици и со кралските следбеници тргна по посеверниот пат директно кон Пасаргада, каде што стигна во почетокот на 324 година.

Повеќе од пет години изминаа откога првпат ја посети Пасаргада, тогаш сé уште како главен командант на Коринтската лига, сакаше да го најави крајот на панелинистичката експедиција. Тој се врати како највисок голем крал на Азија, кој отиде многу подалеку од границите на Ахеменидската империја, ја покори Индија до утоката на реката Инд и дојде до крајот на населениот свет. Освен битки и победи тој имаше и многу остри судири со своите блиски пријатели.

kiril velikiГробот на Кир Велики

Најгорчливото искуство беше тоа што само неколкумина од неговата свита го разбираа и ја одобруваа неговата политика, која стана доминантна во неговите мисли и требаше да го прави строг и претпазлив. Тој морал да почувствува олеснување на душата кога толку плачел при средбата со Неарх. Александар Македонски имаше строг и суров став во Карманија кога се соочи со веста за непослушноста меѓу некои кралски службени лица.

Колку повеќе доаѓаше кон Запад, толку помногубројни беа извештаите за тоа дека, поради неговото долго отсуство, неколкумина од неговите намесници, со надеж дека нема пак да се врати, потпирајќи се врз лошите гласови дека е убиен, ги пљачкале храмовите или ги угнетувале неговите потчинети. Крајно време беше да се врати назад и да ги стави под своја контрола.

Тој ги стави во окови непослушните, така што со остри казни сакаше да ги опомене оние што го следеа таквиот лош пример. Баријакс, кој беше доведен кај него во Пасаргада во синџири од медијанскиот намесник Атропат, беше убиен со сите свои следбеници, бидејќи ја имаше ставено тијаранската круна на глава на кралски начин и ја присвои титулата Голем крал на Медес и на Персија.

Александар Македонски беше исто така многу разлутен кога повторно го посети гробот на Кир Велики и ја најде комората на гробот ограбена и растурена, а трупот извлечен од мртовечкиот сандак. Александар Македонски ги мачеше Магијците кои беа одговорни за тоа, но бидејќи не можеше да се докаже вината, ги ослободи, а го определи Аристобул да ја поправи штетата. Тој, во својата историја за Александар Македонски, дава извештаи за овој инцидент со многу вредни описи на зградата што се уште постои и за тогашната состојба.

Фрасаорт, овој човек го присвои намесништвото на Перс, а сега беше докажана вината за пљачкосувањето на кралските гробови и свети места и без испитување уби многу Персијци. Пеукест беше назначен за намесник во ова место. Изгледа дека тој беше најпогоден да биде во лулката на персиската нација, бидејќи само тој од античките Македонци ја прифати медијската облека и персиските обичаи, а го научи и персискиот јазик.

aleksandar1Алексабдар Македонски ја напушта панелинистичката идеја

Аријан пренесува дека Александар Македонски сериозно се загледал во урнатините на дворците во Персепол што пред тоа го запали, a co што не се гордееше. Безволно се потсети на жртвувањето на овие прекрасни зданија за панелинистичката идеја, со цел да се одмазди за злосторството на Ксеркс. Колку туѓи му беа сега овие размислувања. Колку тој се грижеше за панелинистичката идеја што еднаш ја прифати со ентузијазам, самиот ја спроведе, а потоа засекогаш ја напушти?

Бидејќи потоа ја следеше само својата втора задача, освојувајќи ја Азија за себе и за античката грчка цивилизација, некој може да сфати колку жалеше што не ги остави овие горди споменици на своите претходници, сведоци на големата култура постигната од старата Ахеменидска империја.

Од Персепол Александар Македонски отиде во Суса. Кратко пред да дојде во градот (околу февруари 324 година) го сретна Неарх и неговата флота на понтонскиот мост преку кој неговата војска требаше да премине во Паситигр. Неарх успешно пловеше по должината на Персискиот Залив до утоката на реката Еуфрат, а потоа на веста дека Александар Македонски се приближува отиде кај мостот во Паситигр.

Таму дојде до голема радост од повторното спојување на војската и екипажот од бродовите, кои не беа видени меѓу себе откако ја напуштија Индија. Беа приложени жртви на боговите во знак наблагодарност за зачувувањето на флотата, а беа одржани и игри. Неарх, кој повторно беше закитен со цвеќиња и панделки, од Александар Македонски доби највисоко признание во вид на златна круна, а и Леонат доби такво признание за победата над Ореита.

Откако и Хефестион им се придружи, на победничката војска и беше даден долг одмор во Суса. Тогаш, ако не порано, под титула Хилијарх, што тој ја носеше како полковник на првата хипархија на кралските следбеници, на Хефестион му беше доделена функцијата персиски голем вазал, така што тој официјално беше веднаш по кралот.

Исто така, и во Суса втасаа вести во врска со нередите во империјата. He само што ориенталскиот намесник на источниот дел го искористи долгото отсуство на кралот, туку македонските намесници на Запад ги пречекорија своите права со назначување на голем број луѓе во служба. Александар Македонски веднаш нареди тие лица да се отпуштат од работа и со други поостри мерки го обнови поредокот.

Само еден од овие виновници успеа да избега од судот на правдата, стариот пријател од неговата младост, Харпал, кого го имаше оставено во Екбатана во 330 година како кралски благајник, а кој подоцна отиде во Вавилон земајќи го со себе богатството. Колку подолго Александар Македонски отсуствуваше, толку побесрамно тој го користеше неговото богатство во својот расипнички живот.

Тој живееше многу бурно со блудницата Фитионика. Кога таа умре, тој изгради храм и го именува според нејзиното име „Фитионика Афродита", со елинистичка голема почест. И не само во Вавилон, туку и во Атина, на Светиот пат до Елеус, плати многу таланти за да се изградат многу скапи споменици за неа.

Подоцна, Харпал едно време живееше во кралскиот замок Tape co друга Атињанка, Глицера, и ги тераше луѓето да и прават метании како да е кралица. Овие срамни лакрдии беа прекинати со враќањето на Александар Македонски. Бидејќи Харпал не се надеваше дека ќе му биде простено, единствен излез беше да избега.

Тој ги искористи побунетите од Атина против Александар Македонски, a користејќи ги неговите пари, побегна накај Античка Грција со триесет воени бродови, со војска од 6.000 наемници што стапија кај него и со капитал од 5.000 таланти земени од благајната. Сето тоа беше причина да претрпи многу големи последици.

hafionХефестион

Bo текот на овој престој во Суса, кој траеше повеќе месеци и во пролетта и летото на 324 година, требаше да бидат преземени извесни акции од Александар Македонски, во кои дојдоа до израз мислите што узреаја во неговиот ум во врска со политиката во Азија и во врска со неговнте односи со Античка Грција.

Од една страна, беше таканаречената масовна женидба во Суса, а од друга, барањето упатено на античките Грци да му се оддава голема почест и декретот за „простување на прогонетите".

Бракот со Роксана беше прво најавување дека за војнички потреби ќе се избираат Персијци и други Иранци, а под влијание на своите развиени планови за доминација во светот, кај него се разви идејата дека овие нации треба да се спојат со античките Македонци во доминантен народ, кому тој ќе му ја довери одбраната на својата Азискоатичка империја, за која неговите антички Македонци сами не беа доволни.

По успесите во Индија, колку што беше преокупиран со планот за доминација над светот, толку повеќе изгледа стануваше мошне заинтересиран за спојување на нациите. Тука треба да се забележи, иако тоа често се нагласува, дека Александар Македонски немаше цел да создаде универзален свет на побратимство, туку чисто мешање на неговите антички Македонци со Персијците, со нацијата што дотогаш владееше и со Медејците нивни роднини, како и со другите Иранци, но не со Семитите, Анатолијците, Египќаните и со другите раси.

Продолжува

slaveПишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Црно време!

Црно време! Неразјаснети убиства. Газење на народот и државата. Промена на име. Сиромаштија. П...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.